четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Колумни

Да не’ има, оти ќе не’ нема!

Да не постоеше Ковачевски, „соседите“ ќе го измислеа. Ама имаа среќа, исто ко со Црпко, па пустиот им спаси многу мака, време, пари и труд. Доби инстант влез во Халата на славните. Предавници. Искрено, за 5 месеци власт немало некој кој направил толку беља, пакост и штета за Македонија . Дури и ЉуБчо, Бранко и Црпко можат само вода да му носат, со цистерни. Таче е неприкосновен брзински шампион меѓу антимакедонските штетници. Северџан нумеро уно,  Ќуран прима, Таче Македоноубиец, Диме Западнобугарски ли, изберете си самите како ќе го викаат следните генерации. Ако му дозволиме де...
Да не’ има, оти ќе не’ нема!

Велат дека Таче и бандата го допреле дното. Не, да не се лажеме, Ковачевски уште од политичко „роѓење“ е дно-дна, а сега само го сработи она за што од самиот почеток беше и поставен. Да не постоеше Таче, „сојузниците“ ќе го измислеа. Ама имаа среќа, исто ко со Црпко, па пустиот им спаси многу мака, време, пари и труд. Доби инстант влез во Халата на славните. Предавници.

Искрено, за 5 месеци власт немало некој кој направил толку беља, пакост и штета за Македонија. Дури и ЉуБчо, Бранко и Црпко можат само вода да му носат, со цистерни. ова е неприкосновен брзински шампион меѓу антимакедонските штетници. Северџан нумеро уно,  Ќуран прима, Таче Македоноубиец, Диме Западнобугарски ли, изберете самите како ќе го викаат следните генерации. Ако му дозволиме де…

Се сеќавате на првата мисла која ви падна на ум кога го видовте анонимниот и жива збунка Ќуран кој така апансас и „ничим изазваним“ стана водач на СДССССССС и премиер? Она, дека овој мисир е црпнат и поставен за да го прифати она што дури и дилајлата Заев не сакал да го направи, нели. Првата мисла честопати не лаже, како и првиот впечаток. А тој „фрст импрешн“  зборуваше за лик кој е во минимум 10 броја поголеми кондури, апатичен и опериран од смисол за хумор и националност шапшал, ајван кој за да пише во биографијата дека некогаш бил премиер, едноставно, ќе направи се’. И направи, доправи и преправи Таче. И повеќе од тоа.

И, по кој знае којпат, перцепцијата не ни беше погрешна. И потценувањето на интелигенцијата беше очекувана, затоа што на дотичните, едноставно, толку им сече. А, кога имаш IQ33, тогаш и на другите им правиш финти наменети за IQ33, оти повеќе и не знаеш. Да, како она бедотијата дека не го добиле предлогот, па наеднаш го „примија“ (до балчак)откако Бугарија со две раце и журка го прифати, па бурлеската дека загрижениот за Македонија Макрон набожемски го испегла и стокми помакедонски од наша баба со пегла на жар, па консултациите со „невладините“ кондоми кои имаат триесет години работен стаж во и за СДСССССС, па онаа фотка со наредените антимакедонски политичари кои го одобрија тазе предлогот, аминосан и бланко потпишан од нив уште пред три месеци. Неоти некој и ги прашал де…

Знаете, најнерасположени на групњакот и Таче генгбенгот во влада, сепак, беа Тачи и Ахмети. И искрено, тие беа и најголеми Македонци таму. Останата банда збрана за сликање имаше пониско ниво на македонштина од нив. А тие се минус 33, па замислете…

И не, не се прашувајте каде ќе им оди душата, затоа што како и срам, достоинство и македонска чест, ја немаат ниту неа. Ко да го прашате Фауст, исто. Ова се евтини и малоумни опортунистички вагабонти кои се подготвени на се’ само и само да ја оправдаат довербата дарена од антимакедонските неолиберални господари. Марионетски сороспии кои немаат ниту исав, ниту чувство за емпатија кон сопствениот народ, немаат ни скрупули, а гордост не барајте ни за лек.

И не, не мислете дека оваа прикаска е готова, финито, крај, коњец, ди-енд ли, тоа е само она што овие протекторатски  битанги го посакуваат. Тие се крстат и хранат од вашата апатија, рамнодушност и летаргија, во митот за македонскиот заебан дефетизам срочен во сентенцата „Што да правиш, што ќе правиш, тоа ти е!“ Нема бегање, а? Фатум, судбина клета, проклетија, а?

Ајт, сиктер таму, нит постои фатум, ни судбината е веќе скроена. Ја правиме самите, ние ја креираме. Овие ступидни и  дефетистички небулози можеби и минувале и вршеле работа за властодршците во средниот век, ама сега се премногу анахрони, патетични и евтини.

Ќе ве решиме, а со тоа и маката наша, во пакет со маката на Македонија и Македонците. Замисли само, протест со барем 100 илјади луѓе во земја која со фингираниот попис заради нечии „права“ лаже дека е 1.800.000, а не е ни 1.5 милиони?!?! Убава слика, нели? Мнооооогу народ збран со едно јасно, од срце и душа кажано, едно македонско и ГРОМОГЛАСНО НЕ!!!

Знам, па дури и да прифатат Тачевци, а позицијата истрае (не ко Преспа), со новата власт нема да ги изведуваме бугарските и грчки ултиматуми кои стануваат официјален дел од идиотските преговори, па тие ќе не блокираат ли блокират, а ние ќе им го покажуваме средниот прст и така ќе си играме и со Вулгарите и со Елините за навек. ЕУ и онака е утопија…

Туку, ајде да не чекаме толку, вечерва да се собереме сите, да им го покажеме тој среден прст на Тачевци, еден голем, огромен и македонски СРЕДЕН ПРСТ со порака да не си играат со Македонија и да знаат што ги чека ако се дрзнат да го речат она северџанско, полтронско и сервилно да, наместо македонското НЕ!

Ајде, да се одважиме и да им го плеснеме во антимакедонската фаца она што го мислиме. Оти, втора шанса нема да имаме. Ова е втората. Првата беше Преспанската капитулација, која – кој замајан, кој заплашен, кој излажан, кој затворен, кој збунет, кој бадијала зборуваше и се пенавеше, малкумина и протестираа, ама ја утнавме, скроз, тотално.

Да бидеме гласни, стасни и многу, оти, поинаку, ќе не’ има уште малку…

Ајде, да не је утнеме и оваа неповратна шанса, да се искупиме за првата. Заради нас, заради МАКЕДОНИЈА.

Коронавирус