четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Колумни

И по Рашко, Зоче…

И по Рашко, Зоче…

Не радувај се кога мечката игра во дворот на комшијата, велат старите. А што правиме кога истата таа мечка игра ли игра во дворот на твојата довчерашна „десна рака“ и ген-сек? Пораката е повеќе од јасна. Мечката е многу блиску до тебе, затоа што и раката, лева или десна, ти е дел од телото… А, што ако твојата „десна рака“ е во затвор? Хмммм…

Епа, логиката вели дека десната рака е составен дел од твоето тело и дека е најлогично „у свет“ и ти да бидеш онаму каде што е и таа. Во затвор? Да, Зоче, во затвор…

Уште по-епа, Рашковски е таму каде што е, во Шутка. А, случајно, временски се’ се погоди со протестот за неправедно затворените патриоти од 27 април. Рашко отиде во Шутка, а тие останаа и се во истата таа штипска зандана токму поради шефот и побратимот на новопритворениот, шеф кој сега се прави недоветен и не се сеќава на дејанијата на десната му рака? Небаре, Рале правел милиони без Зочето да знае за тоа? И без евро-провизија? Хммм, тешко, нели…

Пустиот доктор на квадрат крај м-р ЗЗ, стана порака на две нозе. Жив урнек: „Што ќе ви се „деси“ ако премногу се заиграте со Зокија?“ Да, тој беше првиот совозач на моторетки и квадови со до ден-денес неизживеаното Зоче. Сефте сликитеод мото-авантурите на ЗЗ се со Рашко, саде две години пред Зоче за пример да го „стрпа“ ДР во ќорка. Порака во шише?

Јок, муртинското другарче не знае да спакува такво нешто, ова е ачик казна за довчерашниот совозач. Ок, тука и паднаа во моторџискиот свет и покажаа дека се далеку од моторџии. Моторџиите се браќа, во добро и во лошо, блеферите ко ЗЗ и ДГ се местат, во лошо најмногу, а во добро се демек другарчиња, нели…

Само, една работа ме мачи. Како тоа на Вени и Мухи не им текува што ги чека со Зокија? Новиот ген-сек, имал или немал школо од Штул, треба да се сети на стариот ген-сек на кумот му. И каде е тој и зошто таму заврши. Ај Мухи, може и не е школован, ама дечкото со две имиња, Филипче, е лекар, башка добар, па треба  да сфати дека Зочевата дружба има тешки нус-појави, од кои првата е Шутка, а  втората Идризово. Докажано…

Туку, крајно време е и за размисла од Зоче, за сефте макар, лик кој, барем според се’ поналудничавата фацијална експресија, полека но сигурно сфаќа дека не е црпнат за да биде позитивен лик во историјата. Судбината на „десната рака“ го чека и телото, нели. Ок, можеби и не им верува на Македонците, но тука се и пораките на Транспаренси, Франс прес, Економист, Фридом Хаус, Репортери без граници, Галуп, Списание за демократија (USA), ГРЕКО, УНЕСКО и останатите странски „ластовички“ во северниот протекторат кој некогаш беше државата Македонија, сите повеќе од  јасни. Да, сите во хор велат – време е Зоки ДА СИ ОДЕ. На муртински, за да разбере пустиот полиглот…

Не верувате? А, малку ли ви беа и 15-20.000 македонски ластовички кои долетаа на 25.април? Не, ни Вардар не ве пере, факт. Но и не бадијала е ВАРДАР, или црна река. А не е ни така црн, нели? Не, ама цела историја, одвреме–навреме носел и носи „црнила.“ Каде и да е, ќе ги однесе и вашите северни глупоштии. Знаете, многу добро, дека во претставата „Македонија“, која се игра на „отворено“,  влезот е слободен, а излезот се наплаќа. Скапо…

Коронавирус