понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 17
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Голо здравје, чиста болест

Голо здравје, чиста болест

Ако ве интересира некоја вест на порталот „НОВА”, кој е во сопственост или со сопственост на еден од ликовите од рекетарската група на Боки 13, мора да стиснете дека сакате постојано да ви доаѓаат информации. Па така бидејќи сум го стиснал некогаш, секое сабајле ме стигаат информации од тој портал. Така ова утро 01 Март 2020 меѓу другите ми стига и веста за изјава на црпнатиот од Муртино. Според него „Господ не случајно го црпнал од нивата”, а ние не знаеме дали е тоа добро или лошо за Македонија. Од тоа што го видовме досега црпнувањето е погубно за државата, а последиците уште ќе не до уништуваат. Единствена позитивна околност е што по завршување на кризата нема да го гледаме повеќе, без оглед на гротеската што ја прави, а која е посмешна и од таа на руските пранкери, што го зафркавале цела година, а тој не приметил, додека не ги објавија првите негови разговори со “Порошенко” и “Столтенберг”. Сепак, поважно е да се спасиме од клептоманијата со која тој  инфицира една група околу него која сеуште му е лојална.

Но да се вратам на веста од порталот “Нова”. Таму, цитирале негов пост на Фејсбук дека биле “Донесени  важни одлуки, државата ги спасувала работните места на граѓаните”. После ваков коментар не знае човек дали да се смее или да плаче, иако тој е познат комичар што го докажа и на цела “Сексипл” Европа, сепак постот е повеќе трагичен. Ако тој пост е пишуван минатата вечер, веројатно ПР тимот на СДС ги гледал претставниците на Стопанските комори во Македонија, кои изјавија дека се оградуваат од овие мерки, дека тие не се доволни и ќе предизвикаат голем број на отпуштања од компаниите.

Всушност, кога се пишува нешто треба да се причека што ќе се случува, бидејќи денеска бевме сведоци на неколку сведоштва за илјадници откази во повеќе компании, што е само почеток. Сите економски авторитети во државаата се изјаснија дека овие мерки не се добри и не се доволни, така што може да ја доведат државата во уште поголема криза. Ќе се крателе платите на државните функционери, по принципот “на ти, дај ми” бидејќи само Мира ”Дизел” зема повеќе дневници за патување, а да не говориме за другите функционери. Јасно е дека и ова е уште една популистичка мерка и дека “црпнатиот и неговата банда” уште не ја сваќаат сериозноста на економската криза која ни се случува.

Во продолжение на постот напишал дека му е драго што денеска Владата Македонија прифатила и усвоила голем дел од економските мерки што ги предложиле тој и економскиот тим на СДС, но и донела дополнитени мерки. Па така, се поставува прашањето не ли е тој економски тим дел од владата, ако воопшто постои таков?  Цел месец чекавме да ја откријат “Нина Групер” која е економско џуџе за еден Трајко Славевски, на пример или Кирил Миновски, да не го спомнувам тука и Зоран Ставревски, кој во нивните петарди од леб правеше чоколадо. Кога се занимавате со наука или со политика морате да ги кажете изворите, односно луѓето кои ве советувале, за да се види колку е силна одлуката, бидејќи таа зависи од квалитетот на тие луѓе. Тоа го направи професорот Христијан Мицковски кој сакајќи да помогне, иако на “разгалени деца” не им треба морков туку стап, рече дека неговиот советник за економски прашања е еден од најпознатите светски економисти Хозе Караско од Мадрид. Бидејќи ако во тој економски тим, кој за сега е тајна, била Мила Царовска, јасно е дека таа нема никаква врска со економија, иако е веќе Потпреседател на владата за економски прашања, па нема белки претседател на партија кој не е член на влада, да и предлага што да направи владата. Не знам зошто е напишан ваков пост, кој никој не може да го разбере. Не знам дали во ова имал учество Коста Петров, кој перманентно им го уништува политичкиот маркетинг на СДС иако има мал број членови кои сеуште се “палат” на неговиот плагијат.

Дефинитивно ова не се сериозни чекори кои ќе значат зачувување на работните места на граѓани во фирмите погодени од кризата со коронавирусот, мерки што ќе значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата, како што пишува тој понатаму во постот.

Постот продолжува со тоа, дека тоа биле мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата. Денес, сите ние (тие) поединци, целото наше општество, нашата економија, сите сме ставени пред важен тест. Тој тест ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг. Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик. Сите сме биле заедно во оваа криза и само заедно ќе сме излезеле од неа. Заедно ќе сме ги преброделе последиците, а потоа заедно ќе сме продолжеле кон развојот и напредокот. Тоа е обратно пропорционално на подадената рака од опозицијата да помогне исклучиво од солидарни причини, без никакви политички поени, а таа понуда се одбива и омаловажува од негова страна со невкусна ароганција и понижување, само поради обратниот процес, за кој само тој мисли дека може да му донесе ситни политички поени. Е токму поради тоа неговите маки ќе стануваат се поголеми и поголеми.

На крајот тој го завршува постот со зборовите “Само здравје да има, ќе има и економски напредок, ќе има и развој“. За разлика од неговите поранешни изјави, ова звучи како некоја религиозна изјава пред важен христијански празник “здравје па после се друго”, а економски напредок не доаѓа со тоа, туку со чесно работење без корупција,владеење на право и правна држава, независно судство и економска програма која се остварува, нешто што за оваа влада е незамисливо. Граѓаните читаат и не веруваат веќе на овие окултистички изјави, тие точно знаат што да направат кога ќе заврши вонредната состојба.

Коронавирус