Македонија е црн шампион во соседството. Конечно, лидери во нешто, а Заевци? Според бројот на заболени и процентот на починати мрачно блескаме. И официјално, ги надминавме сите соседи. Не верувате? Епа, ајде да ги видиме бројките, ако Заев лаже, корона статистика не лаже…
Алооо, Филипче, Заев, Караџовски и компанија, можеби сте отпорни ко кучиња, ама очигледно и глуви ко топ. Глуви и слепи на она што ви се случува во дворот што треба да го чувате. Иако, добро си знаете што ни се случува, затоа што сето тоа е благодарение на вас и политиката во здравството. А да, и на онаа машата на Заев, Спасовски ли беше…
Ајде да ги извадиме бројките на маса. Поразителни се, ама скроз.
МАКЕДОНИЈА СО СВОИ 2.077.000 ЖИТЕЛИ ИМА 3.538 ЗАРАЗЕНИ И 169 МРТВИ!
Башка, ај да не се лажеме дека во меѓувреме сме мнооогу помалку од наведената бројка жители, сите знаеме зошто од 2002 година не се прави попис. Ама еве, нека ви биде и таа бројка. Со 3.538 случаи, како најмала земја во соседството, (освен Косово кое се лечи кај нас, а има минорен број заразени?!) ние имаме најмногу заразени со КОВИД-19! Како бе тоа Филипче, а Заев?
ГРЦИЈА НА 10.724.000 ЖИТЕЛИ ИМА САМО 3.088 ЗАРАЗЕНИ и 183 ПОЧИНАТИ.
БУГАРИЈА СО 7.364.000 ЖИТЕЛИ ИМА 3.086 ЗАРАЗЕНИ И 167 СМРТНИ СЛУЧАИ.
АЛБАНИЈА СО 2,821,977 ЖИТЕЛИ ИМА САМО 1.325 ЗАРАЗЕНИ и 34 ПОЧИНАТИ.
КОСОВО СО 1.845.000 ЖИТЕЛИ ИМА САМО 1.321 ЗАРАЗЕН ОД КОВИД-19 И 31 ПОЧИНАТ.
Приметувате, лидери сме во однос на сите.„ Амати лидерите“, ќе рече народот. А знаете што ќе речат Заевци? „Ееее, ама Србија има повеќе заразени!“ Во право се, ама ајде да видиме што и таму вели математиката.
СРБИЈА со 7.243.000 ЖИТЕЛИ И ИМА 12.102 СЛУЧАИ и 252 ПОЧИНАТИ ГРАЃАНИ од КОВИД-19.
Фер, вајстина е, имаат повеќе заразени, ама според број на население и фактот што се три ипол пати побројни во овој однос, бројките се пата-пата, тоа е точно.
Проблемот е друг, ама поцрн здравје. Да, Србија има 252 починати на 12.102 случаи, Македонија 169 на 3.538 заразени. Статистички, не според починати на милион жители како што брои светот, туку во однос заразени – починати, како што бројат само Филипче и Заев, имаме за цели 238% поголема смртност во однос на Србија. ТИЕ ИМААТ СМРТНОСТ ОД 2.09% НИЕ ОД ЦЕЛИ 4,77%.
Гледано, пак, според број на починати и број на население, никој не ни е рамен. Тука сме тотално короно-неприкосновени.
И сега, што правиме со танцувачките ПОБЕДНИЦИ НА КОРОНАТА?! Па така дилајлите пишаа на нивните кампањски флаери кога си заразија пола партија и којзнае колку невини граѓани.
За наша жал, катастрофа сте, временска непогода. И доста го лажете народот како одлично сте танцувале со короната, па како сте ја победиле во првиот налет, економија сте средиле, сите мирни да сме биле и послушно на избори да си одиме.
Како бре не ви е срам? Со кој мозок ќе терате народ на класично клање и масакр звани избори? Алоо, абе владејте до декември ако треба, ќарувајте тендери, крадете, вработувајте роднини, унапредувајте партијци, неинвентивно црпете пари од Фонд за иновации, досотрете ја државата, сме преживеале и ќе ве преживееме, пак…
И тоа подобро отколку да го сотрете народов. Буквално, да не’ умрете. На криза сме навикнати, од „роѓење“ сме во неа, најмногу благодарение на вашата банда од која и други се едуцираа.
И доста преку својата пропагандна машинерија се вадите на Ифтар и Рамазан, аман. Па Албанија и Косово немаа ли Ифтар, во Бугарија нема ли огромно малцинство Турци? Тие не ли славеа Рамазан?
Или поверојатно, некој ништо не сработил. Не бадијала цела историја ве следи мантрата на хедонистички неработници и неспособни дилајли што обожуваат да владејат и се’ ќе сторат за тоа. Видовме со промената на името, друг доказ не ни треба. И ми се смачи со светските медицински статистки, каде поради вас и само вас стои онаа глупоштијата северна пред исконското ни име, суруши низаедни.
Прикаската за победа ви се сруши како кула од карти, а као минува времето ќе пропаѓате уште повеќе. Затоа и сакате брзи збори, тоа сите го знаеме, не си го потценувајте МОЗОЧНО НЕМИЕНИОТ народ, кој низ вековите развил силен одбранбен ситем на скептицизам и многу добро знае да расуди и да сфати каква некрофилска ѓурултија му спремате со изборите. Ок, нечесните исклучоци ви се во партија..
Со мизантропскиве избори на 5-ти јуни, НА ПРАВ ПАТ сте, дефинитивно.
За Нобелова награда за некрофилија.
Она, кога начинот на не/справување со вештачкиот вирус КОВИД-19 како кула од карти ќе го сруши вештачки создадениот север0-утопијски естаблишмент во Македонија. Да, кармата е кучка…