среда, 29. март 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Храбри кукавици

Храбри кукавици

Ете каде лежел изборниот зајак. Оној, Заeвиот непрегор и пуста желба да се оди на самоубиствени, итни избори среде корона. Сите знаевме и го гледавме „зајакот“, ама „изборашите“ неуморни упорно не’ убедуваа дека сме јанлаш , па се јачаа, храброст продаваа, се правеа важни, глумеа победници, абе чиниш јунаци гледаш. Или, сепак, глумци и фејкери? Да, го правеа она што најдобро го знаат  – блефираа. Оти ајваните мрзливи друго и не знаат, а толку многу ги бива за лажење, извртување, цепидлачење, с’скање и блефирање.

Имаме работа со вистински ХРАБРИ КУКАВИЦИ, оксиморон кој одлично и прилега на бандата која толку мрачно блеска…

Немаше потреба ни од дете како во прикаската со царот, беше доволна само една обична анкета за сите да видат дека Заев и Филиче се голи, за наша жал и боси. Без мерка, оти МЕРКИТЕ прерано ги укинаа, за да наметнат розови очила дека се е ок и да одиме на избори. Арно ама…

Та-дааам, она што го зборуваме со месеци, зошто на Зокија толку му се брзало за избори, сега и со крунски (читај корона) доказ. Замислете само, народов сфаќа што „турни ме да кинисам“ дилајли се, а тоа полека  го разбираат и оние најневерните, разоШарани Томи. Затоа, секој изминат ден за бандата на Зокија возљубена во северштината да ти бил жива загуба. Секој поминат час, се’ повеќе и поачик се разоткрива нивната мрзелива неспособност и се гледа дилајлизмот со кој се толку надарени. Вистинска демистификација на храбрите кукавици, подготвени и народ да жртвуваат за беден политички спас.

Да, за само два месеца луѓето сфатиле колку не ја бива Владата на СДСССС, покажа анкетата на ИПИС. И додека до април со помош на комуњарската мега-пропаганда успеваа и да се држат, лажејќи го народов со приказните за супер Филипче и танцувачот Заев, ширејќи лажен и погубен отимизам, во јуни истиот тој народ полека, но сигурно сфаќа со какви дилајли си има работа.

Е сега, замислете што ќе биде до август или септември? „Катаклизма комунизма“, велеа во еден минат систем, а во нашиот би било Катаклизма комуњаризма, или северизма… Аха, затоа црпнатото чедо лелекаше за избори во јуни, па сега се пуфка и туфка за почеток на јули. Оти паѓаат, без заддршка.

За кус период довербата стрмоглаво им се урна, а за уште два месеца можеби и ќе ја нема. Ви текнува дека Венко со Караџовски прогнозираше 2.000 заболени? А ние, за жал на сите, одиме на дупло. И сето тоа поради глупирањето на Зокија и бандата од екс Бихаќка кои „релаксираа“ мерки, укинаа полициски час и кафани отворија за да прикажат лажна слика и сите среќни, задоволни и заразени со корона да си одиме на избори…

Само, ова не е крајот. Народот напатен се’ уште ги троши резервите и скриените во јастук или под кревет евричиња, а короната и да мине (иако тоа изгледа далеку) ќе не тресне економската криза која ја предизвика танцувачите со короната и непреземачите на економски мерки, чедата неспособни кои не сместија на дното на Европа по реакцијата на ова поле.

И Зоки ќе оди на избори на 5-ти јуни? Прашајте ги неговите скапо платени агипропи на „дугме“, секој Божји ден гњават и тупат со тоа, оти така им е кажано на пустите пропагандисти, да го јачаат членството. Повторно оксиморонски, толку многу пари за толку евтини и лити прикаски…

Пред помалку од две недели храбрите кукавици лажеа народ и делеа флаери на кои пишуваше дека ја победиле короната. Во исто време, оние што ја победија короната парадоксално се испозаразија со истата, гарант заразувајќи и еден куп народ. А народот кој секогаш е само колатерална штета на вашите интереси, благодарение на издашниот ви дилајлизам сега, конечно, се буди и освестува..

Самооо, требаше ли корона да ни се „деси“ за да некој сфати колку се неспособни и со кого си имаме работа?

Вистина било, да. Секое зло за добро…

loading...