петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Дали доаѓа „Големиот брат“

Дали доаѓа „Големиот брат“

Сакав да одморам малку од темава за Коронавирусот или КОВИД 19, со оглед дека се работи повеќе за здравствена проблематика, но испадна дека повеќе е политичка тема.

На пример, Министерот за здравство, кој беше замешан во сите највалкани тендери во историјата на државата, во сите афери, вклучувајќи ги и тие со Рекет 1 и 2, поради што не го ставија ни на листа, со образложение дека ќе се борел со Короната, стана портпарол на владата. Иако образложението дека ќе се бори против вирусот е помалку наивно, бидејќи кога се составуваа листите, никој не ни претпоставуваше што ќе се случува со Корона вирусот. Сега, наместо да работи тој цел ден е на медиуми и состојбите не се добри поради тоа. Анкетите покажуваат дека му се зголемил рејтингот, а некој на социјалната мрежа”Твитер” напишал:”Пуштам телевизија Филипче, пуштам радио Филипче, страв ми е да пуштам порнич”.

Од таквите медиумски настапи човекот нема врска што се случува во реалноста. Луѓето што денеска пуштија видеа од центарот во Криволак кој Филипче го определил како место за карантин, јасно произлегува дека тоа е исклучително нечист простор, кој нема елементарни услови за хигиена и кој може не само да ги влоши симптомите на овој вирус, туку и да предизвика други сериозни болести. Одговорот беше дека дел од тие луѓе ќе бидат пренесени во центарот во Демир Капија. Прашањето за карантин останува отворено и само ние во регионот немаме обезбедено повеќе простории кои ги исполнуваат условите за оваа намена. Покрај апелите за носење маски, ракавици, да се користат средства за дезинфекција, сите медиуми денеска известија дека има недостаток од такви производи и не можат никаде да се најдат, иако “Херојот” Филипче требаше бесплатно да ги обезбеди за сите граѓани.

Од друга страна гледаме дека граѓаните постојано бараат начин да ги избегнат владините мерки за собири на едно место и други мерки, соодветно на нашиот менталитет и етничките групи кои живеат на нашата територија.

Ова што се случува сега не е ништо, кога ќе настапат негативните последици во економијата. Не работи цел ГТЦ кој има повеќе продавници од секој еден град во Македонија поединечно. Не работат ни другите продавници, освен оние за храна, шопинг моловите, рестораните, туризмот е во целосен застој, земјата е затворена целосно, и граничните премини и аеродромите.

Замислете што ќе се случи за неполн месец. Прво, затворените објекти ќе ги отпуштат вработените, најголем дел од производствените фирми нема да дадат плата поради застој во производството, бидејќи работата е застаната, што ќе доведе до целосна блокада во државата. Ќе нема веќе средства ни за продавниците, кои сега се преполни. Но затоа ја слушаме Министерката за финансии, по службена должност,како пуштена на винилна плоча 78 ни кажува дека ќе немало никакви проблеми во економијата во наредните 4 месеци.
Граѓаните мора да бидат запознаени дека ова е светски проблем. Има повеќе теории на заговор, како овој вирус е рааспростанет во Вухан- Народна Република Кина. Од теоријата дека двајца агенти и еден лекар го однеле таму, го рашириле и си заминале, до теоријата дека тој потекнува од странски војници кои престојувале во близина и го пренеле вирусот.

Официјалнате теорија е дека тој се проширил од животните на луѓето, на илегален пазар за морска храна во Вухан, поради премногу загадената средина. Сите теории покажуваат дека се работи за светски проблем. Не случајно оваа болест се распространи како пандемија.

На економски план, според странските портали Кина ќе биде во загуба од 50 милијарди долари, странците ги продаваат фабриките во таа област за багатела, а се разбира ги купуваат кинезите. Цената на нафтата и слични енергенси е најниска во последните десетина години.

Она што ретко се споменува е заканата од новиот светски поредок. Кај нас денеска е воведена вонредна состојба. Предпоставувам дека најголем број од интелектуалците ја прочитале книгата “1984”. Освен годината, другите работи некако се поклопуваат со сегашната состојба, која ќе се заострува. Книгата се однесува на еден нов тоталитаристички светски поредок. Во тој систем човекот ги губи сите права, освен недоволните средства за опстанок. Поради тоа во него се буди омраза кон сетоа она што треба да му биде светиња, а тоа е пред се “Големиот брат”. Тој е само слика на ѕидот и глас на екранот, но гледа се, контролира се и во се е упатен. Иако се почитува камо личност и апсолутен владетел, тој е всушност самиот систем. Тој е организација за спроведување на диктатурата, владее со луѓето, создава едно мислење на сите, ја гасне секоја индивидуалност, а со тоа и човечноста. Владеењето со страв го спроведува со чистки. Поединецот знае дека со најмал знак на непочитување на законот ќе биде избришан од историјата и од сегашноста. На што ве потсетува ова? Можеби на празните улици што ги гледаме на екраните овие денови. Но состојбата ќе се влошува се повеќе и повеќе.

Со овој текст Џорџ Орвел сакал да го предупреди човештвото, каков би можел да стане светот, ако општеството дозволи со него да владеат непознати сили, преправени и заводливи икони како и ефтини задоволства. Недостаток на критичкото мислење и делување против незадоволувачките содржини, го создаваат светот во кој луѓето се робови на режимот, а само неколкумина владеат со светот од сенка.
Бидејќи надежта последна умира, ние мора да се надеваме дека состојбите ќе се менуваат на подобро. Проблемот е создаден од човекот и само човекот може да го реши. Кога го прашале Бил Гејтс дали има решение за состојбите, тој одговорил дека има, а на прашањето што со последиците, рекол, тоа е колатерална штета.

Коронавирус