понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 103
home Колумни

И Бојко сит и сите ЗЗ-овци на број

И Бојко сит и сите ЗЗ-овци на број

Човечето ЗЗ, кое сега по најново гради оксиморонски мостови низ историјата со „браќата“ му, повторно си беше корисно. Фер, оти покорисен идиот и не сте виделе. Ниту ќе видите. Да, еден е Зоки, уникат, за наша жал…

Сепак, мора да признаете. Повторно си одигра. Или го одиграа де, не е важно. Резултатот е тој. А кој беше резултатот? Создавање на Зоки Македонецот ли? Хмммм…

Епа, првиот резултат – Бојко, Каракачанов и Захариева (читај Шеќеринска) се три пати поголеми манги и фраери во Софија од она што беа пред зачукувањето на ветото на Зокија Корисниот. Добија и гласови пред избори, останаа Бугари „до коске“, а влакно не им фали. Супер, нели…

Најсмешни, сепак, се оние провладините „професионалци“ кои едвај изм’кнаа два-тројца европски најанонимни „у свет“ суруши, ликови кои таму никој не ги ни есапи ниту познава, но кои толку срчно и плачливо кажаа колку тоа Бугарија била осамена, па колку ја осудувале и демек куделе во ЕУ поради Македонија, па тоа реки од солзи течеле по Брисел, Париз и Берлин заради ветото. Најмешка, сепак, беше дека „Русија преку Бугарија го дестабилизира НАТО“, ауууууу, цепки. Цццццццц, ајт таму и вие, срамота е…

Вториот резултат? Зоки, Стево, Димитров и Шеќеринска (читај Захариева) се повампирија или помакедончија. Дааа, „патриоти“ станаа, иако не сфаќаат дека изгледаат ко слонови во пижами. Не им прилега, ич, ама тие си се во филм. По ветото кое сами ни го сместија, сега тројцата корисни идиоти (не за Македонија) глумат Македонци и демек прокламираат македонштина. Па фрчат со изјави за историјата, па дека Бугарија претерала, па дека јазикот и нацијата биле свети… Да не ги знаеш, па да им поверуваш.

Арно ама, џабе или не, им стоела македонштина или не, тие кај мозочно миеното им членство си профитираат. А тие биљемезите во комбинација со поткупените Роми и вљубените во федерализацијата Албанци, им се тамам за избори. По некој „ПАД НА СИСТЕМОТ ВО ДИК“ и тие се на коњ, пак, нели. Абе херои, види само како им спуштаат на Бугарите, свака част. Ајт бе, сиктер таму…

Ама, ова не е вин-вин ситуација што би рекле менторите им, јок. Ова е вин-вин-вин ситуација. Не се победници само македонските и бугарските траљави властодршци. Јок. Трето „винерче“ е и Брисел. Како на лотарија добија на тацна супер начин да си останат чисти, а да се отарасат времено од непотребниот, лош посинок. Лош и неупотреблив токму поради перформансот на Заев и компанија. Оној оксиморонски на квадрат Северен привезок од регионот на Западен Балкан кој припаѓа на Југоисточна Европа, со Зокиев перформанс – нула минус.

Ај, да не се лажеме, среде корона-кризава и киајметов невиден, и дошло на ЕУ до проширување со ЗЗ протекторат во момент кога и се стеснуваат сите канали на финансирање и кога пола членки и се кивни за катастрофалната реакција со ковидов. Да, Бугарија и дојде ко џокер у покер, а глупоштијата и тоталната некадарност на Заевата фурија ко мелем на рана. Подобро, здравје…

Од една страна имаш на власт твои бугарски национал-шовинисти (читај фашисти), чеда софијски толку желни да бидат Македонци, а од друга една малуомна и неспособна Скопско-струмичка владејачка банда на која не и чуе за Македонија и Македонците, кадарна само за багателна продажба на национални светии за да опстои на власт. Првите ти играат за да ги откачиш другите, два збора за демек „скар“ со БГ и се’ си е тамам. И ги оставаш да си живеат среќно до крајот на животот во малиот им Шенген. Џек-пот.

И волкот Бојко сит и сите корисни ЗЗ-овци на број …

 

Ок, свесни сме дека бз’рбетнава влада ни е одамна падната,  а владејат само затоа што добро потпишуваа или потпушуваа де (буква „мање-више“) и „учинуваа“ кај ќе стигнат.

Ветото Бојково, пак, е најдобар доказ дека рокот на корисните идиоти е поминат.

Епа, ајде, да ги допотбутнеме. Сантиметри им фалат, милиметри. Башка, крајно време е, нели?

Велат, имале алармантен мањак и страшна потреба од корисни идиоти во Идризово.

А тоа, не било убаво. Ама ич…

Коронавирус