четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 53
home Колумни

Денот на „зависноста“

Денот на „зависноста“

Се ближи 8- ми Септември, денот кога е оддржан референдум во Македонија, после кој доаѓа до одвојување на Македонија од Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Референдумското прашање беше: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Наскоро после тоа е донесен Уатавот на државата во кој уставното име врз основа на резултатите од референдумот беше „Република Македонија“.

Денес сме на прагот на прославата на тој ден за прв пат со променето име. Ајде што е променето, ама не смее да се спомне зборот Македонија и тоа дополнително ја отежнува работата. Сега официјалните државни органи „гордо“ се префрлија на терминот „Ден на независноста на државата“ без да се спомне никогаш и никаде на која држава. Така доаѓа уште понепријатно, зашто ако праша некој на која држава, тоа би било прашање на кое не смее да се одговори. Зошто? Затоа што е сменето името на таа држава чии граѓани со 95 процентно мнозинство на задолжителниот референндум изгласале  дека се за слободна, независна и самостојна Македонија со македонски народ.

Но не е само тоа. Се поставува и прашањето дали ние сме навистина независна и суверена држава, бидејќи суверенитетот произлегува од народот, а народот гласаше за друго име не за ова што сега е во технички(насилно) променетиот устав врз основа на „Договорот од Нивици“. Ако нам ни се наметнува нешто за кое не можеме да одлучиме сами, како на пример што да ставиме во преамбулата на уставот, тогаш ние не сме самостојна држава, бидејќи не одлучуваме самостојно туку по желба на други држави. Што се однесува до суверенитеот. Повеќе пати е објаснуван Членот 2 точка 1 од Повелбата на Обединетите Нации кој гласи: „Организацијата на обединетите нации е заснована врз начелото на суверенитет на еднаквост меѓу сите членки“. Сега нема да се објаснува повторно, туку ќе се напомене како тој член не се применува во пракса што е спротивно на Меѓународното право.

На пример, ние сами си го ограничивме суверинитетот, па така потпишувајќи ги „Договорот од Нивици“ со Грција и„ Договорот за добрососедски односи со Бугарија“, потпишавме дека ќе ја смениме во првиот националноста и јазикот, но и историјата, културата и образованието, а во вторииот историјата. Постапувајќи според првиот договор каде што во Член 1 точка 3Б пишува дека„ националноста на втората страна(Македонија) ќе биде Македонци/граѓани на Северна Македонија, како што ќе биде запишано во патничките документи“ може да се забележи дека тоа е еден нејасен член кој му нанесува огромна штета на суверенитетот на државата. Имено,евидентно е дека дека македонците, односно нивниот идентитет не постои со ова решение. Уште сега во државјанствата наместо зборот македонец/а се користат коси црти. Зошто? Затоа што со тој договор македонците и македонската нација се избришани. Едноставно постојат само „граѓани на Република Северна Македонија. Тоа се оние кои живеат во неа.

Но бидејќи другите граѓани освен досегашните македонци имаат своја националност изразена во национална држава, како албанци, срби, турци и тн. произлегува дека единствено поранешните македонци не се ништо друго туку само„граѓани“ па затоа никаде и никогаш не смее да се спомне македонец/ка, ниту македонски/ска, а одтука доаѓа и онаа кованица„едно опшество за сите“. Ако некому тоа не му е јасно може да се увери од изјавата на премиерот на Бугарија Бојко Борисов, кој на една пресконференција два пати го нарече Претседателот на државата „Северномакедонскиот Претседател“ ставајќи посебен акцент на тоа, а потоа кога по реакција од македонските медиуми се извини рече: Јас се извинувам не требаше да кажам така туку „Претседателот на граѓаните на Северна Република Македонија“, што е уште понавредливо и значи дека терминот „макесонска нација“ за меѓународната заедница не постои, а за тоа не е виновен никој од странство, туку ние, односно нашата држава, преку актуелната власт. Ова цело време го објаснуваше и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас пред да се потпише договорот, па затоа нивната тогашна опозиција срамежливо се спротиставувашњ на договорот, а на нас ни беше пласирано како „шарена лага“ дека нацеиналноста и јазикот ќе бидат македонски(забетонирано).

Има повеќе фактори кои го ограничуваат нашиот суверенитет. Ние и така до сега се водевме како полуслободна држава, а сега веќе не сме ни тоа. Покрај во меѓународната политика и во домашната политика, ништо не зависи од македонците. За да се состави влада потребно е да учествува најголемата албанска партија и за донесување законотите да се примени бадентеровото правило. Така покрај охридскиот рамковен договор, кој исто така не се почитува на штета на македонците и другите народи во Македонија, еве да го земеме само бројот на вработувањата кој сега изнесува многу повеќе од 20 посто, на сила е и „тиранската платформа“ донесена од соседна држава по налог на странски премиер, која беше меѓупартиски договор помеѓу СДСМ и ДУИ и која се спроведува во пракса. Како пример ќе го посочам само Законот за употреба на јазици(иако скоро целата платформа е спроведена) кој стапи на сила, иако е спротивен на Уставот.

Може да се наведат многу примери за тоа дека ние веќе не сме независна и суверена држава, но еве само уште еден околу историјата, за да стане појасно колку само граѓаните не се свесни за тоа. Овој пат за историјата. Кога Заев изјави дека Илинденското востание е македонско, ама бугарите можат да го прославуваат ако сакаат, Борисов го предупреди дека поради таа изјава Бугарија може да стави вето за прием на Македонија во ЕУ. Тогаш Заев се извини и ја повлече изјавата. Но, ако илинденското востание не е наше, кое се случило во Крушево, ако цар Самуил е бугарски цар, а седиштето на неговата држава било во Охрид, тогаш станува јасно дека Македонија не само што не постоела, туку по склучувањето на овие договори пред се Грција го оствари својот план за враќање на состојбите од Версајскиот договор. Во спротивно, постојано ќе имаме мешање во внатрешните работи(вето) од соседите.

Конечно и она што е дозволено во Договорот од Нивици според Член 7 точка 5 придавката/ите „македонски“ да можот да се употребуваат од граѓаните на двете страни, се казнува се суспендира и се омаловажува од наша страна. Кога ќе смените име кое се користело слободно, еве да речеме 75 години природно ви доаѓа да го исговорите старото име, но сега тоа станува опасно. Како пример да го споменам името на МЗТ Скопје на кое поради седиштето и финансиска подржка му беше додадена придавката „Аеродром“ без „ј“, навивачите по навика си го викаат само „МЗТ„ иако Тито е одамна починат.

Од сето ова наместо да се срами и да се плаши актуелната власт таа се „гордее„ со тоа. Ваквата гордост често се пласира со НАТО и ЕУ перспективата, иако знаееме дека втората е многу далеку. Тоа ја охрабри во засилувањето на организираниот криминал и корупција, во невидена конструкција на „рекет“ до сега не само во земјата туку и во регионот, што се во целосна спротивност токму со ЕУ вредностите.

Се надевам дека наскоро ќе почнеме да ги решаваме овие проблеми, да си ја вратиме„украдената држава, да ги вратиме иселените македонци и да не дозволиме масовно иселување на стотици иљади граѓани, кои се разочараа од оваа власт. Исто така, да не дозволиме во оваа безвластие „Биг Мајк“ да не направи најголема нарко држава, како што самиот изјавува во видео обраќање. Знаеме дека надежта последна умира, но на овие простори имаме и вековно искуство во тоа.