четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Колумни

Горчлива шеќерна приказна

Горчлива шеќерна приказна

Сите ја знаеме „Шеќерна приказна“ на Славко Јаневски, издадена далечната 1952 година. Одамна е лектира. Македонија, пак, до вчера, ја живееше „Горчливата приказна“ на Зоран Заев. Шеќерното во пелиносаното ни го вратија Пандев и браќата. А авторот на горчливата е воедно и лик во самата прикаска. Автобиографска е. И да, и таа ќе биде поучна лектира за следните генерации Македонци…

Дејството на Јаневски се случува во градот Негобило. Град кој не постои, оти не го било, нели. НИКОГАШ. И во горчливата прикаска на ЗЗ дејанијата се одвиваат во една северна, имагинарна земја која не постои, која егзистира само во главата на оној кој создаде. Да, саде кај авторот Зоче и неговата читателско-клиентелистичка  сдссссовска публика, разбира се. За сите останати била, е и ќе биде само Македонија. ЗАСЕКОГАШ

Заеб е небаре копиран лик од прикаската. Не, не е шеќерното дете кое го создал слаткарот Марко. Нашиот антихерој е црпнат од нива и дефинитивно не ќе да е од шеќер. Ни другарката му Шеќеринска не е, нека не ве лаже презимето. И таа е од пелин. Тоа им е заедничка генетско-партиска, комуњарска дарба. Атавизам, кој оди во пакет со без’рбетноста и антимакедонизмот…

Зоче, нивни, не наш, е пандан на ликот на биполарниот волшебник Тарара. Знаете, оној кој е една минута добар, а следната минута лош. Само што црпнатиот лик една минута лаже, а другата лаже дека не лаже. Има и разлика, Тарара во втората минута ги оправа работите, а муртинскиот горчливец ги доуништува. Да, и во „Шеќерната“ има една шума во која некогаш сите пееле. И во Македонија беше исто. А во северна пеат само ГаВРанлиев и Тамара…

А и Зочето мења став ко Тарара, шалта ко на рели. Ви текнува за жичката, па дека немало да промени име на државата, ама никако да чепка во Уставот, па оти Тиранската платформа била глупост, двојазичноста исто така, па придавката била светиња? Во најново време – еден ден се фали со „доверба“ на влада, следниот ден бара Влада на национален спас со опозиција?!?!? Жив, црпнат Тарара…

Нема, нема, па три месеци се дичи со тоа дека морало да има попис, па уверува се’ живо и диво оти се’ е ок со процесот, дека нема друг избор за државата и граѓаните, па немала везе короната, се заканува со казни до 300 евра и оп, следниот ден „поради граѓаните и здравјето“ го одложува, оти многу бил загрижен за истите??!?!? Тарара, ама скроз црпнат…

Ок, не е исто, Тарара бил волшебник во шеќерната, а Зоче корисен идиот во горчливата приказна. Шегата на страна, затоа што неа ѓаволот одамна ја има однесено од и во Македонија, ние си  имаме работа со една класично биполарна личност вљубена во моќта и парите.

Медицината вели дека биполарците покажуваат непромислени и ризични ставови во сите сфери и не ги мерат последиците од нивните постапки. Импулсивноста е симптом на недостиг на контрола над сопственото однесување. Биполарна личност ќе реагира без размислување, има ставови што може да изгледаат ексцентрични, па дури и смешни. Ве потсеќаат овие симптоми на некого? Студијата за болести во 2013 година откри дека биполар I и II се јавуваат кај околу 1,2% од населението. Значи, еден од 83 души е ЗЗ?! Хмммм… Јаз’к. Тука згрешивме, признаваме. Ние, пак, мислевме дека ваков син мајка раѓа еднаш во милион, а тој и да не ти бил така редок…

Арно ама, нашата горчлива приказна станува шеќерна. И пак, преку Струмица, која е исто така биполарна. Поделена. Ко нашата Македонија и нивната Северна. Македонци контра Северџани. Толку нормално, не се сите црпнати ко ЗЗ и клоновите. Башка, тој е од Муртино.

Да, Пандев и компанија ни ја враќаат вербата. Победата врз Германија има преголема симболика,  на страна моментот. Добра ластовица за македонската пролет, башка штрк, на страна и кокиче. Оти, кај нас Македонците никогаш ништо и не било така лесно, едноставно и без жртва, а пирејот пуст најбрзо и највисоко расте кога најмногу го газиш, ништиш и негираш. Докажано. Епа, генетика.

И знаете, горчливото и не е така грдо кога убаво ќе го засладиш. А шеќерот, тој да ти бил во наши раце. Цело време…

Коронавирус