среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 94
home Колумни

Дно

Дно

Дното е феномен, од многу аспекти интересен за опсервација и детално анализирање. Во принцип дното е негативна илустрација на одредени природни, општествени и економски категории и со своето постоење ни дава сигнал за лошиот правец во кој се движиме, или пак претставува ориентир за очекуваните негативни последици по неговото допирање.

Македонија во својата традиција, низ вековите, му придавала соодветно значење на дното, познавајќи ја неговата суштина, која како таква, длабоко се инкорпорирала во колективната свест на македонецот и му помагала да живее и преживее покрај него, како нужно зло и закана што опоменува. Не случајно, македонскиот слободен говор содржи безброј идиоми, во кои како лајт мотив, дното се појавува со сета своја реална, предупредувачко – загрижувачка и тривијална димензија и значење.  “Дупло дно” е една од тие форми, која го истакнува погубниот карактер на едно промашено постоење однапред и судбински осудено на пропаст, по должината на својата севкупност. Она што во оваа насока е особено интересно, а истовремено и мошне важно за овој аспект од опсервацијата на дното е неговото постоење во примарна (основна) и дупла (двојна) варијанта во облик на homo sapiens, кој само привидно, по своите физиолошки карактеристики не се разликува од претходно споменатите облици на дното.

Дното од човек, е распространет облик на несреќа, која само привидно ги заслужува основните постулати на почит, взаемност и емпатија од општеството во кое егзистира. Реално, таа движечка несреќа, во својата проста структурност (составена од јадро и камшиче кое и помага при движењето) во синџирот на исхрана на природата, е позната како фецефагус, чија цел се дериватите на метабoлизмот на од неа повисоките еволутивни форми. Можеби името на Бранко Тричковски би било најубедлива потврда на досега изнесеното.

Фецефагусот како облик на живот, најчесто живее во соодветна, најчесто фецефагусна средина, која  овозможува креативен развој на фецефагусот, до степен на полифецефагус. Во таа насока, овој основен квант на мизерност, добива право да се размножува до степен на намера, однапред знаејќи дека, во потполнување на циклусот, за него е недостижна етапа од фецефагусниот развој. Од останатите привилегии кои фецефагусот ги ужива во општеството, само би ја навел неказнивоста, како основна привилегија за своето делување во процесот на фецефагија. Здруженијата на новинари, институтите за медиуми, орвеловото министерство за лаги и благосостојби, како и хелсиншкиот комитет за заштита на фецефагусот, се само дел од институтите, со чија помош основниот облик на дно, за жал сеуште егзистира во домашни услови.

Конечно, Јавното обвинителство, со веќе видената леснотија во однесувањето воопшто не помислува барем да даде некакво соопштение за криминал од омраза, коко да е тоа нешто најневажно во државата. А толку време се расправаше за донесување на закон кој ќе бил проевропски. Давање на вакви соопштенија е дел од законот, иако имаше мислења да не се вметне таква одредба. Знаеме со каква дрскост се поднесувале кривични пријави за многу побанални ситуации оквалификувани како “говор на омраза” или “криминал од омраза” и биле изрекувани кривични пресуди. Но за овој лик, се што е “ненормално” е ”нормално”, и никој не го регистрира тоа. Невкусно е после некој да се колне во владеење на правото и правна држава, посебно не од овие институции и од тие што управуваат со нив. Правната сигурност во државата станува апсурд, затоа тешко ќе се отворат поглавјата 23 и 24, со кои секогаш отпочнуваат преговорите со ЕУ.

Сигурно се прашувате дали оваа немила појава подлежи на било каков појдовен облик на ирезистентност или народски кажано, постои ли ефикасен метод за заштита од дното или фецефагијата, како деструктивна појава во нормалните  (антифецефагните) општества ?! Компаративните искуства говорат дека повлекувањето на врвката од тоалетното казанче, дава одлични резултати.

Проф.д-р Александар Даштевски

Локални избори 2021