понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 96
home Колумни

Говорот на Мицкоски: Одважен, храбар и пред се европски

Говорот на Мицкоски: Одважен, храбар и пред се европски

Вчера, македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, во Македонија и низ светот, гордо и достоинствено, го чествуваа големиот празник на Македонската револуционерна борба – 23 октомври. Не можам а да не забележам дека вчера не ги видов Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието на Р.М., Талат Џафери и претседателот на Владата на Р.М., Зоран Заев, да положат цвеќе пред паметниците на Револуцијата и револуционерите, да се поклонат и да оддадат почит.

Jа испуштија најдобрата прилика да им покажат на соседите (Бугарија и Грција) дека Илинден, илинденската епопеја, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, се темелот врз кој следната генерација револуционери, Ченто, Питу, Свештарот, Габерот и сите борци и народни херои од НОБ, преку одлуките на АСНОМ ја создадоа и изградија нашата сакана Република Македонија. Срамно, бедно, понижувачки и не државнички. Толку за нив, не заслужуваат повеќе.

За разлика од нив, граѓаните, во сите градови на Македонија, оддадоа достојна почит на Револуцијата и револуционерното дело на сите наши револуционери, преродбеници и борци за независна, самостојна и слободна Македонија. Видливо беше дека образот и достоинството на Македонците и Македонија го заштитија и одбранија припадниците на опозицијата, предводени од лидерот Христијан Мицкоски, кои на свечен начин пред паметниците, со интонирање и пеење на државната химна, со положување на цвеќе и со поклон, оддадоа почит на сите борци за македонската кауза.

Во таа свечена и достоинствена атмосфера импонираше говорот на Мицкоски, кој беше одважен, храбар, содржаен, визионерски. Говор кој ги исцрта црвено-жолтите нишки на македонизмот, сфатен во историска, државно-правна, идентитетска и културолошка смисла и рамка. Истовремено визионерски за македонскиот опстој (како држава, нација, идентитет, јазик) и за македонските евроатлантски интеграции.
Македонски говор, со европски шмек.

Македонски говор, бидејќи посочи, дека нашата формула за успех и севкупен иден развој е македонското национално единство. Мицковски побара сите да сме сплотени рамо до рамо, еден до друг, и да не дозволиме да бидеме понижени. Не опомена дека тоа е наш долг кон минатите генерации, кои ни овозможија да македонствуваме, но и долг и завет за идните генерации наши синови и внуци. Најмоќната порака беше – Македонија е бесмртна. Пораката е јасна за сите нас Македонците, ама и доволно јасна и моќна за да ја воочат и распознаат и сите тие кои имаат нечесни инспирации кон Македонија и нагон и намера за уништување на македонското ткиво. Со оваа порака тој на дело го покажа македонскиот нагон за постоење и опстој.

Европски говор, од причини што потенцира дека среќата на секој еден Македонец и иднината на Македонија е во Европската Унија – во најголемото европско семејство, семејство на обединетите народи на Европа. Потврда и гарант за тоа се нашите стратешки пријателства со стратешките партнери на Македонија. По европски од еден лидер на опозиција здравје.

Говорот на Мицкоски беше храбар бидејќи на јавна сцена и објави војна на мафијата и предвиди пораз. Одважно и достоинствено вети дека тој, членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Македонија нема да дозволат мафијата во спрега со политичарите на власт да ја распродадат нашата татковина Македонија. Вети дека татковината ќе се брани и одбрани од мафијата и криминалците.
Мицкоски не пропушти прилика да истакне дека Македонија најдобро ќе ја сакаме, ако се заложиме за политика која е чесна и морална, практикувана од политичари со достоинство, чист образ и не свиткан р’бет.

Секако импресионираа и двете одлучни, смели и јасни пораки: првата, дека ВМРО е живо, дека е македонски пркос, неуништлив пиреј, аманет од минатото за сегашноста и иднината, обврска и должност за секој еден Македонец и почитување на историјата, на револуционерната борба и на сите наши револуционери; и втората, дека Македонија е тука, дека е жива, дека е нашиот светол храм, и дека сите ние ја водиме битката за Македонија и дека сме бедемот, тврдината, која ја брани Македонија и се што е македонско. Во таа битка за опстој на Македонија, ВМРО е пламенот и факелот кој ни го осветлува патот до конечната победа за Македонија.

Големите и македонски поети и Македонци, Гане Тодоровски и Анте Поповски, би рекле: Ете тоа е вистинско и достоинствено македонствување.

Коронавирус