среда, 17. октомври 2018. Вести денес: 0
home Колумни

Една година влада на Заев, една година економски пропаст

Една година влада на Заев, една година економски пропаст

Изминува една година од формирањето на владата на Заев, а ние сме сведоци на силни почетни сигнали на застој во економијата, како и немање јасен концепт каде сакаме таа да се движи. Разногласие во клучните економски ресори и помеѓу водечките луѓе на истите за тоа кој пат да се фати. Така еден ден се предлага прогресивен данок, веќе следниот има караница помеѓу министерот за финансии и потпретседателот на владата за економија колкав да биде, за веќе третиот ден да се напушти идејата. Еден ден се критикуваат странските инвестиции, следниот ден Заев оди во посета на тие инвестиции.

Ова немање правец силно влијае на неизвесноста, што е еден од клучните сегменти во економското планирање. Економијата во Македонија, која важеше за една од најдобрите во регионот со постојан економски раст, раст на градежништвото, раст на бруто-домашниот производ, раст на платите, пензиите и држава која постојано го намалуваше бројот на невработени лица, дури и во услови на политичка криза во Македонија се отвораа нови работни места и се субвенционираше отворањето на нови работни места, посебно за младите, по само една година влада на Заев економијата доживеа колапс.

Економијата во Македонија, од водечка во регионот, по само една година е на дното на Европа. Изминативе години СДСМ и Заев постојано го критикуваа задолжувањето на Македонија, постојано критикуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ја задолжило Република Македонија, а во првата половина од 2018 година владата на Заев има само нето 312 милиони евра задолжување. Во само една година економијата доживеаја застој. Очигледно дека целата влада на Заев нема никаква координација, а „советниците“ за странски инвестиции немаат никаков успех. И како да имаат кога се наоѓаат на црната листа на САД? Владата на Заев не отвора нови работни места, напротив, сведоци сме дека се затвораат фабрики, а работниците се целосно заборавени…

Целата колумна на Николоски за НЕЗАВИСЕН може да ја прочитате ТУКА