четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Колумни

Двајца гилиптари, 3.716 починати…

Двајца гилиптари, 3.716 починати…

Заев, Венко и Караџовски последни сфатија дека пописот во Македонија треба и мора да се одложи. Супер. Велат, подобро некогаш отколку никогаш. Во нивниот случај, сепак, подобро никогаш и да не дојдеа на власт, отколку некогаш. Факт. Многу Македонци ќе беа живи, доколку не дојдеа. Да, ќе ја немаше ни северната им глупоштија, која не донесе „живот“. Најпромашена кампања во историјата на човештвото, оти донесоа само смрт. И фигуративно и буквално. На сите можни полиња…

Сега, благодарение на нивната „победа“ на 27. април 2017-та, во државата имаме двајца гилиптари, Зоран & Венко, и 3.716 починати македонски граѓани. Да не беа овие првите, гарант овие вторите ќе беа многу помалку, ама Македонија и Македонците никогаш не учеле на полесниот начин. Историски факт. ОК, Артан Нежниот е гилиптар вон конкуренција, ВИЦЕгилиптар…

А гилиптарите, е тие срцките си покажаа кои се и зошто се со возењето моторчиња  дента кога починаа 34 луѓе. Тоа ви е ко пола село во РМ. Многу погреби, премногу за еден ден. Ама гилиптарите возеа ли возеа насмејани. Ја знаете дефиницијата за гилиптар  – локален мангуп, без вистински смисол за хумор. Вака, барем, Вујаклија го објаснува поимот ГИЛИПТАР. Овие нашите гилиптари, пак, дефинитивно немаат смисолот за хумор. Немаат ни осет, ни трунка совест, на страна скрупули за маката на сопствениот народ. Нашите гилиптари озарени си се возикаа со скоро четири илјади мртви од корона во нивно владеење, со целосна албанизација на државата, со економска бездна која ја ископаа самите, со национална провалија во која ја фрлија РМ во нивната еднострана љубов со Бојко, Красе, Загариева, Ципрас, Коѕијас…

Гилиптар подразбира и неспособен, евтин и проѕирен продавач на магла и „тестиси за бубрези“, лик кој е постојан и непресушен извор на подбив и мајтап. Е, тоа, нашиве двајца гилиптари Зоче и Вени го имаат. На претек. Вториот под влијание на првиот, кој велат го маѓепсал со муртинската прикаска дека ќе биде новиот Заев на врв на СДСССС, направија на која и БНД на Убавчо Каракачанов може вода да и’ носи според нанесеното зло на Македонецот. Она на Красе е во обид, нивното е докажано…

И да не се лажеме за да ни биде полесно, гилиптарите никогаш и не сфатија дека Пописот ќе направеше вистинска кланица и дека со нивните партиски избори и обуки за попишувачи придонесоа во смртта на 3.716 починати кои прогресираат само и само поради неспособноста им да донесат вакцини. Јок, премногу се тапи и самобенсидани за тоа. Да не беа, одамна ќе си дадеа оставка и ќе фатеа „усвета“ од пусти срам. Да, крајно време е да престанеме да се крстиме во нивните скрупули. Од најпроста причина, оти имателите на Даниел-Кругеровиот ефект кај нас немаат ни „С“ од скрупули, осет, совест…

Еден пријател ме потсети дека според Фројд, целосното отсуство на срам е најдобар аларм дека станува збор за глупав човек. Ви текнува на некој ваков бессрамник? Множина? За жал, да…

Е, истиот тој Фројд објаснува и зошто сме таму каде што сме и чуму сме толку поделени и загубени во македонскиот превод. Вели дека кучињата ги сакаат своите пријатели и ги касаат непријателите. Цени и дека  луѓето не се способни за таква, чиста љубов и  дека секогаш ја мешаат љубовта со омразата.

Што е право, можеби Македонците и не би „мешале“ толку многу, кога пропагандата и забревтаната Фабрика на неолибералните комуњари така насушно и секојдневно не би им „помагала“ во мешањето. Одамна, подели и владеј е излитена фора за северџаните. Уште поодамна, на неолибералната , сороспијска сцена владее – збуни ги, со лага насочи ги контра пријателот, раситни ги, натерај ги да не гласаат, насочи ги да се изедат меѓу себе и владеј…

И така, со години, Заевци на власт ги избираат добрите, вистински Македонци кои си седат дома, не гласаат и не излегуват на улица. Вистински џек-пот за секоја антинационална влада.

Да. Тендерите изеде’ни, ама држа’вта стоооо…

Можеби и „стоооо“, ама тоа е во „вашата држава“, која одамна не е нашата Македонија.

И крајно време е да си ја вратиме.

Пред  да бидне „Македонија’та изеде’на, ама територија’та стоооо…“

Коронавирус