четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 158
home Колумни

Година на лаги и антинационално лудило

Година на лаги и антинационално лудило

Тоа Финците да не ти биле толку фини кога демантираат Заевци. Јок, остро им одбрусиле на балканските патолошки лажговци од СДСС. А Зоки, него мува не го лазела. Оти пустиот си имал уште многу лаги на лагер, башка и цела армија лажови скроени строго според ликот и неделото му сопствено.

Наштимани биле да лажат со полна пареа, а фабриката комуњарска бревтала на максимум. Зима за продуцирање идиотизми и лаги за нив немало, парите си течеле, доходовност не им мањкала. Од марихуана ли, од тендерчиња, од корона ли, криминал. Од што ќе ви текне, од таму капело, абе течело…

Најинтересно било што пустите лажговци имале одбранбен механизам кој се викал контра-напад. Нон-стоп имале полна уста со обвинувања за лажни вести. Истовремено, тие истите лажеле, сушеле, абе корнеле. Без исав…

Така, пред две ипол години донеле датум за преговори. Со лајкови и палци динати на Зокија, Нино, Буки и Кочота среде авионче владино. Ден-денеска го немало, ама тие во меѓувреме го донеле уште десетина пати…

Зоки ги средил и сите отворени прашања со соседите. Знаеме како, со идиотските договори, кои само ги продлабочија проблемите. Она, кога ќе видиш дека некој дава гратис, па си бараш повеќе и повеќе и повеќе. Особено кога си Грк, Бугар и Албанец, а контра тебе е Зоки дилајлата…

А тој пак, да ти дошол и на Власт со дузина лаги. Лажеле за лажни лични карти со Чаушот. Ги фатиле со нив во џеб… Лажеле за Малата Тамара, испаднало дека мајката аздисувала и пари од несреќното дете правела… Па лажеле за Мартин Нешковски, штимале „бомби“, арно ама кога излегол целиот разговор ги фатиле живи во лага… Ама си лажеле и за Младенов, сушеле, испаднало дека нема врска… Со цел ум лажеле и за Смиљковско, па и тука испаднале патолошки лажови… Сите Бог да ги прости, ама СДСССС немале исав, скрупули, ниту осет за болката што им ја нанеле на семејствата.

Да бидеме фер, ни со помош на овие лаги, ни со шарената дееволуција, ни со НВО-ата сурушки, ни со „граѓанскиот“ отпор, ни со гушкањата, ни со милионите на Сорос, ни со другите азна од амбасадите не дошле на власт. Пак и пак, загубиле. Оти се лузери. Знаеме како дојдоа на Илинденска бр.2. И зошто.

За да излажат на Референдумско прашање „Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Република Грција“. Ни П од промена на ИМЕ, ни С од северната глупоштија. Лажеа со идиотското: НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни. И пак загубија. Народот ги исшамара. Арно ама, Зоки пак лажеше дека победиле. „Храбрите“ излегле. Пуста, патолошка навика…

Ви текнува, лажеа и дека Тиранската платформа не постоела, а истата исполнила цели 90% од „непостојната“…

Лажела и Катица, лажел Дончев, лажел Богоевски, лажел Боки 13, лажел Рашко, лажела Ременски, лажеле дека не знаат кој гради пред Мавровка, лажел Шилегов дека не го касаат комарци, лажеле дека паднал систем на ДИК, лажеле дека Мерцедесот ќе го продадат, лажеле дека воздух ќе опраат, дека бројчаник на Тримфална ќе стават, па дека ќе ја срушат , дека Дома си е дома во Германија, па дека споменици ќе носат на отпад, лажела Шеќеринска за знамиња на авиони, лажеле за плати, лажеле за вакцини, лажеле за пари, лажеле дека само 2000 ќе заболат од корона, а повеќе умреле од истата. Нема крај, а?

Годината 2020-та започнала со лага за корона, а завршила со лага за реформи во образование по ФИНСКИ модел, земја која немала историја во училиште?! Ги демантирала самата Финска. Царовска царски излажала, на големо. Не бил ФИНСКИ, БУГАРСКИ да ти бил моделот… И сега ШУ ПРАИМЕ? Ништо?

Проблемот бил токму тој. Море, два биле. Прво, толку многу лажеле што не можело да им фатите крај. Второ, побитно, веќе сите отрпнале на нивните лаги, па не ги ни приметувале. Станало тоа ѓоамити секојдневние. „Еј, Заев излажа!“ ќе свикал некој. Единствениот одговор бил: „Пак?“

И така, сите сфатиле. Тоа да ти била новата нормалност на Заевци. Тој ве лаже, а вам тоа ви е веќе ко „добар ден“, па само одмавнувате со главата и продолжувате по патот со облаците…

Епа, ајде новата 2021-ва година да биде година кога нема да ја вртиме главата на друга страна, туку година кога ќе свртиме нов лист. Да, крајно време е да свртиме нова страница, оти ако продолжиме вака, наскоро ќе нема ни што да вртиме, ни кој да врти, ни на каде да сврти. Се’ ќе биде веќе испревртено од Заевци…

2020-та е уште една година за заборав, уште една во низата години на антинационално лудило, срам, гнев, апатија, рамнодушност и тешка пизма наметната. Ете, за некој ден, ќе и ставиме „крст“.  А единицата која следува означува почеток. Нов старт. Ајде, 30-годишнината од независноста, трите декади од единствениот вистински и важечки РЕФЕРЕНДУМ, да ги прославиме без лажговциве на власт.

Да ги испратиме во историјата која дилјалите толку многу сакаат да ја сменат…

Коронавирус