понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Колумни

Ем шуто, ем боде…

Ем шуто, ем боде…

Верувале или не, но патриотот Заев повторно се фали со македонскиот јазик. Бљак, нели. Како што звучи грдо и секогаш добивате нагон за повраќање кога ќе слушнете како црпнатото чедо се залага и „бори“ за која и да е македонска светија.

Да, дилајлата која го смени името на државата, без поддршка на истиот тој народ за кој јасно чувме што му посакува, исто ко и за името, сега се гордеела што македонскиот јазик, внимавајте, бил дел од преговарачката рамка за ЕУ. Ццццц…

Страшно битен бил фактот што таму некое евробирократче срочило дека европското законодавство ќе морало да се преведе пред да станеме членка?! Уууууу, јако, трогателно. Се разнежнивте и растреперивте од убаини, нели…

Ајде бе, сиктер таму.

Ало, колекционеру на шуто и рогато, трофеи на купче збрани што сега ги красат канцелариите на Илинденска бр. 2 и Вила Водно, за да сакаш нешто и да зборуваш за него, прво треба да го научиш. Така прво и насјилно ќе ја искажеш и покажеш почитта кон нашиот јазик, а не да ми тресеш нон-стоп на муртински ко навиен, а напати и екс ју есперанто, квазиб’лгарски, катастрофален англиски итн. итд. и др.

Друго, знаеш ли кога ќе треба да го преведеш европското законодавство на македонски јазик? Си кажаа, кога ќе треба да влеземе во истата таа ЕУ.

Е, а знаеш ли кога ќе влеземе во таа направија, најмногу поради твоите братја со кој договори идиотски потпишуваш без изим и чиј јазик исто така веруваш дека го владееш? Тогаш кога ќе треба да го направиш истиот тој наш македонски јазик – јазик кој се говори во С. Македонија. Мака ми е и тоа С да го напишам, а не да го верглам ко тебе 1000 пати во минута. Е, а знаеш кога ќе можеш да го смениш јазикот и нацијата да ти биде од истата таа С глупоштија, ко што бараат побратимите ти, нашле па зашле? Никогаш. Ете го твојот брз воз кон ЕУ.

Гарант не знаеш, ама вчера-завчера истите тие Б’лгари се р’чнаа и со  Србите за малцинствата и ги блокираа за ЕУ. Нас, пак, затоа што се толку искомплексирани од Македонците,  уште помалку ќе не’ штедат.

Така што, сето тоа е утопија. Исто ко твојата Северотопија. Не тутнавте во НАТО, доста беше, фала ви за прескапата цена, која не требаше да се плати, ама кај вас во СДССС македонштината е бесплатна, нели…

Затоа, Барон Муртинхаузене, не не’ убедувај во твоите блесоци и успеси на полето на јазикот и нацијата. Не ти стои да глумиш Македонец. Башка, од кого е, грдо е. Да не излезеше документот татарски, никогаш и немаше да дознеме дека преговарате со Бугарите за овие светии. Ќе си ќутевте и ќе си праевте, ко секогаш. Затоа, калма за овие прашања.

По сите глупоштии со името, двојазичноста, бришењето на се’ што е македонско од институциите, МНТ, МТВ, МИА, МОБ и др., брусењето на сонцето од Кутлеш, промената на имиња на автопати, стадиони, аеродроми, уништување на светата АРМ, Волци, верглање на името со С, сликања со УЧК орнаменти на врхушката СДССССовска и коалицијата ти со радикалите од БЕСА, не зборувај за Македонија и македонските светии, аман.

Да, калма, молчи, така барем помалку ќе тресеш зелени.

И те молам, тргни ја таа квази македонштина од дневен ред, не ти прилега. Ко слон во пижами си, аман нека ти кажат тие сурушките пи-арџии. Оние шутите и рогатите на кои им ја е.а мајката.

За тебе, чедо црпнато од муртинската нива, народот македонски има еден одличен опис, фантастично доловување на целото ти битие и суштина на постоењето и дејанијата ти сурушки. Толку кус, а толку одличен опис…

Да, старите наши за тебе и таквите декларативни дилајли ко тебе прекрасно срочиле и рекле,

ЕМ ШУТО, ЕМ БОДЕ

Коронавирус