среда, 18. јули 2018. Вести денес: 136
home Колумни

Демократија низ призмата на СДС

Демократија низ призмата на СДС

На здравје нека ни е вистинскиот режим. Граѓаните на Македонија особено Македонците можеа да се уверат во пракса како тоа ѓон СДС предавничка ја практикува демократијата на дело. Особено имајќи пред вид дека тоа значи спречување на покажување било какво несогласување со предавничкото и капитулантско менување на името на државата и идентитетот на Македонскиот народ.

Но, да не должам со воведот, едноставно „демократската“ полиција на Спасовски и Заев примени несразмерна сила и вулгарно груба тактика за справување со демонстрантите пред Собранието на Република Македонија.

На овој начин ѓон Црпко со ѓон Спасовски, а подоцна на нивните медиуми и нивниот елоквентен апологета ѓон Рада, сите припадници на предавничкото друштво ни упатија две клучни пораки.

Првата е дека и по цена на сила и жртви ќе го бранат предавничкиот и капитулантски договор (спогодба) склучена со Првата страна (Грција) и ќе опстојат на промена на идентитетот на нацијата и промената на името на државата, Втората страна ( државата примена во ООН со резолуција едикоја си).

Втората е дека Македонскиот народ не смее да го каже ниту своето мислење за нивното предавство, бидејќи тоа не е демократски, а за да се зачува нивната власт ќе се примени репресивната сила на нивната нели народна полиција.

Толку од нивната демократија. И колку и да правиме споредба со тоа како полицијата не реагираше во времето на „режимот“ на Груевски против пироманско-уништувачките орди на шарените и ѓон СДС предавнички „револуционери“, со тоа што народната полиција го направи врз недолжни граѓани кои мирно протестираа, нема да смениме ништо.

Македонци мои, овде се работи за диктаторска матрица на овие нови фашисти, кои војуваат против сопствената нација и држава. Да не е трагично едноставно е за неверување, но ни се случува нам.

Во оваа колумна нема да давам повеќе политички пораки и лекции за демократија. Едноставно ќе бидам краток, што патем не е својствено за мене. Но, сакам да му дадам една лекција на ѓон Спасовски и неговите гавази во врска со употребата на полицијата.

Постои нешто што се нарекува полициска тактика при демонстрации. Во нејзини рамки е предвидено доколку полицијата од првиот кордон воочи проблематични лица помеѓу демонстрантите да ги лоцира и раководниот старешина на вториот ред полицајци од кордонот им дава насоки со опис на лицето, потоа првиот ред од кордонот се отвара и буквално вториот ред го вовлекува посоченото проблематично лице по што првиот ред се затвора, а вториот ред го предава лицето на групата за прифат која е позиционирана во третиот ред и истата го приведува лицето. Ете така функционира професионална полиција со професионален и искусен командант, што претставува превентивно дејствување кон поединци кои поттикнуваат нарушување на јавниот ред и мир.

Во конкретниот случај ѓон Спасовски покажа сила употребувајќи посебни полициски единици со борбени возила и со употреба на специјални средства врз масата граѓани која не беше насилна и мирно протестираше.

Затоа сметам дека полицијата која ѓон СДС ја злоупотреби ги пречекори своите овластувања, бидејќи ниту објектот ниту полицајците беа нападнати и загрозени за да се употреби таква несразмерна сила и такви средства (дваесетина солзавци и шок бомби). Поради фрлени десетина факели и неколку пластични шишиња со вода се употреби сила и покажа дека власта и оваа хунта ќе се држат по секоја цена.

Колку и да се обидува апологетот ѓон Рада да го осуди „насилството“ и повторно да прави паралели со 27-ми Април за да може да прокнижи некои политички поен против ВМРО-ДПМНЕ нема да и помине. Македонскиот народ гледа и памети кој го потпиша предавничкиот и капитулантски договор и кој употреби прекумерна полициска сила и специјални средства против сопствениот народ. Тоа не беше ВМРО-ДПМНЕ дури и кога палевте, замачкувавте и уривавте.

Поради тоа еден убав ден за овој народ напатен, за Македонецот, вие предавници од ѓон СДС предавничка ќе одговарате за велепредавство на Македонија.

Македонецот се увери како ѓон СДС предавничка во пракса ја практикува демократијата и низ каква призма ја гледа истата, особено кон сопствениот народ.

Стани Македонијо, стани народе Македонски.

Да живее Република Македонија нашата татковина, слободна и независна.