понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 57
home Колумни

Диригентот Заев е гол, башка бос…

Диригентот Заев е гол, башка бос…

Заев да ти диригирал со судството и со обвинителството?! Аууууу…

Оваа вест би предизвикала страшна драма, тектонски промени во политиката и револуции во која било друга држава во светот. Особено, кажана и срочена лично од екс премиер, сегашен лидер на владејачка партија. Абе, хаос би настанал, а доколку не  е тиранија или диктатура, истиот тој диригент би си ја наведнал главата насадена на свитканата кичма и би си дал оставка, молејќи го народот за прошка за злодејанијата со кои е жив фатен.

Да, за наша жал, тоа би било во некоја друга држава, некоја која не живее во хибриден ГМО режим, некаде каде политичарот има и сноси одговорност, некаде каде владата се плаши од народот, а не народот од неа…

Е, поради голата и грда вистина дека во моментов сме неколку светлосни години далеку од таквите држави, во нашата мила Македонија ваквата вест беше прифатена како ДОБАР ДЕН. Отиии, полека но сигурно, станавме држава во која е ненормално да си нормален. И обратно…

Ова Зокиевото стана нешто толку „нормално“, нешто што се подразбира, нешто што би ве изненадило само доколку не е така, нели? Па разбира се, што друго Зоки и би можел да направи, зарем некој нормален во државата силувана се сомневаше дека е така? Постои ли жив и здраворазумен човек кој некогаш , макар на момент, помислил дека црпнатото чедо не диригира со судството и обвинителството? Родила ли македонска мајка таков?

Јок, треба да си мозочно МИЕН и минимум два-три тендери да имаш ќарено од Зокиевата владичка за да мислиш спротивно. Всушност, да бидеме фер, ниту чедата од СДСССССС не мислат поинаку, си знаат колку му лепи рачето на лидерот, а уште подобро како ги диригира сите работи во Македонија. Знаат, оти тие се конкретните извршители на истите дела. Да, оние „пошколованите“ ќе добијат и награда за да замижат, членство во Венцијанска комисија ли, милионски тендер ли, баснословна сума од Фонд за иновации ли, амбасадорско местенце, стипендија солена за ќерка ли син ли, место во кабинетот на Пендаровски ли, ама си знаат: Најубо од сите знаат што се’ и направија на државата, како искамчија две двотретински мнозинства, како име и Устав сменија, како двојазичност донесоа итн. итд. и др…

Вие, мозочно НЕМИЕНИТЕ за разлика од нив и го кажувате тоа, тие, пак, само си шушкаат, ама јавно полни усти за право и правда имаат.

О, да. Па токму Зоки пред една недела „чекореше за правда“ и марш предводеше. Така смирен што му ја изгласаа аменстијата наречена Закон за ЈО или т.н. ЗОКИЕВ ЗАКОНИК,  тој целиот озарен и со сиот ум и без срам и перде „чекореше“ за да ги притисне судиите, ишарет да им даде јавен за да ги затворат клетите вмровци.

Арно ама, „бомбата“ пукна во скутот на бомбашот, не бадијала велат дека оној кој со меч живее, од него и гине. А токму црпнатиот политичар, оти толку му сече, јавно се фалеше дека е Бошко Буха, а тој да ти загинел фрлајќи бомби?! Упс… Да се разбереме, зборуваме за политичка неутрализација, далеку од оној некрофилот што тера се’ у ТРИЧКУ лепу материну.

Нејсе што гласот никако да допре до Јовески праведникот, нејсе што оној кој се слуша на „бомбата“ наместо да дели правда и да се правда по интервјуа треба со Катица да дели покрив, вистинскиот проблем е што доколку не се смени власта, тоа ќе си остане така за век и веков.

Заштитен ко мечка велат. Не, мечките не се толку добро заштитетни, башка што тие не се канибали како нашиов и не јадат живи мечки…

А, ви текнува ли на „Поткуп“? Си спомнувате кого слушавте како пред цела Македонија (тогаш ни името и го немаа времено сменето) бара едно евро за Вице и едно евро за црквата (која и ден-денеска ја нема), за да по 4 години (кога се објави целата снимка) да сфатиме дека се работи за три евра – едно одело и за општината, демек. Е, само спомнете си како „заврши“ овој случај, во канта, нели. Нејсе и што гарант до кантата на Јанева била и торбата на Бокија. „Пуч“ кога уценуваше и со „бомби“ избори бараше, истите од кои денеска пати, исто така – во кантата, веднаш до Луј Витон торбулето. А „Глобал“, кога БЦ го амнестираше ЗЗ, својот чувар на тронот, во случај на рекет т.е. мито од 7 милиони евра, и тоа уште во процес прекинато, без абер од пресуда?

Епа,  со „бомбата“ и неверните Томи дознаа дека диригенството било насушно хоби на екс премиерот, секако, освен продажбата на големо на националните интереси и матните бизниси на вице-премиерот.

Другиот дел од оние на кои мораш да им нацрташ за да поверуваат, дознаа и чуму Зоки толку притискаше за Законот за ЈО. Да, дури и разоШараните увидоа кој оксиморон едно време беше прв човек на реформите во судството.

Јап, дури и МИЕНИТЕ сфатија, мада замижувајќи малу, дека Зоки чекорел за правда само за да превенира чекорење во затворен двор во одреден термин на денот. ЧЕ СИ ЧЕКОРИТЕ, нели…

Овојпат, за разлика од прикаската, не требаше невино  дете да посочи со прст и да покаже, туку „бомбичка“ за да обелодени дека Заев е целосно ГОЛ, башка и повеќе од БОС. Кој знае уште колку такви експлозивни направии ќе се изнаслушаме…

И не заборавајте, дека лошите политичари се директни избраници на добрите луѓе кои не гласаат.

Држи и муабетот дека политичарите се како воздухот и водата. Не толку есенцијално потребни де, туку слични  по една работа.

Кога се „лоши“ т.е. контаминирани, нивното заразно влијание се приметува на лицата на сите.

Македонија е добар пример…