Колумни златен антимакедонски невро-дует

Есдесовски ФИЛИПИКИ за Филипче, враќање долгови за Таравари

 Индикативно, но во моментот двајцата назадувачи и најголеми кловнови на македонската политичка сцена ги поврзуваат токму нервите. Ликови кои наспроти наобразбата и професијата, НЕМААТ НЕРВИ т.е. трпение полека да направат пари и богатство, па како лукративни, опортунистички камикази влетаа во политикантски ол-ин авантури за да го остварат зацртаното. Без скрупули, исав уште помалку. Макијавели, вода со кофи да им носи на двајцата…

Есдесовски ФИЛИПИКИ за Филипче, враќање долгови за Таравари

Македонија стана земја во која ЗЛАТНИ неврохирузи и невролози ПРЕЛЕТАЧИ опасно си играат со нервите на народот. Башка, двајцата екс министри за здравство. Едновремено, истите се во мисија и јалово се обидуваат нездраво да ја уназадат државата. Нели ви е чудно што секогаш кога „ќе тргне работата“, дали  во економијата,  чистката со криминалот или санацијата на системот, како по некое непишано македонско правило се појавува некој или нешто за да не’ врати назад. И така, 34 години по ред…

Индикативно, но во моментот двајцата назадувачи, екс министри и најголеми кловнови на македонската политичка сцена ги поврзуваат токму нервите. Ликови кои наспроти наобразбата и професијата, НЕМААТ НЕРВИ т.е. трпение полека и „како што е редот“ да направат пари и богатство, па така хистерично како лукративни, опортунистички камикази влетаа во политикантски ол-ин авантури за да го остварат зацртаното азно. Без скрупули, исав уште помалку. Макијавели, вода со кофи да им носи на двајцата…

Мислите дека ги очекува брилијантна политичка кариера или, сепак, нивниот темен „блесок“ е супер-нова ефект? Поверојатно, второто. Логиката, кармата и искуството не ветуваат …

Знаете, едно е кога ќе те трола и напаѓа противникот. Тоа е природен тек на нештата. Арно ама, кога твоите ќе те резилат и кудат повеќе од другиот табор, е тука нешто сериозно не е во ред. Така и со есдесовските филипики за Филипче. Она, кога твоите те прават бербат. А пустите, сол го направија златновизниот Фичо, окториран „лидер“ и асли-чувар на Заевиот трон, кој повеќе од очебијно, го правеле сол или не – „солено“ си ја наплаќа улогата на Муртинхаузенов совозач.

Филипиките се говори на познатиот атински оратор и онаквојадец Демостен насочени против македонскиот цар Филип Втори Македонски, во кои искомплексираниот грчки оратор ги опишувал Македонците како варвари и ги омаловажувал јавно, поведен од огромната желба да ги претстави како народ подолен од неговиот. Најпозната е неговата трета Филипика каде за Филип, македонскиот цар, вели: „Не само што не е Грк, ниту поврзан со Грците…“. Фала Демостен, ама многу…

Зошто го правел тоа пустиот? Оти, кутриот Демостен воедно бил и водач на обединетите грчки градови- полиси во борбата против тогашната моќна македонска античка држава, која постепено ги покорувала грчките полиси и ги инкорпорирала во границите на македонското царство. Она, што и ден-денес некој не може да ни го прости. А, по Филип Втори Македонски следува неговиот син Александар Македонски, кој тотално ги докусурил…

Интересно, тогаш Филипиките биле насочени контра Македонците, а денеска служат за тролање на еден антимакедонски „лидер“, кој, пак, ја има урнебесната улога на Демостен. Да, кармата е кучка, а историјата знае да биде иронична, нели. Особено кога водачот на проретченото есдесовско стадо зад себе има дузина афери, која од која потешка и поцрна. Последната, пак, да ти била златна. Симптоматично или не, златна афера на златната кокошка на Заев, ликче кое му го зголеми азното и едновремено му служи за да го заштити истото од кривичен прогон. Тронски чувар кој е на стенд-бај за да протестира кога ќе го затворат менторот. А тоа ќе биде, на толку криминал, само прашање на време е. Знаете, златната виза е Четврта филипика за филипче, прва беше филипиката за мега-скапите вакцини во короната, втора за модуларната, третата за онкологија…

За негова „среќа“, сето ова се случува симултано во време кога Таравари покажа силна конзистентност во праксата ВЛЕЗИ-ИЗЛЕЗИ од власта, постојаност која ја докажа и со верноста ОДИ СИ-ВРАТИ СЕ кај Ахмети.

Уште еден антимакедонски статист со роља да спречи расчистување со криминалното миље, ново сидро кое ќе ја влече напред Македонија. Прелетач со тапија. Башка со многу долгови зад себе. Ама постојан во прелетувањето, мора да му се признае. Истата неверојатна конзистентност која ја демонстрира и единствениот жив поддржувач на Филипче, ултра-потпушувачот Неџо, кој остана осамен во сипањето ловорики за Венко Немирко, во исто време додека цел СДС плука по него и по штетата која и ја нанесува на партијата. Лизни мазни во низа, од Заев преку Ковачевски, па се до Филипче. И нему мора да му се признае дека е константен и има став човекот. Катастрофален и урнебесно-сервилно патетичен, ама си го има, знае да им го „земе“ на СДС претседателите инфантилниот лидеро-фалбаџија, тоа е емпириски докажано.

Во меѓувреме, во СДС ќе се натпреваруваат кој повеќе да го истрола златниот Фичо, ќе му се редат Шилегов, Куновска, Српче и цела армија ифрит наапани есдесовци кои ќе плукаат по „лидерот“ кој орно додава кофи вода во бродот кој и онака тоне со брзина на Титаник, јавно жигосувајќи го штетникот кој со две раце придонесува за пасокизацијата и маргинализацијата на антимакедонската направија.

Ќе речете, што се не истрпела Македонија, не па овие двајца невро-ајвани, но крајно време е , редно е да се прекине со третманот на овие епизодни ликови создадени за дигресија и регрес, она пусто и константно враќање наназад и државно-општествено-системско играње на тешкото со повеќе чекори наназад, отколку напред.

Преку глава веќе од сидра кои треба да не влечат напред. Немаме веќе нерви за авантури со вакви лукративни невро-опортунисти. Со ликови кои по едно водење оро, во CV-то веднаш пишуваат „има лидерски способности“…

принтскрин

Најнови вести од Колумни

To top