сабота, 10. април 2021. Вести денес: 86
home Колумни

И би СДС: Социјалдемократи од СЕВЕРНА

И би СДС: Социјалдемократи од СЕВЕРНА

Фатени со рачињата во медот и со смкнати гашти, а сега и соочени со сериозната опасност на ОТПОР од најеминентната институција во државата, Заевци прибегнаа на најбедното, спинерско решение. Комуњарска класика. Во најпатетичниот обид да се справат со МАНУ, им „светна“ нова глупоштија. Еве што стокмија смисловите од кујната на екс Бихаќка, која благодарение на Таполегов пак ќе си биде само Бихаќка…

Откако силен траор завладеја кај комуњарите по шлаканицата со која здраво ги одалами МАНУ, пустите безидејковци седнале во бункерот и почнале да ги траскаат главите од ѕид: „Ауууууу, амааан, што да правиме, како да ги зезнеме академициве, као да им вратиме? МАНУ не сака да не биде МАКЕДОНСКА! БУууууааааааа!“ заплакале сурушите им  стратешки.

Не бадијала, оти странските им информери им кажале дека ова може да биде зародиш на вистински отпор кон северната им идиотштина, чин кој може да изроди рушење на и онака климавата северна направија на Заевци, поставена на криви нозе од стартот. Добиле рок од 24 часа да смислат нешто, или по шамарите ќе следувале и клоци, од височинката де…

И така, стратезите од СДС решиле да си ги вклучат мозочињата. За промена. И ги вклучувале, вклучувале, вклучувале, вклучувале и вклучувале. Ама по толку неработа, пустите зарибале. Па пак пробувале, вклучувале, со курбла палеле. Јок. Бадијала, празни биле, батери азис. А не биле ни „речарџабл“, за една употреба биле. И паднале во траор, пак…

И тогаш, во ек на најсилниот траор и плач, во бункерот на Бихаќка влетал Коста-Доста Петров, целиот насмејан и пресреќен. „Ми текна! Спас!“

СДС-овците се озариле од пријатната вест, ги избришале солзите со старите знамиња со Кутлеш кои ги криеле во бункерот од 95-та, ги исшмркале носиштата со Уставот кој го смениле 2018-та и запрашале во еден глас: „Аман, Коки мајсторе, што е спасот, бекни биљмезу наш!“

Коки направил значајна фацка, побарал од Зоки уште еден тендер од милион евра за глупи проекти, Муртинецот со две раце потпишал, по што стратегот торжествено викнал:

„Спасот е еден и единствен! Ќе го смениме името кое и така не ни прилега, ќе се крстиме Социјадемократи од Северна Македонија! По нас и тие ќе мораат! Ќе ги ставиме академиците во небрано, та ние комуњарите сме смениле, не па тие академици низаедни! Спас!“

„Кх, кх, кх“ се закашлал Бучко. „Абе Коки, па ние ја смисливме Северната лакрдија, нема тежина“ рекол со шепот, ама Заеб веднаш викнал на цел глас.

„Прекрасна идеја Коки, уууу, како ќе ги зезнеме. Ју-хуууууу, тераме со Социјалдемократи од Северна Македонија, та-на-на-на-на, ги зезнавме, ју-јууууу!“

Сите комуњари скокнале и фатиле да играат чочек, а за миг на екс Бихаќка се нацртал и блех оркестар. Мавале чочек до ситните часови, не било шега, ја победиле МАНУ.

Со првите сончеви зраци, чочекот привршувал, гавазите од ЛДП, ДС, БЕСА и компанија трчкале наоколу и го суредувале хаосот што Заевци го направиле, а Раца Пелинска која цела вечер не играла чочек, оти и било понижење, им свикала на мамурните партиски другари:

„Као сива еминенција, мора да пресечам! Ова со Северна е супер, ама шо ќе ни е Македонија? И онака тоа „М“ не ни прилега. Ич. Да бидеме фер и практични, асли прагматични – башка колку мастило и тонери ќе ќариме, пократко ќе пишуеме! Башка Грците и Бугарите ќе не обожаваат, а менторот ќе ни даде уште едно владеење гратис! Социјалдемократи од Северна! СДС!А? Бонбона!“

Мамурните комуњари со инстант акалмација го прифатиле предлогот на Пелинска. И со големи букви на влезот на Бихаќка, си напишале:

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ОД СЕВЕРНА.

 

И би СДС.

Како што, впрочем, и си се веќе 30 години…

Коронавирус