четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Колумни

Дволичниот Макрон и безличниот Таче

Дека македонската агонија продолжува, Таче го издаде токму Французинот и творец на истиот тој предлог. Се вика Макрон, оној кој ја фали храброста на Заев и не вика „северомакедонци“. Му посакуваме многу такви „храбри“ земјаци, ама прво нека си одбере страна од светот за придавка... А од дволичноста на Емануел и безличноста на Таче, повеќе пречеше само инстант-помакедончувањето на Димитровци и новинарската северџанска гарда, бљак. Не сфатија пустите лукративни превртливци и сончогледи дека Македонија, едноставно, не им прилега, не им „стои“ убавицата. А  тестот дали си или не си Македонец е едноставен, поедноставен здравје. Ако ти се блуе секогаш кога ќе ја слушнеш идиотската „северена“, Македонец си. Ако не, бркај работа, не си, никогаш не си бил и никогаш нема ни да бидеш. ТОЧКА.
Дволичниот Макрон и безличниот Таче

Прво, да бидеме на чисто. „Храбриот“ Ковачевски не го отфрли францускиот предлог, туку само го одби во „оваа форма“.  А дека агонијата продолжува, Таче го издаде Французинот и творец на истиот тој предлог. Се вика Макрон, оној кој ја фали храброста на Заев и умешноста му за менување Устав и не’ вика „северомакедонци“. Му посакуваме многу такви „храбри“ земјаци, ама прво нека си одбере страна од светот за придавка… Дволичноста на Емануел е бескрајна, толку хуманистички тиради за војната во Украина паралелно со одобрување и поддршка на класичен идентитетски геноцид на Македонците проследено со громогласно одобрување на бугарското антицивилизациско изживување?! Аха, прикаската за вавилонската блудница во нововековно хипокризично пакување. Добра комбинација, дволичниот Макрон и безличниот Таче, спотер-лик без образ, гордост, чест и ни трунка достоинство, кои доаѓаат во израз кога е во друштво на Макрон и Рама. Куку нас со вас…

Второ. Не, Таче и бандата не ја навредија македонската/вашата/нашата интелигенција со лажгите и калкулаците околу безобразниот француски предлог. Едноставно, ја покажаа сопствената/нивната/северџанската. И, зарем  помисија дека некој нормален во Македонија поверува дека Ќуран и неговата владина болумента не го имаа добиено нити видено францускиот предлог? Да, помислија пустите, но само и само оти толку им сече.

Да не се лажеме, гарант владините дилајли за ступиден и ветен ДАТУМ и на невидено параф на некој бланко-француски договор веќе имаат и ставено. Демек,  Макрон и ЕУ бандата си ги земале Петков и Гергана до себе, па без никакво знаење на Ковачевски и неговиот најверен и омилен аѓутант Османи си склепале некакво таму документче? Ај тоа, ама откако го стокмиле,  ни помалку – ни повеќе, го испратиле само во Софија, ама никако и во Скопје? Штеделе на поштенски марки ли? За колкави ајвани не’ сметаат овие политички дунстери?

И да, Заевци не ја потценуват интелигенцијата на својот народ, туку водени од својата минус 33 интелигенција ни нудат една безобразно глупава прикаска, поевтина здравје, цврсто убедени дека ќе им помине. Со сесрдна помош на нивната тазе помакедончена шарена пи-ар болумента во медиумите, НВО секторот, аналитичари, експерти, тафтабити и други опортунистички бубашваби. Заевите новооверци…

Искрено, не ве зачуди ова нагло помакедончување на комуњарските новинари и стратези? Не да ве зачуди, гарант и вам ви го побуди оној ист инстант-нагон кој го почуствува секој вистински Македонец. Нагон за повраќање, за блуење од  евтинотијата на чопорот лукративни крвоследници кои и сега, „на копче“ ко и секогаш, добија директива да ги перат своите стопани од Бихаќка. Дечки, македонштината не ви стои, патриотизмот уште помалку, не можеш  да пееш илјадници хвалоспеви за навредливата глупоштија Северна и наеднаш да сфатиш дека си ја сакал Македонија, па дури и да ја браниш од Бугарите. Уште кама и кубур ви фалеа, аман. Тарантино вода да ви носи, поевтина прикаска немало нити ќе има.

И, аман, сфатете веќе еднаш, дека Македонија, едноставно, не ви прилега, не ви стои убавицата. А  тестот дали си или не си Македонец е едноставен, поедноставен здравје. Ако ти се блуе секогаш кога ќе ја слушнеш идиотската „северена“, Македонец си. Ако не, бркај работа, не си, никогаш не си бил и никогаш нема ни да бидеш. ТОЧКА.

А вистината за инстант-помакедончувањето на Заевите нововерци и лажгите на нивниот новопечен трчи-лажи идол Таче е едноставна.

Во реалноста, престолонаследникот и бандата која се самонарекува Влада цели шест месеци „преговарале“, т.е. цмиздреле, целивале нозе и се колнеле дека ќе дадат се’ само за да добијат ступиден ДАТУМ за да докажат дома дека демек нешто работат . Така, политикантите прифатиле се’ што треба и не треба (второто повеќе) за да дојдат до најништожниот, најбеден, најсрамен и најантимакедонски ФРАНЦУСКИ договор, за кој до последно лажеа и тврдеа дека не го ни добиле.

Статива! Ги зезнаа, прво ги отепа македонската опозиција која (не верувам случајно) покажа многу народ на улица малку пред договорот, а потоа и прва го обелодени истиот тој договор кој Заевци „го немаа видено“, ги дотепаа нивните поддржувачи кои ги расчеречија на ФБ и по телевизии, а крајниот удар на Заевци им го зададе бугарската колешка-марионета Петков, кој трасна сосе влада пред  да можат со две раце  да го прифатат „францускиот“. Се зезнаа јако само ултра-угодувачите Сашо, Васко и Бучко. И не, ни сега не сфатија дека пушењето е штетно по здравјето…

И покрај се’, Тачевци чекаа до последно, убедени дека ќе се случи чудо и дека Брисел ќе најде начин за да ги протурка низ некоја мала врата, со „европско знаменце“ ко што тие ги протуркаа сите неевропски бизнис-закони во Македонија. Пак, статива. Чекаа до последно, ко мисири што вика народот. Аха, ете од каде Таче е Ќуран! И би Ќуран кој само го отфрли предлогот во „ваква форма“, но не и целосно. Мислите дека е случајно што никој во ЕУ не го сфати сериозно и тоа што Макрон и натаму се надева на решение/попуст на Таче?

Датум ска. Нити ќе има. И не, Ќуран не сфати дека испадна мисир и дека бадијала се избрукаа и се согласија дека ќе стават бугарски плочки пред великанот Самоил, дури и насмејани ќе се сликаат со нив в раце, не сконтаа дека непотребно испаднаа суруши кога рекоа ДА за менување учебници. И не мислете дека конечно увидоа дека џабе ќе продадеа јазик, историја и она трунка гордост, чест и достоинство што остана во Македонија. Не се така наштимани пустите. И, замисли,  и покрај се’, наспроти сите понижувања и гадости во предлогот кој е ЕУ-поддржан антимакедонски израз на бугарскиот шовинистички аздис и желби преточени на хартија, Тачето не рече јасно и гласно НЕ?!?!  Го отфрли само во „оваа форма“, алудирајќи дека видоизменет, зашминкан, со мал фејс-лифтинг и нема да му биде така лош?!

И додека Заевите нововерци и есдеесовски пера со патетични тиради и торжествен тон го славеа „непокорот“  на престолонаследникот и орно со две раце пишуваа епови за неверојатната храброст на мисирот поради чиј кукавичлук обелеа косите на многу Македонци, во оправдан уплав дека Ковачевски и покрај сите идиотизми и антимакедонизми во него ќе го потпише забеганиот договор, една работа остана да виси во воздухот. И да смрди, надалеку…

Она грдо чувство дека бевме и се’ уште сме на ивица на провалијата, дека со еден е… потпис ќе се сруши куќата во која живееме, дека останувате без здив, дека вриете, се вадите од такт и од кожа и пукате по шавови, непогрешлив осет дека еден сомнителен лик кој не ни смееше да стане премиер ја имаше и ја има во раце судбината на цел еден народ, неговата историја, револуционери,  јазик и се’ што ни е мило ем драго. Грдиот трепнеж и неизмерна болка од фактот што со еден обичен, беден потпис тој ист Таче можеше и може да направи многу огромни белји. Малку фалеше, а грдото чувство се’ уште е овде …

Не, немаше и нема да не уништи ниту нас, ниту Македонија, ни македонштината. Тоа се обични глупости, тоа можат само да го сонуваат Радевци и Мицотакиевци, бадијата сесрдната помош од Бихаќка. Проблемот е во континуитетот на нанесениот срам, гнев, бес, чемер и сржба од новиот удар кој така ноншалантно ќе ни го нанесеа и се“ уште можат да го нанесат Заевци со овој забеган потпис за отпис на македонштината од кој за малку куртуливме. Часови, не денови беа во прашање. И повторно се…

Велат, секое зло за добро. Епа, ајде, ова да ни биде ука, ама голема. Да ги тргнеме овие антинационални бандити од влада, да им ја ускратиме можноста да не доведуваат во ситуација да паѓаме во национален транс и пак да им се заблагодаруваме на Бугарите што им паднала владата, оти можеби следниот пат нема да ја имаме таа среќа.

Да не се лажеме, ако веќе не потпишал, безличниот Таче до крајот на месецот поттикнат од вљубениот во Заев дволичен Макрон можеби ќе потпише. Со насмевка, разбира се. Оти мора така, поинаку не бива, теледиригираните кукли како него не решаваат за ништо. Само потпишуваат, беспоговорно, без емоции. Може пак ќе не спаси дилајлата Трифонов или суртукот  Константинов? Јок, Бојко се испазари за слобода и ни ја смести, а Емануел и натаму чека на одобрување од бугарскиот парламент. Не бадијала, Петков таму ја адресираше одговорноста и изимот за „предлогот“, нели?

Замислете само, влада во оставка на Петков и влада на Ковачевски која никогаш и не смееше да стане влада да ни го земат јазикот, историјата и македонската иднина? Не дај Боже, да се надеваме дека оној со далечинското за теледиригираните „харвардовски“ кукли во Скопје и Софија има барем уште троа скрупули или, поверојатно, слаби батерии…

И уште по ДА, ако не во јуни, Ќуран следниот пат во септември, октомври, декември ли, гарант ќе потпише. Ајде, да не се кладиме, туку  да превенираме уште една таква антимакедонска шанса, оти крајно време е да му го земеме пенкалцето (моќта и власта) со кое потпишува (потпушува не случајно има само една буква разлика) и набргу да го отпишеме од Влада, а потоа да го запишеме на забрзан курс за македонска историја, а следно и во историја. Бојата на историските страници каде ќе „обитаваат“ со монархот Црпко и компанија ја знаете…

Коронавирус