понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 56
home Колумни

Че си чекорите!

Че си чекорите!

 

Македонија утрото се разбуди во силна неверица. Народот така нерасонет не можеше да им поверува на сопствените очи и уши. Да, со право. СДССССС ќе ти ЧЕКОРЕЛЕ ЗА ПРАВДА?!?!?! Кх, кх, кх, абе ајде не зезајте?

Само 24 часа по хунтаџиското газење на Уставот и законите со пародијата во Собрание за Законот за ЈО, донесен на мускули и со предигра во нови закани кон ЗАВИСНАТА пратеничка група, бадентер-пазари, двојазичности во правосудство и со финиш во незаконски прегласувања и неуставна втора мајка, истите криминалци уште неистуширани со реа од криминалот вчерашен сега ќе ЧЕКОРАТ ЗА ПРАВДА?

Алооо дечки, не контаме, за што ќе чекорите? За правдата која три години ја газите, манипулирате и ништите ли?

Не разбирам, мазохистички пориви ли добија чедата опортунистички пореметени од парата и моќта, па сега сами против себе ќе ЧЕКОРАТ? Па правда би било да се испозатворат истите, нели? Чек, чек, сонуваме ли?

Ќе чекорат за затворените и драконски осудени патриоти од 27 април ли?

Ќе чекорат ли за насилнички и со уцени сменетото име и Устав на Македонија и незаконски сменета Преабула во истиот??

Ќе чекорат ли за Преспанската капитулација за која не го почитуваа референдумскиот глас на народот?

Ќе чекорат ли за насилното, идиотско менување на историјата?

Ќе чекорат за лагите за убиството на Мартин Нешковски?

Ќе чекорат ли за лажгите за несреќата на Никола Младенов?

Ќе чекорат ли за манипулациите за малата Тамара?

Ќе чекорат ли за патолошките пориви на Заев и неговоте лаги за убиените деца кај Смиљковско езеро? Или можеби за нивните убијци кои се на слобода?

Ќе чекорат ли за насила донесената двојазичност со игнорирана Венецијанска Комисија?

Ќе чекорат ли за константното третирање на Уставот како тоалетна хартија?

Ќе чекорат ли за лажгите за датум за преговори кој го „добивме“ од Заев и Димитров пред точно 2 години?

Ќе чекорат ли за поради албански гласови за СДСССС поништеното и обвовено судење за Диво насеље? За правда за убиените ОСУМ бранители од терористите ли?

Ќе чекорат ли за правдата во Рекет која опфаќа пола им криминогена влада и ќе бараат ли и Кики да оди во ќорка наместо да дели правда по Фејсбук, фризерки и собрание?

Ќе чекорат ли можеби за најнезаконското носење на Закон за ЈО, т.н. Зокиев Законик стокмен за идни, доживотни амнестии на Заев?

Ќе чекорат ли за Рашковото Леонардо, за Филипчевата касарна, за Дончевиот рекет или за тендерите на Мукоски праведниот?

Ќе чекорат ли за стипендијата државна за Димитровото чедо нафатирано или за марихуаната на Вицето?

Ќе чекорат ли за враќање на името на АРМ?

Ќе чекорат ли за скаламуциите и милиони дарени народни пари од Фондот за иновации за неинвентивни комуњари возљубени во еврата?

Ќе чекорат ли барајќи највисоки казни за Катица, Бокија,Ременски и остала банда која до вчера идол им беше? Ќе бараат ли и Заев конечно да одговара за торбата Бокиева?

Ќе чекорат ли барајќи да се преиспитаат ретроактивно претходните три аболиции на лидерот им, од „Глобал“, преку „Пуч“ па се до „Поткуп“?

Ќе чекорат ли и ќе бараат правда за „бомбите“, па тие да важат и за нивните функционери фатени со рачињата во медот?

Јок, никако…

Не, па тие се правдољупци, кај може за вакви работи тие да се валкаат со неизмиените, ама мозочно, нели?

Мозочно миените ќе чекорат за правда за да дадат патетично интро на кампањата СДСССССовска која ќе ја тераат и во која ќе потсетуваат на прикаската изветвена дека клетото ВМРО било криминално, ќе бараат правда за предметите на СЈО и вмровчиштана криминални да ги затворат сите до еден. Да, верувале или не, но по сите глупоштии и до сега невиден криминал сторен од Зокија и компанија, сега неразоШараните шарени ќе излезат и ќе чекорат за правда барајќи затвор за оние што нивната партија пред 5 години ги намести и „бомби“ им штелуваше.

Ова е само една бедна, „ врло промуќурна“ и црпната најава за нивната кампања, затоа оксимороните неправедни чекорат за правда.

МaРШ на оние кои и покрај Рускоска обвинителство и Кацарска судство, не можеа да им пресудат на истите тие клети криминалци, кои имаа голема несреќа да јадат бубрези по телефон, а Веруш да ги снима. А  чим Лошила и Виљма не можеа да ги затворат, тогаш ШУ ПРАЈМЕ, замислете ги само доказите кои ги имаат. Абе МАРШ, ама во друга насока…

„Инвентивно“, нели, ќе не навраќаат на агендата им стара цели 5 години. Као тогаш добитен бил рецептот, па ХУНТАТА ќе не плаши со враќање на РЕЖИМОТ?! Реприза на старите идиотштини шарени, само сега под друго име и малу сменет состав. Сменет, оти повеќе од пола од екс шарените сега се советници по владини и претседателски кабинети, душички напатени.

Е сега, наместо да си ЛЕЖАТ за криминалите национални, човечки, економски, рекетарски и какви ли не, тие ќе си ЧЕКОРАТ?!

Епаааа, ЧЕ СИ ЧЕКОРИТЕ!

Ама во затворен простор и во определен термин во денот.

На страна што и трасата во најавата за маршот ви е мошне соодветна, ама со мала утка.

Дефинитивно, патот е од „СОБРАНИЕ ДО СУД“. Само, ви фали уште една дестинација…