четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Колумни

И јас сум Ламбе Алабаковски! Je suis Lambe Alabakovski!

И јас сум Ламбе Алабаковски! Je suis Lambe Alabakovski!

На македонските северни перверзии им нема крај. Дно. Бездна. Замислете само, забеганата власт на Заевци и неговите престолонаследници, која не смееше ни на сон да дозволи отворање на клуб со името на МАКЕДОНОУБИЕЦ и ФАШИСТ како Ванчо Михајлов, сега се фали дека го фатила МАКЕДОНЕЦОТ кој испровоциран од забеганата провокација запали табла со името на македоноубиецот?!?!? Го фатиле нашиот Ламбе Алабаковски???

Оливер Спасовски, за кој никој здраворазумен не сфаќа зошто се’ уште, по сите мега скандали со пасоши за светски криминалци и нарко картели, криминално осуетени полцииски акции и началници што дилаат дрога, пратеници што шмркат бело, обвинители што крадат ко улави, судии што за унапредување судат ко кадии, политичари кои лапкаат тендери ко да не виделе, сега јавно се фали  и булазни: „Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!

Алоооо, па дали сте бре со сите??!?!?!  Секој кој се огрешил треба да одговара? А, така ли?

Чекај, чекај Оливере. Дали зборуваш за својот лидер Заев, оној три пати аболираниот за „Глобал“, „Поткуп“ и за „Пуч“, за тој ли? За оној фатениот како брои илјадници евра, Ден Дончев ли беше? За Димова чиј обвинителен акт го пуштивте дури откако Брнс ве расшамара јавно за корупцијата во сопствените редови ли? За Рашковски што се шетка по дома? За Катица Јанева за која се знае дека е повеќе дома отколку во затвор. За Зеќири за кој цели одделенија на Инфективна се ВИП притвор? Тие не ли се „секој кој се огрешил“? А?

Уапсете го оној суртук кој дозволи клуб со вакво име воопшто да се отвори, не Ламбе!

Сфаќате ли колку им згрешивте вие на Македонија и на Македонците. Разбирате ли дека врие и каде и да е ќе пукне работата? Сфаќате ли дека вие сте оние кои треба да одговарате? Секој кој се огрешил да одговара ли?

Вие треба да одговарате многу. За сиот овој гнев, бес, срам, арам, јад и чемер кој го нанесовте и секојдневно им го нанесувате на илјадници Македонци. Срам кој ве тера да вриете, да пукате по шавови, да ви чади главата. За 1.4 милиони дози диазепам кој го крка народот поради вас. Заради тоа што сонува да си купи зејтин. Заради уништувањето на имиџот на Македонецот во светот, кој го замислуваат така наведнат и бескичмен како вас. За сите непроспани ноќи, за се’ што овие 5 црни години со вас на власт е збрано во душата и срцето на Македонецот! Вие треба да одговарате, не Ламбе. Тоа што тој го стори е резултат на насобраниот гнев поради вашата сервилност и безрбетност, за нанесениот срам врз достоинството, честа, гордоста и извалканиот образ на секој вистински Македонец!

Политиканти, без образ и трунка достоинство, гордост и чест македонска во себе. Чувството на срам од оваа влада секојдневно расте. Немаат мерка, исав уште помалку, срам ни за лек. Доста е!

И затоа што не’ има многу вакви Македонци, огорчени, гневни и бесни до бескрај и назад:

И јас сум Ламбе Алабаковски! Je suis Lambe Alabakovski!

Коронавирус