четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 88
home Колумни

Двапати Мери-ОТ, еднаш сечи

Двапати Мери-ОТ, еднаш сечи

Си бил еднаш еден Зоки. Пустиот не бил ниту најумен, ниту најобразован, начитан уште помалку,  најталентиран за политика најмалку, ама бил мноооогу упорен. И послушен, башка. Ако на нарачателите нешто им затребало, марионетката реагирала оком-скоком. И така, успејал. Го нарекле Зоки Корисниот. Корисен за сите, освен за Македонците и Македонија…

Поучен од своето поведение и „успех“, Зоза нешто и научил. Од личните не/дејанија, сфатил неранимајкото, колку и да не му сечела црпката, дека за да оди напред мора да најде ликови ко него, услужни, корисни, фацки кои не прашуваат многу-многу. Во конкретниот случај – дилајли без свое јас, кои ќе глумат опозиција. Таа и му била најголемиот проблем. Со своите се снаоѓал, лесно. Ги вработувал, унапредувал, па тендерче ли. И ЗЗ сит, и сите ажурирани СДССССС-овци на број. Проблем му биле опозиционерите. Па му светнало – раздели па владеј. Добро, не нему, ама некому му текнал „новитетот“ стар милениуми…

И ги с’снал и пуштил гавазите комуњарски во потрага, па загарите набргу намирисале десетина фацки со голем талент да бидат нечии марионетки. Ако платиш де, нормално. А Зоки Корисниот не мањкал со тоа, азното украдено од државата чие име менуваа прелевало. Дерман немале…

И така, ЗЗ ги црпнал своите вмровци од нивата незадоволници. Кој наапан поради лошиот статус во партија, повеќето заглавени со криминали, а дел од политички импотентните чеда виделе шанса со помош на пропагандната машинерија на СДСССССС да излезат од калта. Имале неколку сличности – лепливи рачиња, непособност на секое поле, комплекс на нижа вредност и податност за улога на корисни идиоти…

И така би ЗАЕВИОТ ВМРОВЕЦ. Ликови создадени според ликот и неделото на мутринскиот алаш-вериш прекупец. Дел дури и фацијално личеле на него, а повеќето имале идентична состојба на умот. Празна…

Создавањето на франкенштајновите монструмчиња, овојпат од д-р Заевштајн, на екс Бихаќка се прославило со црвен тепих и неизбежниот чочек. Ист ко во тунелот, по изборите во Штип, уходана работа, нели…

Зоза, пак, бил најсреќен. Сега си имал една послушна чета диверзанти, демек патриоти кои муљале и дека се мозочно немиени. Па штом му стребало на црпнатото чедо, скокале од кутијата ко кловнови на федер. И фејк-опозиционерите плукале ли плукале по опозицијата, диверзии правеле, лажни вести пуштале, спинови и девалвации смислувале. Која од која покомуњарска финта од демек вмровците излегувала.

А на СДСССС, ваквите Заеви Вмровци им требале многу. Оти чедата комуњарски од кујната на екс Бихаќка дневно по 5-6 глупости и идиотштини штанцале, па постојано некој морал да ги пере ли пере. Дерман се немало. Па така, извршителите водени од мотото „Двапати мери-ОТ, еднаш сечи!“ (наредбата доаѓа од собата на ЗЗ во хотелот, а да се потврди морало и од претседателскиот апартман како изим за да „сечат“ т.е. напаѓаат) честопати требало да се пуштаат од ланец. И си одработувале душичките јаничарски, кои ко пит-булчиња со полни мешиња скокале околу газда Зоки. Па плукале, конгреси закажувале, реметеле врхушка опозициска, песок секој ден во сојузничката осовина сипале…

Не било битно што Зоза се спремал историја на Бугари да им продаде, лични документи за Грци да менува, Попис за Алија и Артан Нежниот да стокмува, не било проблем што власта коленичела за вакцини, а Македонија благодарение на СДССС била светски шампион во смртност и регионален во корупција, сиромаштија, несреќа и антинационални реметења на Македонците и Македонија заглавена ко возот в снег. Јок, тоа не било проблем за Заевите Вмровци, тие си имале 3Д задача – дефокус, девалвација и дигресија.

Ок, уште некој да им верувал де. Имале фалинка – кредибилитет сличен на создателот, Барон Муртинхаузен. НУЛА. Арно ама, пит-булот ко ќе фати, не пушта. А газдата дарежлив ги с’ска ли с’ска.

 

Само, можеби некогаш и ќе сфатат апаратчиците дека е многу подобро да издадеш книга, отколку татковината, каузата и македонштината…

ЕУРО 2020

Македонија