сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Хуманитарна помош „за” и „против” корона вирусот

Хуманитарна помош „за” и „против” корона вирусот

Во екот на кампањата за Корона вирусот или КОВИД-19, кога сите граѓани се заинтересирани што ќе се случува со справувањето со пандемијата, а особено за економската состојба на државата во време на кризата и после неа, вие читате дека техничката влада со Уредба за сите службеници во СЈО која има сила на закон. Во таа Уредба, утврдила дека на поранешните обвинители и извршители во не постоечкото СЈО, требало да им бидат исплатени сите плати и сите да бидат згрижени во соодветни институции.

Во состојба каде што не знаеме колку економски капацитети ќе се затворат, колку луѓе ќе останат на улица, колку ќе дојдат на раб на егзистенција и ќе добијат посттрауматски последици, техничката влада носи ваква уредба од која на граѓаните не што ќе им се слоши, туку ќе им се јави нагон за повраќање кој ќе мора да го третираат по медицинските установи, каде што веќе нема услови ниту за болните од Корона.

Дали е нормално институцијата која го уништи правосудниот систем во Македонија, и остави трајни последици, врз владеење на правото и правната држава, да биде во ова време наградена. Па само Катица Јанева за изминатите 4 години земала повеќе од 320 000 евра по разни основи, а Фатиме Фетаи која до последен здив, до последен момент ја бранеше во јавноста, додека не се појави ”Луј Витон” ташната земала преку 270 000 евра по разни основи. СЈО од буџетот потроши за 4 години дури 24 милиони евра, пари на македонските даночни обврзници.

Иако 99% од вработените се “hard core” СДС-овци, и се работи не за политика, туку за политикантство, сепак е премногу дрско, безобразно и невкусно. Премногу понижувачки за граѓаните на државата, кои се загрижени за својата иднина. Нивниот лидер, кој се самопрогласи за “Црпнат од нива” во “Само интервју”, не нуди никаква помош за фирмите и вработените за месец март, експлицитен е дека требале сами да се снаоѓаат, а за пропаднатото СЈО има средства.

Се надевам дека ќе се најдат сили да се повлече оваа одлука, бидејќи арогантната гарнитура на власт, никако не може да стане свесна со каква економска состојба ќе се соочи, дека она најтешкото допрва доаѓа, а ќе дојде и до одговорност за ваквите потези.

Неодговорноста и импровизацијата се менуваат како слики. Во истиот ден слушаме дека, внимавајте, “семејството Заеви” делело хуманитарна помош за социјално загрозените категории, во Струмица и околните градови. Па нели следиме определени владини мерки, до кои треба сите да се придржуваат сите, или за “семејството Заеви” не важат тие мерки. Тие станаа како нарко-клановите во Колумбија, сами одлучуваат на кого ќе помагаат. Имаше одлука дека сите компании “семејства” што сакаат да помогнат за донациите или другата помош да и се обратат на техничката влада, за таа да ја распредели помошта каде што смета дека ќе биде најпотребна и во склад со кризните мерки.

Така постапи “Алкалоид” со поевтинување на 27 производи и донација од 200 000 евра за потребите на справување со вирусот. Исто и “Орка Холдинг”, со ставање на два хотели “Ибис” на располагање за карантин на позитивните пациенти и 325 000 евра за справување со Корона вирусот. Веројатно и многу други фирми и поединци.

Но “семејството Заеви” се постави над власта. Ако Панче Заев таткото на Зоран си дозволува да го критикува и да му се заканува на новинарот Геровски, тие веројатно се во некој филм, на фамилијарно управување со државата, каде што и родителите и децата, се разбира и братот Вице и братучедите одлучуваат за државата. Потоа веројатно тие одлуки ги спроведуваат мал број на полтрони и послушници, кои тоа го прават на арогантно без скрупулозен начин за да делува дека имаат некаков авторитет. А на сликите што се појавија на социјалните мрежи еден од тие полтрони Костадин, кој е член на раководството на СДС прави селфи фотографии со граѓани, злоупотребувајќи ги за против-законска изборна кампања во време на светска криза.

Во таа пародија го злоупотребува и малолетниот член на “семејството Заеви”, за кој неговиот татко Зоран, требал да размисли дали да го стави детето во таква непријатна положба. Така е тоа кога се справувате со кризата со “чекан или танцување” или “чекич и данс”, второто е веројатно комбинација на превод од македонски на “југословенски есперанто” и “Tarzan’s English”. Тешко е некој да разбере какво е тоа справување, но делува како папазјанија или мешање на се и сешто.

Слична ситуација видовме и во најкризното подрачје во Македонија – градот Куманово. Во Куманово активисти од раководството на СДС, во петокот делеа компири и масло во изборно-пропагандни цели, секако со задолжително селфи, а пред магацините имаше по стотина лица на растојание од 20 сантиметри наместо 2 метри, по што за околу 300 денари производи за избори, бројот на заразени од Корона се искачи највисоко во државата.

Конечно, кога некој ќе сака искрено да помогне, без воопшто да размислува за евтини политички поени, тоа го направи оваа недела лидерот на опозицијата – професорот Христијан Мицковски со хуманитарната помош од Словенија, благодарејќи на одличната соработка пред се во рамките на ЕПП. Наскоро ќе стигне и еден авион хуманитарна помош од Кина, а се најавува и од Унгарија.

Самиот тој изјави дека тоа е за институциите и за граѓаните на Македонија, без премногу да го глорифицира тоа. Но, политичко- партиските мегафони –  Радмила Шеќеринска и Никола Димитров, на само ним својствен исклучително надмен начин, без никакво покритие, побрзаа да изјават дека тоа биле “лажни вести”, иако Премиерот Јанез Јанша на својот Твитер профил објави, дека тоа го направил поради Христијан Мицковски. За таа цел по негов налог Министерот за одбрана на Словенија, се поврзал со Министерот за внатрешни работи на Македонија(не на Северна), за упатување на пријателска помош.

Сосема за крај, тврдам дека кампањата за справување со пандемијата се води погрешно и дека економските резултати за државата ќе бидат катастрофални, поради неинвентивноста на техничката влада, но за тоа во следниот текст.

 

Колумна на професор Александар Даштевски.

Коронавирус