понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 48
home Колумни

„Брза кучка, слепи кучиња раѓа“

„Брза кучка, слепи кучиња раѓа“

Ако утрово го прашате Заев, што повеќе сакаше вчера по дуелот, дали да има коронавирус или да оди на дуел со Мицкоски, одговорот е повеќе од јасен (читај коронавирус). Така ти е тоа кога неговите другарчиња-јаки пиарчиња, Коки и Маки, ќе те спремаат (читај НЕ ГО СПРЕМИЈА) за првото полувреме со Мицкоски.

Ако по утрото денот се познава, не сум баш сигурен дека на Заев утрово брзо ќе му се раздени. Абе црепови, прво правило е пред секој ТВ дуел, на лидер на политичка партија, екс премиер на држава, да седнеш да му кажеш што го очекува, да видите за што ќе ве нападне противникот, да на правите анализа на сите работи кои ги збореле на прес-конференции, ама тоа не треба јас да ви го кажувам, тоа веќе требаше да го знаете, впрочем тоа е основно правило, ама толку знаете.

Излегува “лидеров“ и без око да му трепне лаже, лаже и мува не го лази, ама заборавија да му кажат дека се снима, дека е на телевизија, а не на нива во Муртино. Таткото на Маричиќ бил пензионер, ајдееее мајкатаааа, блескаме, абе што зборишшшш, 750 километри патишта, жити мајка, алооо не блескаме, туку шетаме со наведната глава пред сите, зато што не продаде, имаме патишта како после ратишта, а државата се празни зошто сте неспособни, шајка незнаете да заковете и за среќа во денешно време лесно се стигна до информации па може одма да провериме кој е пензионер.

Е сега, ако малку го анализираме вчерашниот дуел помеѓу Мицкоски и Заев, ќе забележиме неколку работи. Прво и основно, Мицкоски дојде така подготвен, што ни најгласните бранители на Заев не можат да го исперат со текстовиве што сабајлево очајнички ги пишуваат, а Заев дојде онака лабав, мислиш на „Струмички карневал“ тргнал, па и за таму ќе спремиш некое текстче за пред камери.

Невербалната комуникација, Мицкоски смирен, без многу непотребни потези и движењето на рацете совршено, а Заев, е тука има многу да се напише, ама за тие совети се плаќа, но сепак нешто ќе му кажам, гримасите кои ги правиш се толку лоши и ниски што уште се прашувам дали си лидер на партија или маалски тезгаџија. Преташ со рацете како давеник, зборови кои ги користиш не ги користи ни мало дете, начинот на кој доаѓаш на ТВ дуел, неспремен е навреда и за оние кои те гледаа вчера, а не па за противникот.

Замислете, ваква дебата да се случеше во Америка, еве најодговорно тврдам дека дебатата таму немаше да ги дочека ни првите реклами, во првите 20 минути од дебатата, членовите на партијат ќе побараа оставка од Заев, а водителот ќе ја прекинеше истата. Замислете да излезе Трамп или било кој друг кандидат за претседател и на дебата да почне да го прави она што го правеше Заев вчера… страшно дури делуваше.

Но ова беше само прво полувреме, а искрено второто со нетрпение го чекам. Зошто? Затоа што еднаш за секогаш мора да ви стане јасно дека ликови како Заев се непотребни во политиката, не само поради неговите гестикулации, туки и за лагите кои ги изнакажа вчера, како и за враќањето во минатото. Па нели пред да дојдат на власт беа најгласни, „доста се навраќаме во минатото“, „минатото не треба да ни ја крои иднината“ итн. итн. А и мој совет, друже Заев… ПР-от ти е катастрофа, два со два не знае да собере, а не па да те спреми за ТВ дуел…

 

ПС: „Брза кучка, слепи кучиња раѓа“, ама и на лагата и се кратки нозете!

 

Ристе Здравков