среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 138
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Колумни

И по Црпко, Таче…

И по Црпко, Таче…

Во СДССС веќе си го барале Заев. Плачеле по него, коси корнеле пустите. Мислеле, дека поголем срам од Црпко никој не може да им нанесе. Арно ама, според старата комуњарска логика, можело и подолу. Изборот се викал Таче. Македонија, пак, одамна отрпна на дилајлите…

Да, ако кој било во Македонија, макар и помисли дека не може да се оди подолу од авантурата со Муртинхаузен како премиер, демантот е повеќе од очебиен. Оти, јасно е дека Таче само се „загревал“ и полека, полека влегувал во форма достигнувајќи ја потребната работна температура. Повеќе од јасно е и зошто Зоран го избрал Димитар, стокмен според неговиот лик и недело. Жива копија на две нозе. Море полоша…

Со секој одминат ден, се’ појасно сфаќате дека желбата – СДССС да избере некој троа нормален лик да владее со Македонија е чиста утопија и само пуста желба. Ништо од тоа. Можеби проблемот е што тие „нормалните“ ликови (ако им остана некој таков) не се нафаќаат да бидат нечии мариионети? Ваќа, ќе си најдете некој ко ЗЗ и престолонаследникот, теледиригирани „премиерски“ кукли, ќе ги облечете, ќе ги навежбате да се смеат кога некој ќе каже нешто смешно, стокмени да слушаат се’ што ќе им се каже и „чиста работа“…

Ок, зезанцијата и проблемот е ако марионетката е буквалист, па ќе се цери како недоквакана кога некој ќе ја понижува државата и нацијата, како Рама во Солун…

Уште поголема статива е што некој требало да и каже на куклата дека не смее да прави и повторува се’ што ќе му каже Ахмети и во јавност, упс. Не така. Ќе го правиш тоа што Алија ќе ти го каже скришно бе Таче, не мора и она што ти го шепка јавно на прес-конференции. Можеше седокосиот да рече и „Таче е апаш, Заев е суртук!“ По пуста, лоша навика, гарант и тоа ќе го повтореше…

И додека се „радуваме“ што дознавме дека Педагогот знаел македонски, замисли, ама тоа му било само за наредби и пцовки ко Командант Форина, нов дебакл удри по оние кои придонесуваат во ништењето на македонштината. Творецот на „францускиот“ предлог доживеа класичен изборен дебакл дома. Индикативно, истиот распад на системот неколку дена претходно им се случи и во Софија.

Да, кармата е кучка. Апе пустата, боли…

А меѓу дебаклот во Софија и Париз, на кои им се „деси“ Македонија, саботата и во Скопје се случи МАКЕДОНИЈА. Навистина се случи. МАКЕДОНИЈА НА УЛИЦА. Имало народ, а? Армија убав и освестен народ кој излезе и гласно кажа „ДОСТА Е!“, појасно здравје. Пораката е јасна – Пакувајте ги куферите од Илинденска бр. 2! Сиктер!

И не грижете се, Таче не мораше да го чуе ова од Ахмети, по фацијалната експресија, на што и да беше неделата, му се гледаше дека сфатил дека е време да си оди. И ова му беше премногу, никогаш не ни припаѓаше таму, нити некој гласал некогаш за него. И на суфлерот му е доста, 20 години, ја прекардаши.

Замислете само, Таче вака „загреан“ да владее уште макар една година, какви ли не ѓурултии ќе направи, колку многу срам и арам ќе претрпиме. Доста е, нели…

 

П.С.

Ми „светна“ една идеја. Ајде,  за да биде сигурно и да ја скратиме агонијава, да потплатиме некој на портирница во Влада или од обезбедувањето, на минување да му шепне на буквалистот престолонаследнички: „Таче, доста е! Толку беше, веднаш пакувај се!“

Навикнат и навежбан е понизно да слуша се’ што ќе му се каже/шепне пустиот, може и ова ќе го послуша…

 

Коронавирус