недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 99
home Колумни

Четири години Заевизам, четири години црнила

Четири години Заевизам, четири години црнила

Минаа точно четири години од кобниот први јуни 2017-та, датумот од стапување на власт на најантимакедонскиот естаблишмент во историјата на Македонија. Најцрните 48 месеци за државата, која во меѓувреме дееволуираше во апатичен протекторат, исто како и „шарените“ кои од луѓе преку шарената дееволуција испаднаа мајмуни. Период кога без’рбетниците повторно ги извадија своите скриени протези и мрачно заблескаа во сиот свој антинационално-соросоиден сјај…

Штетата што Заевци успејаа да ја нанесат за овој, историски гледано, многу кус период, е огромна. Прашањето е дали е ненадоместлива?  Да, факт е дека ништо не е неповратно, но ќе треба мноооогу труд и уште повеќе работа за да работите се вратат на свето место. РАБОТА, збор кој не постои во вокабуларот и светот на штетниците на власт, лукративни ликови кои знаат само шверцерски да одат „преку-трупа“ или на мала врата, забиколувајќи правила на игра, историја, достоинство, право, чест, гордост…

За овие „само“ 1.461 ден владење на северната без’рбетна хунта, штетниците успејаа без изим на народот да го сменат уставното и историско име на државата; да го сменат Уставот и преамбулата (пробаа и со дресот, ама се зезнаа); да демакедонизираат и „национализираат“ дузина устaнови; да наметнат непотребна и неаргументирана двојазичност; ја исмислија функцијата на Груби, кој е всушност – паралелен премиер; затворија патриоти жигосувајќи ги како терористи; умреа 5,5 илјади луѓе со својата катастрофална неспособност и несправувањето со короната; не направија земја со политички азиланти во 3 европски земји; му се изнаонадија на „европското знаменце“ во Парламентот за се’ и сешто; со Преспанската капитулација и дадоа ексклузивитет на Грција за името Македонија;  работат упорно на до/бришење на придавката „македонски“ од секаде; ставија „хеленски“ плочки на спомениците од антиката; патетично преименуваа автопати, аеродроми и стадиони; со бугарскиот „договор“ ја дозаглавија македонската ЕУ-интеграција во ќорсокак и ја ставија историјата на панаѓур, топ-тан со светци, револуционери, херои и дејци; истресоа 5 илјади зелени и 10 илјади киксови; ја доалбанизираа администрацијата; не задолжија неброени милијарди евра; штанцаме марихуана ко Авганистан; кај и да е тајкуните ќе си ја купат Македонија преку „акцијата“ евро за квадрат државно земјиште; не’ заглавија до гуша во криминал, рекет и корупција и ред  други криминални дејанија…

А друго, што друго добивме?

Многу „придобивки“. Со „зацементиран идентитет“  се почесто не’ нарекуваат северомакедонци; децата по новата програма и „реформи“ на Немила Царовска ќе учат за „идентитетот на граѓанинот на С… Македонија; евро-балкански шампиони сме во перцепција на корупција; најрекордери по корона-смртност; УНЕСКО не шамара како мали деца (втор пат во низа); 133-то место од 139 според борбeна готовност на армијата; Фридом Хаус не третира како хибриден режим; „Списанието за демократија“ од САД не смести во тоталитарни режими; вакцини добивме последни од последните (сега пак нема); исчезнавме од листите за водење бизнис; 60-на илјади луѓе останаа без работа; Лошила Кацарска дрма со Уставен; Вилма Црновска со Обвинителство; Петре Таполегов „руши“ Порти, Воини, Мајка Тереза споменици, Галии, Универзална ли; добивме и еден куп Рашковци, Лидии, Бокиевци, Катици, Дончевци, Ременчиња, Бора Малбора, Дудуши, Богоевци и друга ситна и крупна криминално владино-пратеничко-обвинителско-директорско-градоначалнико-медиумска боранија со рекети, кокаини, марихуани, цигари, тепања, компјутерски програми, магариња и фризерници. Измислија и „домашен затвор“, најголема казна за комуњар кој се огрешил на законот. За другите „обични смртници“, се разбира, следи зандана.

Да, добивме и национален ексклузивитет  – секој ден да се будиме со нов владин скандал, со фашистички хрватски марки, со „Дома си е дома“ во Германија па Франција, со патарини за Срби за Охрид , но не и за Грција, со суруши на Евровизија, со руски пранкови, Вициња, лажни црногорски принцови, утнати знамиња, албански кутриња со поголемо право за шетање од македонските, претседателско сидро кое не влече напред, Прличев велешанец, џинџер баланс, громозорност и илјадници други нови и најнови гафови на црпнатото Зоче кое, според него самиот, има повеќе татковци.

И што друго добивме? Добивме членство во НАТО. Да добивме и терористи и нарко-босови со македонски пасош, северџани, воскресната Илирида, повампирена Санстефанска Бугарија и пластични диносауруси за 320.000 евра. И толку…

Време е, ама крајно, да подработиме на содржината на историјата која толку многу сакаат да ја сменат, за да во учебникот за кое било одделение (не таблетот на Царовска) со најтемни букви пишува „Најцрното четиригодишно владеење во историјата на независна Македонија беше времето на владата на Зоран Заев, 2017-2021 година.“ Не повеќе…

ЕУРО 2020

Македонија