четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Колумни

Џинџер баланс има, ваксајнс ска

Џинџер баланс има, ваксајнс ска

Спокојно, народе! Смирете се, целта е остварена. Црпнатиот премиер Зоран ќе донесе баланс во ѓумбирот, не тревожете се. Само мирно, полека…

И така, по објавата на муртинскиот шутрак дека донел ЏИНЏЕР-БАЛАНС во државата, Македонија се успокои. Уфффффф, гласно здивнаа сите и се ничкосаа од олеснување. Тежок камен падна од плеќата на Македонците, кои дерман не ги фаќаше поради ѓумбирот…

А сето ова дојде толку нормално, небаре очекувано. Никој не се изненади. Па зборуваме за дилајлата која – додека тие веќе се фрлаат во некои земји, се’ уште нема поим како да донесе ВАКСАЈНС. ГРОМОЗОРНО, што би рекол ЗЗ, биљмезот кој како опозиционер изјави дека сме премногу ФРИГИДНИ ко држава во политиката, па со северна влезе во политичко-сексуална активност до бескрај, соодветна на ороспии…

Да, тоа е истиот аналфабет кој зборуваше за „Село ПОД седумте јасени“, визионер кој својот прецедник Стево го промовираше како СИДРО кое ќе не влече напред. И беше во право, за првпат. Не повлекоа, ама наназад, за сите пари…

Необразованиот демагог има милион гафови, за него би ни требал формат на „Војна и мир“ за да ги пренесеме сите негови црни бисери. Но проблем не се гафовите, проблем се Заев и неговата опортунистичка направија СДССССССССССС кои направија хаос во и со Македонија, Македонците, македонштината, историјата… Но не  грижете се, забавата е секогаш загарантирана  со ЗЗ, тој ќе тресе, ние ќе се смееме со црепот, ќе гледаме сеир на сурушот, ќе се подбиваме со шушумигата, ќе тераме шеги со копукот, итн. итд. и др. И?

И ние и натаму ништо нема да правиме…

Во 16-от век, живеел Парацелзус, доктор и алхемичар. Но не правел злато или сребро, туку вештачки човек. Човече кое требало да го одземе целото зло од оригиналот. Ефектот би бил фантастичен. Само замислете, крадете, тепате, затворате, а тие на кои им крадете, ги тепате и ги затворате ви се смејат и само ве гледаат со блажени фацички, затоа што не гледаат никакво зло кај вас. Ви текнува на еден таков случај? Еден што ве умира со/без вакцини, ве ништи национално, здравствено, човечки, историски, економски и секако, а вие му се смеете ли смеете?

Да, според легендата, сето зло си оди кај вештачки створеното човече, т.н. Хомункулус на Парацелзус. Е, сега, треба само да откриеме каде Заев го крие својот Хомункулус, нели, па ќе ја оправиме државата и македонштината. Шегата на страна, затоа што во Македонија шегата одамна ја однесе ѓаволот, но вака барем би имале логично објаснување на нашето однесување. Нашето неоднесување…

Полошо е тоа што ЗЗ хомункулусот не постои, Парацелзус не успејал во својата намера. Значи, до нас ќе да е.

Всушност, па зошто и да правиме нешто? А? Ајде, ќе му се смееме на Муртинхаузен, абе цепки е дилајлата…

 

Коронавирус