петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Колумни

Дебакл за Заев, надеж за Македонија

Дебакл за Заев, надеж за Македонија

Пискотници се слушаат од екс Бихаќка до Брисел,

што тешка несреќа ги збра

и северџаните, и тендерашите,

та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?

 

Прво, нека ми прости Прличев за злоупотребата на стиховите од „Сердарот“, но, едноставно, така добро „легнаа“ на „несреќата“ тешка која ги збра сдссссссовци (М не им одговара во името, дефинитивно), а пискотниците беа фантастичен, толку пластичен и саглам опис на катастрофалниот дебакл и реакцијата на Заевци по изборите. И уште по ДА, не бадијала тој дебакл јасно и грозоморно им навева сал коб и зла. Колку и да се обидуваше да се јача и да лаже, Зочето не можеше да ја скрие нервозата и маката. Манијакалната фацијална експресија го издаде. Ко на Вицето да не му платиле шлепер со марихуана изгледаше пустиот…

Второ, што за СДСССС е тешката несреќа? Епа, нема да има веќе тендери, вработувања и „лапни-голтни“ по општините. Страшно, нели. Вистински хорор. Да, невенчаниот сопруг на немила Царовска ќе ги лета дроновите сал по дома или во двор, Шики Таполегов ќе прекине со дивоградбата и веројатно своите неимарски квалитети ќе ги доразвива во затворено „одделење“, заедно со Марин, Богоев, Наумовски, Темелковски, Боро Малборо, Курто и други општински „потатковци“ од поранешната свита. А, потешка несреќа од Шутка и Идризово, здравје…

И таа тажна ека, чуму навева сал коб и зла за северџаните? Епа, веројатно, колку и да дел се со IQ33 и негови клонови, колку и да со градење патишта и канализации на еден месец ја навредуваа истата таа IQ на народот, другиот дел од пустите чеда возљубни во северот и полните џебови добро знаат што ги очекува. Не, не се толку шапшали да не знаат дека по утрото, денот се познава. Си знаат суртуците дека во вториот круг ги очекува уште поголем срам и блам. И телешоповски, ТОА НЕ Е СЕ’! А зошто, ќе прашате?

Епа, драги мои, не бадијала ова беше РЕФЕРЕНДУМ, а овие и не така ЛОКАЛНИ избори така убаво и мазно ја убија прикаската за апатијата и уплашените, ја демистифицираа „непобедливоста“ и демек заштитата, покажаа навистина – колку Заев е „семоќен и јак“, покажаа колку е „голема“ неговата поддршка од меѓународната заедница, демонстрираа јасно дека и на странците (на кои единствено се шлепаше) не им одговара опстојувањето на неспособен кондом со антинационален истресок во себе, кој освен што тресе зелени, нема поим ни од економија, ни од здравство, ниту од безбедност, социјала и што и да е друго. Мислите, случајно го тресна Транспаренси за корупција, Економист за демократија, Фридом Хаус за режим, Фајр пауер за подготвеност на армија и редица други? Јок. Мислите дека пијат нафта и не знат што се случува со економијата, со здравството, со партиските вработувања, со игрите со тендери, со криминалот во власта? Не, знаат многу повеќе од нас.

И уште поважно, најважно, овие избори покажаа дека по цели 4 години рамнодушност, конечно и кај Македонците стравот и апатијата минува, дека дојде време за БУДЕЊЕ. Да, имаме „касно палење“, тоа е факт, ама подобро НЕКОГАШ, отколку НИКОГАШ, нели? А, и СДССССС уште подобро знаат дека едните избори се јасно предвидување за предвремени парламентарни и за судбината која ги чека, башка правдата. Време, кога охрабрениот и престрашен народот казнува. И знаат, од искуство (башка големо), како крајот мириса.     17-ти октомври лето Господово 2021-во. Она, кога некому му се стемнува, а на Македонија и се разденува. И види-види, дури и времето се разубави…

Коронавирус