сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 46
home Колумни

Цела влада на офталмолог, под итно!

Цела влада на офталмолог, под итно!

Еден ден, двa „отвора.“ При првиот Царовска искрена, при вториот нејзиниот шеф Заев излажа, пак. Првото преседан, второто класика. Не/Мила искрено си призна дека се фашисти, Зоче излажа дека е патриот. И пак, во Божји ден – недела, мноштво атеистички, северџански недела.

Во фаза на искреност, „несакајќи“ и под притисок на Фројдовиот комплекс, Царовска ни го честитташе ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НА ФАШИЗМОТ. Не НАД. Лапсус лингва? Слепци? Јок. Искреност, за промена. Ако не верувате, видете само како најомилената министерка на Заев ги практикува и спроведува партиските задачи, т.н. „образовни“ реформи.  И Химлер би и’ подзавидел како го изведува холокаустот врз македонското образование, нели.

Ништо ново, оти по правило, во мај лажните македонски комунисти, алијас хунта, ги обзема тоа толку им природно фашистичко чувство. Сетете се само на 9-ти мај минатата година, кога Заевци во чест на Хрватското претседателствување со ЕУ пуштија поштенска марка со мапа на фашистичка, Павелиќева Хрватска. Привлечноста е ачик, па по принципот на познатиот Фројдов комплекс, хунташкото излегува на виделина, сакале тие или не. На 9-ти мај, најмногу.

И додека Немила искрено, макар несакајќи, си призна што и чија доктрина си љубат во СДСС, Зоче пак излажа. ОК, ова  е веќе по навика и не изненадува никого, би изненадило доколу ја каже вистината, а вака е тооолку нормално. Сега за „Катимерини.“ Интересна констелација, она – кога демек Македонецот се жали од Бугарите и промовира лажен патриотизам пред Грци?! Ауууу, се наеживте, нели? Во стил на идиотштината на неговата северна која е дел од Западен Балкан, кој е делче од Југоисточна Европа. Гарант Зоче ги растреперил и Грците, во траор паднале пустите…

Да, ова е само продолжение на фејк-напливот на македонштина од средочното издание на Муртинските вечери на поезијата, кога Заев инстант се помакедончи и кажа дека по цена на јазикот и идентитетот ЕУ не ни требала, па како тоа без нив би биле ѓоамити „прашина на ветерот“. А тоа нешто на што е Зочето, држи долго, тоа е докажано. Го држи во тоа забегано „стање“ со години. Па така, човечето кое сто пати до сега призна дека не му стои патриотизмот, пак се фати за него. И пак е ко слон во пижами. Гарант, сега ова непознато чувство на муртинецот му личи на сламка за спас од политичкото давење, кое е неизбежно. Чинам дека следува извинување до уставобранителите и пуштање на слобода, за да го намали притисокот. Да, до оние кои никогаш не ни требаше да бидат во затвор. Сакате да се кладиме? Зоки е подготвен на се’ за да купи време, па и да лиже онаму каде онаквувал. Се ми се чини и дека сега машата ќе биде Пендаровски. Поради браќата патриоти кои гнијат по занадните, дај Боже да не грешам, но тоа нема да ги испере слепците ЗЗ, Љубави и компанија.

Ок, да не се лажеме. Гарант на Муртинхаузен и му олеснило малу кога дознал дека на другар му Рашко му носат домашна храна во Шутка и дека е во посебна ќелија, без цимер. Па, малите работи го прават животот убав, нели…

И во контекст на последниот „новитет“ од торбата со глупости на Немила Царовска, во која првоодделенците мораат среде пандемија да имаат преглед од офталмолог, а нив ни за лек ги нема во државата, една сугестија. Ако може. Цела влада да оди на офталмолог, ама да се разбереме, без врски и без исклучок. И под итно да дијагностицираат очниве лекари, зошто сте толкави слепци? И да ви дадат саглам терапија за антимакедонсково, северно слепило. Што побрзо Венко да ви даде упати. За доброто на Македонија…

 

ЕУРО 2020

Македонија