петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 3
home Колумни

Гилиптари

Гилиптари

Локален мангуп, без вистински смисол за хумор. Вака Вујаклија го објаснува поимот ГИЛИПТАР. Ве потсети ли дефиницијата на некого? На еден муртински локален, кооперациски мангуп кој постојано тресе зелени, мислејќи дека е многу хумористичен, абе цепки, а? Јес, нормално дека се сетивте, Зоки ќе да е…

Гилиптар подразбира и неспособен, евтин и проѕирен продавач на магла и „тестиси за бубрези“, лик кој е постојан и непресушен извор на подбив и мајтап. За сите пари…

Пак ви текнува на Заев, нели. Така си е. Фер. Уште пофер е прашањето како си дозволивме еден толку ограничен лик, еден класичен и црпнат гилиптар  да ни ја води државата. Одговорот е едноставен, не дозволивме. 2016-та не победија, следуваше изборен пост-инженеринг, а 2020-та падна системот на ДИК. И би Заев. На квадрат… Ок, ни го сместија, знаеме и кој. Знаеме и зошто. Знаеме и дека нема да трае, оти сите се свесни што се случува со кондомите по употреба. А овој не беше ни Ultra thin, ни Extended pleasure,  туку склепан набрзинка, од најсировите, од прст на искината ракавица или од врв на опинок скроен…

Арно ама, вистинскиот проблем е што Македонија си има мака со цела армија ГИЛИПТАРИ. Кој од кој поверодостојна копија на идолот им, скорен и створен според ликот и неделото на врховниот им гилиптар. Спомнете си само на вакцините кои Филипчо ги „набави“. Кај и да е ќе дојдат, подарок од Србија, ама по набавна биле. Цели 8.000. Тууууу! Ќе има за Чучер, за Сандево не гарантираат. Поради двете илјади заразени кои станаа скоро пута 50, Гилиптар бр. 2, дефинитивно.

А кој е Гилиптар бр. 3? Па Немила Царовска, разбира се. Онаа која се фалеше дека прават образовни реформи според фински модел, ама не толку фините Финци ја дематираа и кажаа дека лаже. За „учинувачот“ на бугарските желби и сублиматорот на школски предмети, „паше“ тројка.

Гилиптар бр. 4? Спасовски, без сомнеж. Теологот кој честита Света Сава, гаси огнови на Бадник и урнисува карневали со вековна традиција. Оти правеле конкуренција на Струмичкиот маскенбал ли?! Добра позиција за човечето кое не мрдна со прст за време на СДСССовска свадба по „победата“ во Штип…

Гилиптар бр. 5? Рада Пелинска, МИНИстерката и МАКСИполитикантката која виде македонско знаме на опашот на американскиот ловец. Она, кога гладната кокошка сонувала просо, а Пелинска кошмари за знаме што го смениле во 95-та.

6-ката е дрес за локалниот гилиптарот кој милува скопски диносауруси, гушкаше ГТЦ-а и убедуваше дека со барок не враќале во минатото. Петрит Таполегов, разбира се…

Ги има уште мал милион, кој од кој ПОГИЛИПТАР. Дел се и ислужени гилиптари, ветерани. Павле со белото, Кацарска уставната што Устав сруши, Ноќко Дончев со дневното мито, Рашко дете машко Леонардовско, Лидија качи се на Еразмус магарето па види ја, Боки 9 (поради годините на казната), Црнилка Русковка,  Катица лепливо раче Ја-нема/ва, Курто тепај дај душ/а, Боро 100-ес Малборо и редица други асли комуњари, сите амнестирани, со намалени казни вдомени или добро згрижени поради блискоста им со ГИЛИПТАР број еден.

Тука се и не/ВЛАДИНИТЕ гилиптари, цела фејк-њуз армадила и сурија со светлиот Амон Мрак, оној што ЏАБЕр се изДерава по опозиција, ама скапо наплаќа кај власта, кВасиљ онакво во евра и плејада Забрчи-Мари-чичи, орда антихумористични биљмези кои сега се пресреќни што млатат плата и клатат врата по владини институции и по дома вежбаат хејтерски „спичове“, бапчорски лелекања и старонови анти-вмро финти за „Не дај Зоки време“ кога СДССССС и врховниот им бог ќе паднат од власт…

Да не ги заборавиме и покомуњарчените чеда, оние Заевите квази-десни вмровци & гилиптари, асли возљубени во сребрениците. Кај има ДИМ има и огин, а кај ДИМитров одамна чади од стипендии, па сагата за најбогатиот сиромав Љубчо, сестрата брат Љубе, Доктор смрт воскреснат за комуњарски живот Тодоров, Ѓулистана Заевседна, генерал-дезертер Стојанче, ѓаволски БОГојевци и цела сурија двополови (лево-десно, плус-минус, горе-долу) хермафродитско/оксиморонски гилиптари…

Сите наведени чеда, одамна добиле датум за преговори. И пред 24 јуни 2018-та кога врховните гилиптари долетаа со наискрено кренати палци и искрено спуштени фацки во владиното авионче. Веќе со години имаат датум, факт, само едните преговараат за слободата, други за висината на казната, трети за процент од украденото, четврти преговараат за функција, петти за криминал во фамилија, а сите против Македонија и Македонците…

Велат дека опортунистите (читај комуњарите) ве „сакаат“ се додека имаат корист од вас. Лојалноста екпресно исчезнува во моментот кога веќе немаат бенефит од вас. Не знам зошто, но прикаската ми наликува на фатумот на шареноликите следбеници на македонските североидни гилиптари…

Тик-так, тик-так, што би рекол најсевероидниот црпнат ГИЛИПТАР бр. 1…

Коронавирус