Колумни Макијавели се засрами

Дестабилизацијата, знамето и мечката наречена „да се биде во ОПОЗИЦИЈА“

Ок, а што друго и би очекувале од вакви, матни ликови, освен да „бистрат политика“, нели? Можеби и нешто друго, како создавање меѓуетнички тензии? А, зошто би, побогу? Па, едноставно, за да се вратат на власт. Кратко и јасно. Кратко ко списокот на нивни пратеници и јасно ко желбата за моќ, тендери, грантови.  Второто се гледа од авион. За првото, пак, ви треба лупа. Или микроскоп, поверојатно…

Дестабилизацијата, знамето и мечката наречена „да се биде во ОПОЗИЦИЈА“

Наместо да замафтаат со бело знаме, со кое би признале дека се поразени и дека не можат и не знаат да се носат со политичкиот противник кој преку работа и идеи ги намачка на леб и декласираше на избори, СДС и ДУИ искористија знаме, башка државно, за да запалат меѓуетнички тензии и да стартуваат едно бедно, патетично сценарио. Да, ако не знаеш друго, удри на национализам. Стара, прастара стратегија. За жал, бедна и веќе видена. Башка, репризирана којзнае колку пати. Порепризирана од „Брилијантин“ за Нова година…

Симптоматично или не, но седум години кршеа закони мафтајќи со европско знаме по собрание, а сега со мафтање албанско и кинење македонско сакаат да се вратат како мнозинство во истиот тој Парламент?! Лоша, грда навика за злоупотреба на знамињата…

Факт е дека „знаменосците“ на СДС и ДУИ, односно носителите на партиите и творци на пропагандата и имиџот на истите, повторно влегоа во матни води. Ок, а што друго и би очекувале од вакви, матни ликови, освен да „бистрат политика“, нели? Можеби и нешто друго, како создавање меѓуетнички тензии? А, зошто би, побогу? Па, едноставно, за да се вратат на власт. Кратко и јасно. Кратко ко списокот на нивни пратеници и јасно ко желбата за моќ, тендери, грантови.  Второто се гледа од авион. За првото, пак, ви треба лупа. Или микроскоп, поверојатно…

И да, повторно онаа старата за уште постарите кучиња кои не можат да научат нови трикови. Па одат со она што, единствено, го знаат. Удри на национализам, меѓуетнички поделби, шири омраза, гнев и бес кај двете страни, па поентирај од истото.

Макијавели може вода да им носи на Алија и Вени, а ако се сомневате, сетете се на минатиот им труд. Едниот продукт на војна во 2001-та, другиот производ на нечија потреба за чување на престолот. Али владееше 22 години, сака барем уште толку, а Венко живее во надеж дека некогаш стопанот Заев навистина ќе му даде да биде вистински претседател на партија, па ако биде умен и послушен – можеби и премиер, абе барем 22 дена. Да не пукне пустиот, толку изгорен за моќ и власт што ако треба и до „утре сабајле“ ќе му го чува столчето на Црпко.

А двајцата, за нивна жал, со бааги слаба можност за исполнување на желбите. Таксират, кој ги принуди да „удрат“ на разгорување тензии. Лесно им е, оперирани од скрупули, а државата, таа никогаш и не им била битна, народот, уште помалку. Битно е тие да се на власт и добро ухлебени, со можност за аздис, рушвет, хациенди, мито, џипови, соравии, тендери и корупција. Другото, може се’ да оди по ѓаволите. И морските вештерки, ако треба…

Во случај и натаму да не верувате, сетете се на промената на името на државата, на киднапирањата за уставни измени за истото, на командантските денови на Али, на неморалноста и недостигот на одговорност на Венко по горењето на 14 живи луѓе во Тетово, за Онкологија и да не зборуваме, па на затворањето на патриоти по зандани за показна вежба, на изживувањето и филмски апсења на министри и екс функционери, на сета ароганција, арамилак и бескруполозност со која прштеа цели седум години, умислени дека ќе владејат уште сто години, не сфаќајќи дека никој и ништо не е вечно. Најмалку антинационалните кондоми…

Во животот, жените кои бараат живот од бајки, најчесто добиваат маж од басни. Во политиката, пак, оние кои бараат преку леб погача и ја потценуваат интелигенцијата на сопствениот народ, најчесто добиваат клоца и „двојка“ од суверенот на државата.

Промените започнаа, сакал некој да признае или не. Промени, кои треба да ја ремонтираат и оправат девастираната држава најдобро опишана во вицот за Французинот кој бил нападнат од мечка на Шара, па го однеле во Тетовската болница. Кога се разбудил и видел каде го однеле, се вратил кај мечката…

Така, најверојатно ќе биде и со ДУИ и СДС. По екскурзијата со мизерниот обид за дестабилизација, сега ќе им ја спукаат од амбасадите. Па, сакале или не, ќе си се вратат кај „мечката“, кај она од што најмногу се плашат, а толку добро им прилега. Во опозиција…

 

To top