Паника ли е предизборна, што ли е, ама ергелата на СДСССС повторно заблеска. Многу интензивно. Мрачно, ко што си знаат де…
Во еден ист ден, доживеавме вистинска канонада на проблесоци од повеќе страни, дерман да се немало од талентот на Заевите поданици, ама скроз. Ве тера да се запрашате, намерно ли прават глупости за да го одвлечат вниманието, па по директива на стратезите од екс Бихаќка јавно се глупираат? Хммм, „могуќе“…
Или ќе да е талентот насушен, кај лидерот им највидлив, па несакајќи се брлават и тресат зелени? Едноставно, си ги бива, па сакале ил не, поривот шалабајзерски не можат да го сопрат? И ова е можно, башка им прилега..
Третата, исто така веројатна опција е дека присуствуваме на натпревар. Ви текнува на филмот „Вечера за шапшали“, кога секој си носи по еден тапчо со себе, а победува најдилајлата, оној кој ќе направи најмногу глупости? Епа, на таква вечера на екс Бихаќка би имало силна конкуренција, а на Илинденска бр. 2 многумина би се квалификувале во финалето. Тесна битка би било тоа. Епа, веројатно е и да присуствуваме на таков натпревар…
Па како би ги објасниле рафалните дилајла реакции од врхушката владејачка. Она кога Манчевски во ист ден крајно политикантски тресе дека литијата во Струга предизвикала големо ширење на заразата во градот на поезијата, а таму за три недели се заразиле само 5 души во целиот регион? Заборави ли Дамјанот дека не е Среќна Нова ’49-та и оти сега податоците се на дофат на раката, треба само еден клик, нели? Упс за фејкњузот, ама очебијно, навика си е навика…
Интро на Дамјанот му беше Нина Глупер, која среде прес-конфереција се испокара со новинарка и делеше совети како треба новинарите да работат, па била „врло изненаѓена и увреѓена“ од односот и прашањето итн. итд. и др… Она кога министри, дел од врвните експоненти на СДСССС, го покажуваат вистинското лице на партијата. Или пре ќе да беше бизнис кооперација…
Јаготката на шлагот беше Тозија, режисерот кој изрежира антихрватски дејанија, нарекувајќи ги во низа писанија претседавачите на ЕУ – ФАШИСТИ. Епа, ви текнува, не била случајна грешка онаа поштенската марка на 9-ти мај за Денот на победата со Павелиќева фашистичка Хрватска, некој навистина мисли така. Иако, мора да признаете, и тоа несакајќи беше одличен спој на Северен Хунташки Заевистан и Павелиќева Фашистичка Хрватска…
Да, блескаше и Костадинов, на Заев детето, кој покажа зошто кога некој од СДССС гостува, емисијата треба да се преименува во „САМО НЕВИСТИНА“. Си го бива човечето, факт неприкосновен…
Крајот делото би го красел кога би имало крај на глупоштиите на чедата возљубени во несветото тројство на парите, моќта и власта. За наша жал, крај нема, а нема ни да го има се додека не си заминат од Илинденска бр.2. Знаете како бива тоа…
До тогаш, кловновите создадени според ликот и неделото на Барон Муртинхазуен, ќе ве замараат со своите настапи. ГРОМОЗОРНО, нели, што би рекол ЗЗ, танцувајќи наоколу со англискиот чекич и филозофирајќи за АРЕСТОТЕЛ. Не се виновни тие што идолот им и муртински географичар мисли дека Јужна Африка е позната по нарко-картелите, исто колку што Македонија е Северна, нели, ама тој толку е начитан што знае и за „Село ПОД седумте јасени“, паралено баратајќи со физиката и со „квантиот скок со прелапување на големиот заб“ што добро објаснува како СДССС нелогично владее без легитимитет и менува име, Устав и историја… Факт е дека со него, „сите се осеќаме фригидно“… Вакви црни бисери има илјадници, не дај Боже само да почне да зборува бугарски, српски или англиски. Скраја да е…
Има еден виц, а со црпнатото чедо во игра можеби и вистина, кој вели:
Седи ЗЗ во кабинет, а секретарката му се јавува по интерфонот и вели:
-Прецедателе, ви дојде мејл!
Зоки ладно одговара:
-Нека влезе!
…