понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 176
home Колумни

И по Рашко, Венко. А Зоче?

И по Рашко, Венко. А Зоче?

Велат дека старите кучиња не можат да научат нови трикови. Јок. Не е точно. Видете ја само новинарско-експертската ергела на Заевци, сурија која направи кариери плукајќи, гризејќи и черечејќи луѓе на правдина. Без проблем се трансформираа крвопиите, па сега бранат ли бранат, се лигават, паѓаат во транс чуварски. Од епопеи, преминаа на  љубовни сонети поетите… Ви текнува на оној виц кога на функционер на СДССС му правеле операционен зафат, па при клистрирање си нашле тројца познати творци на јавно мнение. Епа, ова е време кога сфаќате дека и на стари години питбул териерот може да стане и овчарски пес, па наместо саде да напаѓа, знаел и да чува и брани. За пуста пара, да, иако неодбранливото не се бранело…

И арно за нив, сфатиле пустите дека сега мораат да го бранат стопанот Заев, затоа што знаат дека ако неговото прво другарче и втор човек во СДССС падне, следен паѓа ЗЗ, а по и со него ќе паднат и тие. Истото го разбраа и директорите на ЈЗУ. Сите сфатија, но само еден човек не разбра, а? Не сфати ли со кого си има работа? Филипче ли е единствениот кој не сконта  како завршуваат другарчињата на ЗЗ? Толку ли е тешко да ти текне дека кој со ѓаволот тикви сади…?!?! Да не се лажеме, си знаел фокусираниот неимар на хациенди, многу добро, ама се надевал дека некако ќе куртули од одговорност. Џа или бу. И би бу…

Очебијно, има нешто во црпнатото чедо, кое знае да си ја избере својата околија. Ко магнетче за сомнителни фацулиња е. Но, на Венко не ли му „светна“ како заврши првиот мото-совозач на Зоче? Да, оној генералниот секретар и најдобро другарче Рашко, побратим со кого со „квадови“ на четири тркала ораа по Македонија? И со цел ум Филиче се нафати да биде следниот кој со моторите и Заевче ќе ја кружи државата, нејсе што истите тие денови по 30 души умираа од ковид-19 по македонските болници?

А, каде исчезна едно друго другарче, соселанец на Заев? Аха, каде исчуре муртинецот Дончев, оној кој го видовме како брои илјадници евра? Или женските посестрими и протежеа на Зочето, Катица Јанева и Лидија Димова, што стана со нив? Првата уживателка во рекет и торбулиња  си уживка во најновата измишљотина „домашен затвор“, а за другата вљубена во магариња и фризерници нема абер од разрешница на случајот?

Биле транспарентни и имале интегитет??? Ццццц, да, навистина сте проѕирни, не сте ја разбрале транспарентноста, ама ич, а интегритетот ви е само партиски, со „воршип“ и идолатрија кон Зоче и џебот ви.

И уште една работа. Премногу луѓе живи изгореа, премногу семејства зацрнивте и пред тоа, а сведоштвата за катастрофалните услови и вината се множат. Во превод, со оставка не минувате. Или, како викаше црпнатото чедо кога изигруваше Бошко Буха и „бомби“ пушташе? ТИК-ТАК, ТИК-ТАК, ТИК-ТАК…

Коронавирус