среда, 25. мај 2022. Вести денес: 138
home Колумни

ЕУовски V.S. МАКЕДОНСКИ  

Североидните властодршци, откако по наредба сменија име на држава за една е-утопија, сега можат да си го сменат и сопственото презиме. Она, како што Македонците од гнев и бес со гордост и пркос си додаваат МАКЕДОНСКИ, за да пукнете од мака, сега вие можете од срам и арам да си додадете  ЕУовски. Само така и ќе ја видите ЕУ. Во лична карта, барем. Зоран Еуовски и неговиот престолонаследник Димитар Еуовски. Колку прекрасно им прилега. Да, К/Грешник за себе со ќеф вели дека не е македонски. Има разлика со Таче и Зоче. За нив двајцата, МАКЕДОНЦИТЕ со ќеф велат дека, дефинитивно, не се МАКЕДОНСКИ...
ЕУовски V.S. МАКЕДОНСКИ  

 

Крешник/Грешник во Тирана грешеше и тресеше зелени дека не бил македонски министер. Арно ама, во Скопје не видовме Ковачевски да се зацрвени и засрами од глупоштиите на сопствениот член на владата. Громогласен молк. Калма. Ок, од една страна, Таче не смее ни на сон да го кара грешниот Грешник, тоа право го има само Ахмети. Да, ова е најпаралелната влада во светот која егзистира во неколку паралелни универзуми, од кои ниту еден не е Македонија.

Од друга страна, пак, како престолонаследникот да го кара албанскиот Грешник за нешто што самиот ментор на Ковачевски, муртинскиот монарх Црпко, нон-стоп го правеше како демек Македонец?

Грешник не бил македонски министер туку министер на измислената РС Макдонија. Црпко пак понизно се извинуваше и нозе целиваше за „грешката“ со МАКЕДОНСКА репрезентација. Грешник тоа го грешеше во Тирана, а барон Муртинхаузен својата антимакедонска епопеја ја почна во Берн. Грешник грешеше душа кон своите сограѓани Македонци во Албанија, изигрувајќи поголем Албанец од Скендербег. Заев, пак, грешеше душа и во Софија и во Атина, каде се правеше поголем Бугарин од Аспарух и Грк од Зорба, а во Скопје нон-стоп беше поголем Европеец од Шуман.

Едно му недостигаше, никогаш не беше МАКЕДОНЕЦ. И остана…

Не, не го переме К/Грешник, кој зема плата од нас притоа тресејќи зелени по светов, но прво треба да се справиме со грешниците во сопствениот двор. А за тоа актуелниве грешници мора да паднат. Од власт.

Оти, додека К/Грешник грешеше семантика во Тирана, економистот Заев оксиморонски делеше ум за излез од криза во Сараево. Експертот за правење кризи ги учеше Босанците како да излезат од неа. Можеби и ги советувал како да лапнат 1,4 милиони евра од сопствената држава? Така ли ќе си остане, се’ е простено, „вози Мишко“? Научи да продаваш пипер, продолжи со продажба на идентитетски одредници, направи империја од тендери и грантови и уживкај си? Убава порака, прекрасна…

Истовремено, болумента бугараши како ЉуБчо, Бучко и КолХозова со амин на Таче формираа „Македонско“-бугарски клуб, кој реално, треба и мора да се вика БУГАРО-БУГАРСКИ КЛУБ. Она, кога Бугарите те навредуваат и понижуваат со Ванчо Михајлов среде Битола, а ти им враќаш со конкурс за најголеми бугараши кои треба да ги претставуваат Македонците во Благоевград? И сето тоа паралелно со Бугарите кои ги бркаат вистинските Македонци од деценискиот клуб  во истиот тој град, правејќи место за македонските бугараши кои треба да го запоседнат нивното место?! Неверојатни се, нели. Ко ќе размислите, амебата, всушност, има ’рбет и половина во споредба со северџаните…

А, за да го дигнат духот на „македонските“ граѓани, од кои дел не сакаат ни да се декларираат како македонски, експертската болумента на северџаните пушта  патки дека Американците му ги истегнале ушите на Кирил Петков?! Само за инфо, дунстери. Американците им дадоа екстра евтин гас на Бугарите за да ја смират топката во најрусофилската членка на НАТО, чии граѓани го гаѓаа Петков со снежни топки заради неговата русофобија. Не им го дадоа гасот за да не пуштат во ЕУ. Причината е во чин на добра волја намалување на бугарската русофилија, не на сеприсутната македонофобија.

И не, нема да има ступиден ДАТУМ. И не, нема да ја снема ЕУ додека да влеземе. Таа ќе си остане каква што е, дволична интересџика, во тие граници ко што и си е. А ние ќе си бидеме во некое предградие и во „втора брзина“ ко што лајкуваат Макрон и компанија. Периферија, во пакетче со Албанија, Украина, Црна Гора. Современи Ускоци, за да спречиме наплив на мигранти кога треба, ислам, па и прва линија на војна за не дај Боже.

А северџаните, откако по наредба сменија име на држава за една е-утопија, сега можат да си го сменат и сопственото презиме. Она, како што Македонците од гнев и бес со гордост и пркос си додаваат МАКЕДОНСКИ, за да пукнете од мака, сега вие можете од срам и арам да си додадете  ЕУовски. Само така и ќе ја видите ЕУ. Во лична карта, барем.

Зоран Еуовски и неговиот престолонаследник Димитар Еуовски. Колку прекрасно им прилега. Да, К/Грешник за себе со ќеф вели дека не е македонски. Има разлика со Таче и Зоче. За нив двајцата, МАКЕДОНЦИТЕ со ќеф велат дека, дефинитивно, не се МАКЕДОНСКИ.

 

П.С.

Сепак, мислам дека Еуовски ќе има силна конкуренција во презимето Северџански…

Коронавирус