четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Колумни

Дарт Заев и ЕМБГ клоновите

Дарт Заев и ЕМБГ клоновите

Нова епизода на „Војната на ѕвездите“. И во македонската верзија, повторно со клонови, двојници ли, предавства. Дело на ЗЗ, не на Џорџ Лукас. Ова е Северната „ѕвезда“ контра Македонија. „Ѕвезда“, не за друго, туку затоа што толку многу блескаат, оксиморонски мрачно. Очи болат, душа башка. Ова е СФ, фантастика (но не научна, СФ овде значи северна фантастика, не science fiction) во која лукративните идиотштини и опортунистичките дејанија на една некадарна влада поделија цел еден древен народ.

На една страна Северџани, на другата Македонци. Иако, историски, тоа и не е така нова шема. Северџаните, кои сега се демек Европејци, порано да ти биле најголеми Југословени. Македонци, никогаш, тоа отсекогаш им било ориентација за подбивање, ко патриотизмот, љубовта кон татковината, почитта кон историјата. Чувства резервирани само за немиените, Македонците. Арно ама, за жал на североидните чеда, испадна дека се работело за МОЗОЧНО НЕМИЕНИ. Тие пустите лукративци со променлива национална и други ориентации, да ти биле мозочно испрани, ама скроз, средени на 1.000.000 вртежи со најантинационалниот детергент. А, ако останало нешто црвено-жолто во нив, досредени со енормни количини варакина…

Во оваа нова епизода, македонскиот Дарт Вејдер, ЗЗ алијас Дарт Заев, ќе стане творец на клонови, не бадијала црпнат од темната стана (the dark side) на нивата. Исто ко Вејдер и тој бил десна рака на „Императорот“, во овој случај Сорос, а  негова десна рака биле Ситовите Дончев и Рашковски, поСИТи здравје. Најнова десна рака му бил Ситот Венко. И тој ненаСИТен ко претходниците му…

Така, соочен со отпорот на домородното џедајско население и древниот народ, ЗЗ кој никако не можел да ги убеди во својата северџанска и СИТска вистина, добил брилијантна идеја. Му текнало на пустиот црпнат лидер – со помош на „темната (муртинска) страна“ да си направи клонови. За проба, ги создале Коки Костадинов и Елиот Николовски Нес. Успехот бил неверојатен, биле црпната слика на муртинскиот лажов, 100% прилика негова, копи-пејст, овцата Доли вода да им носи. Па, поведени од  „успехот“ продолжиле да штанцаат ли штанцаат клонови.

И си исштанцале нешто повеќе од 20.000 клонови. Пресметале, дека тие ќе им бидат доволни за да ги победат Македонците. На избори, на што ли. И точно пресметале. Благодарение на клоновите со дупли матични броеви, Заевци победиле на парламентарните избори во 2020-та. Тесно, ама доволно за влада и да продолжат со демонтирањето на макеоднштината. И сето тоа благодарение на 20-на илјади ЕМБГ клонови.

Другата верзија е дека, всушност, проблемот е што тие 20.000 дупли-души биле Македонци на квадрат, со големи амбиции и малку мозок, амбиции и желби кои не ги собирало во еден единствен матичен број, па му се јавиле на Зоче за маката. Тој пустиот, пак, кој секому дигал телефон (докажано и по гранични премини) не можел да дозволи некој во државата му северџанска да има мака, па му ја спукал на Гуливер Обиџуко Спасовски, кој во најбрзо можно време им издал по два-три матични броја. Имале и пракса, та Зоки и Оли ја издале татковината, не па да издадат дупли ЕМБГ броеви, нели…

А ликовите со двојни матични броеви, кои благодарение на ЗЗ и Обиџуко можеле да направат илјада дубари со дуплиот идентитет, само им враќале на избори. Така, Зоче и Ољи сфатиле дека можат многу да си играат со идентитети, ама и дека  е„врло доходовно“, па дел од идентитетот (македонскиот) демек го „забетонирале“, а повеќето идентитети  на сограѓаните ги продале на терористи од ИСИС, нарко-босови, светски мафијаши. Другото е, велат, историја. Онаа на госпожата од „Игра на т/дроновите“ – Царовска, извитопрена, скратена, зипувана, прилагодена, се’ само не македонска историја…

Ја знаете онаа народната „Сит на гладен (читај Македонец) не верува“. Во имагинарната северна, и таа е обратна, бидејќи таму се’ е испревртено. Тука важи „Гладен на Сит не верува“. Затоа што армијата Заеви Ситовци ја претераа, па никој веќе за ништо не им верува. Секој нов ден започнува со нова афера на нов Сит. СФ трагикомедија со оксиморонски Ситовци, толку сити, а толку ненаситни…

Коронавирус