недела, 31. мај 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Евтини муртински финти среде екс Бихаќка

Евтини муртински финти среде екс Бихаќка

Нов ден, нова епизода од серијалот „Барон Муртинхаузен“. Евтина, „Ш“ продукција, како и сите до сега. Мајку му стара ем млада, ама бар една работа СДСС не излажале. Неверојатно, ама вистинито, нели?

Пустите патолошки лажговци цело време тврдат дека се транспарентни, т.е. провидни, односно проѕирни. Вистинито, за промена. Ашколсум, и ќоравата кокошка ќе лапне зрно, па и комуњар ќе каже вистина. Второто поретко од првото. Да, другари и другарки, проѕирни сте, ама скроз. Од авион се гледа дека ви гори под ноџињата, ама многу. Кинескиот ѕид и вашиот страв се единствените човечки творби видливи од вселената. А лидерот ви, башка проѕирен, башка црпнат, башка со куси ноџиња од лажење, ама скроз, за греота…

Денешната нова епизода од сдсссовската боливудска серија „Барон Муринхаузен“ не беше случајна. Да, Заев требаше да се испере за вчерашната нервоза и тиња, ала бапчорка настап. А каде поарно од екс Бихаќка, децениско комуњарското гнездо, легло на удбаши и ознаши. На свој терен, со некое дијазепамче де, за секој случај…

Вчерашната фацијална експресија на муртинскиот далаверџија јасно покажа дека е во паника, неговото уплашено фацуле најдобро и покажа на јавноста колку Зоки е упрпан од избори вон корона, за малку и ќе се расплачеше пустиот, па денеска по целодневно спремање од пи-ар тимот му недоквакан, бисерџијата мораше да демонстрира фејк стаменост, демек не е во уплав…

Па стана и си кажа човечуљакот трансформиран во праведник дека Уставот и Законите биле јасни, морало по нив да се оди, тие биле светиња, бла, бла, бла, бла… А каде беа истито тој Устав и Закони кога ги газевте и мајка им расплакавте, кога име менувавте, историја, Референдуми не уважувавте, тогаш не беа ли Устав и Закони? Ама сега т’канди, се затнало, па ЗнАЕВ дека за малку ќе се расплаче, се повикува на истите светии кои ко тоалетна хартија до вчера ги третираше. Ама сега му стребале, па битни се, многу. Најмногу…

И така, не случајно црпнатиот од нива, промовираше муртински финти среде Екс Бихаќка. Жално СДССС, на што ли спаднаа, нели.

И уставобранителот Зоки се јави. Вајстина се јави, ама под седативи де. И си кажа, ќе оделе на избори. Сами. Оти така предвидувале Уставот и законите.

Да, според новото сдсссовско толкување, Уставот и законите предвидуваат дека треба да не умрат со корона на избори, само и само за да ги спасиме од изборното фијаско кое им следува. Нема мрдање, морало да се оди. И да се испозаразиме и да испоцркаме, не е битно, ама Зокиевата правда да ја истераме. Така рече баба рогата Заев, која сега со ова ја плаши опозицијата и македонскиот народ…

Епа Зоки, чим мора, мора. Оди на избори. Среќен ти пат. Народов прогнозира дека следните ќе ги практикуваш во некоја обезбедена просторија од затворен тип. Не џабе е паниката, нели. Фер…

Една шега вели дека муртинецот во „новата“ јунска корона кампања во скафандер ко Марсовец се шетал по градови и села. Ама сите бегале од него, што од страв од КОВИД-19, што од антиационалниот вирус ЗАЕВИД-3 (3 во чест на трите аболиции)кој зрачел од него. Дури и најхрабрите СДССССовци ретко му пристапувале, макар и на два метра. Заеби вработување и унапредување, за живот се работело. Ни партијците немале доверба во него, нормално и човечки, нели…

Во едно село, пак, една баба не го приметила, па тој несвесен за тоа радосен се доближил на метар до неа и викнал од скафандерот:

-На прав пат сме бабо, на прав!

Таа, пустата, од страв паднала. Уште несвестена, ја фатила подадената рака од Зокија и станала.

И дури таа веќе на три метри се тресела и полека со главата надолу се одалечувала, му рекла низ заби: -Фала на помошта!

Црпнатото чедо, кому конечно некој несдссссовец му проговорил, скокнало од среќа и радознало прашало:

-А сеа, ќе гласаш за мене, а?

Бабата почнала силно да се смееее и да мафта со рацете, па забревтана од смеата му свикала:

-Абе Зоране, па на задникот паднав, не на глава!

 

Коронавирус