среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Колумни

„Да го решиме ваквото решение“ – Заев ги смири граѓаните, не грижете се и во опозиција ќе тресе зелени…

„Да го решиме ваквото решение...“ изјави во еден од одговорите на новинарски прашања претседателот на СДСМ Зоран Заев. Одговорот во негов манир со нов Заевизам беше за потребата или не на законот за ЈО. Отииии, зборуваме за еден навистина „громозорен“ екс премиер, збор кој самиот го употреби пред неколку месеци, во два наврата и на посебни настани. Оти, сите добро знаеме – а ЗЗ не чита, побогати сме за нова јазична кованица, смешен исказ или изместена фраза. Проблемот е што и кога чита, тоа не гарантира ништо, оти таков талент еднаш се раѓа и од нива се црпнува.
„Да го решиме ваквото решение“ – Заев ги смири граѓаните, не грижете се и во опозиција ќе тресе зелени…

„Да го решиме ваквото решение…“ изјави во еден од одговорите на новинарски прашања Зоран Заев, сега само прецедник на СДСССС во седиштето сдсссовско на екссс Бихаќка. Одговорот со поетски набој во нему својствен црпнат манир и со нов Заевизам срочен се однесуваше на потребата или не на Законот за ЈО. Да, творечкиот немир не му даде да ја пропушти шансата да се искаже и муртински да поентира.

Епа, драги мои, три недели го нема збор да каже, збуктисал сиромавиот за да плесне некоја асли зелена. Во меѓувреме, моравме да ги слушаме старите лапсуз-реминисценции и глупоштии од 2014-та кога Зоки му се изнаонади на името ни свето, чин за кој на провладините професионалци новинарски и агрегати маста им излезе за да го скријат и минимизираат.

Знаете – Вени, види, плеснав или дојдов, видов, плеснав е мотото Заево. А денеска тој само ја продолжи одличната кариера и востановена пракса за лапсузи на секоја прес-конференција. За да не му ставиме минус, нели. Воедно, Заев ги утеши сите оние кои се „плашеа“ дека со заминувањето од премиерската позиција, ќе имаме недостиг на црни бисери или популарно наречени Заевизми во државата. Ска уплав, Зоки ќе тресе и натаму, не грижете се. И во опозиција ќе се отвора и ќе ве смее, само сега насмевката нема да ви ja урнисува неговата функција. Единственото прашање кое се шепка низ кулоарите државни е од која институција ќе го прави истото. Ке биде на буквата „И“, сигурно, велат наречниците. Илинденска, Идризово, Иностранство… Ќе дознаеме по 12-ти де.

За потсетување, нешто за што пишував и во претходните колумни, зборуваме за еден навистина „громозорен“ екс „премиер“, збор кој самиот го употреби пред неколку месеци, во два наврата и на посебни настани. Оти, сите добро знаеме – а ЗЗ не чита, побогати сме за нова јазична кованица, смешен исказ или изместена фраза. Проблемот е што и кога чита, тоа не гарантира ништо, оти таков талент еднаш се раѓа и од нива се црпнува.

Така, толку природно ја наметна и фразата „Ај, не се прави на Заев“, оти Тошо е премногу разбран и доделкан, за разлика од недокваканиот ни Зоки, кој стана синоним за ситуација кога некој се прави или е недоветен…

Истиот тој ЗЗ пред неколку месеци го „амандманираше“ Уставот, па освен што внесе нов термин во правниот израз македонски, истовремено го смени и целосно измести истиот, со што ѓаволот ја однесе шегата, која ја секна смеата и и’ даде место на нервозата и срамот македонски кои следуваа по уставните измени. Истиот тој надобуден патник низ времето, кој неодамна на 31. декември зборуваше дека ќе се договорат за изборите на 11. Декември?! Црпнатиот и така начитан политичар (застанат на „Зоки Поки“ од Николова) која зборуваше за Арестотел, не за Артистотел?!

Веројатно, првиот човек на Владата на Северотопија и натаму е во дилема дали на човек на сила можеш да му дадеш или, пак, можеш да му земеш. Истата ја отвори пред неколку години, а не верувам дека и досега го дознал вистинскиот исход, исто како и неговиот екс министер за внатрешни Гуливер, кој најверојатно се’ уште се чуди дали св. Сава е машко или женско…

Ви текнува кога како опозиционер и лидер на тогашната СДС зборуваше дека „сите се осеќаме фригидно“, на страна што зборуваше за неговите татковци и чичковци?! А, да, плесна и дека Јужна Африка била позната по нарко-картелите и босовите, мешајќи ја пустиот со Јужна Америка, која за негова жал е светски синоним за истото.

Додека беше само градоначалник и лидер на партијата му непрокопсана, му подготвувале строга забрана за јавни настапи без ливчиња пред него. Тогаш, капка која ја прели чашата комуњарска беше неговото преименување на првиот македонски роман на Славко Јаневски, кој наеднаш стана „Село под седумте јасени“?! А башка што Прличев го направи велешанец, слично ко советникот му, ексминистер, за кого Чернодрински е прилепчанец…

Да, зборуваме за Зокија кој по поплавите во скопско, зборуваше за „Пороен дожд од 93 литри во секунда, како беше… или метри кубни на час?“

Но тој не застана тука, оти талентот бескраен, не се трпи лесно со толку голем творечки немир насобран во толку малку начитаниот премеир, нели. Така, освен „громозорен“ литературен експерт, Зоки порасна, па стана и научник и така сигурен во себе зборуваше за „квантиот скок со прелапување на големиот заб“?!, за да набргу пред турски бизнисмени го прекрсти турскиот премиер Бинали Јилдирим и го нарече Илдирај?! А при обраќање за 8-ми март, честитајќи им на жените, Турчинките ги нареше ТУРКИ?! Добро де, не само со Турција, нашиот познавач на се’, се занимава и со другите земји. Па иститот тој пиша на Твитер дека Норвешка ќе не поддржела за ЕУ, а таа сиротата да не ти била во Унијата?!

Да не ги заборавиме гафовите и лапсузите изречени од истиот непресметлив лик на англиски (кога на грчките новинари им посака да „имаат нова година“, без среќна), српски (невиденото, срамно ју-есперанто) и бугарски (кога зборуваше струмичко-бугарски на интервју за БНТ). Само, не разбирам едно нешто, како човек кој е милион километри од познавање на сопствениот јазик и нон-стоп плеска струмички диајлектизми, воопшто и се осудува и да помисли дека знае и друг јазик, а не јазици?!

При еден од најпознатите киксови, најнов (но сигурно, не и последен), Зоки потврди дека не само што е експерт за гафови, туку и дека не знае да се извади од нив. Епа, драги мои, во патетичното вадење од гафот невиден во кој кажа дека за Евреите холокаустот е традиција?! Зоки наш правдајќи се напиша „… наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција.“ Кх, кх, кх, абе Зоки, „традиција“ не е израз, туку збор исто како „трагедија“, именка од женски род. Само со „малку“ поинакво значење, за твоја жал. Башка го „искажал“ изразот?! Де бе дечки, милион сте во пи-ар тимот му, ај земете работете нешто, башка што и не “коштате“ милиони, колку тоа и вам да ви чини за џебовите ненаситни.

И сето ова ве тера да се запрашате „Ало! Имаше ли пилот во владиниот авион?“ Очигледно, не…

Ќе ви фали ли Зоки. Уште по НЕ…