вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Колумни

Безидејна профитерска банда

Безидејна профитерска банда

Не грижете се, СДССС мисли на вас. Бла, бла, бла…

Ова е секојдневната евтина ЕПП пропаганда која партијата од екс Бихаќка преку соопштенија за фантастичните, невидени им успеси на полето на економијата ја лиферува од седиштето, смирувајќи ги со право загрижените граѓани. Блескаат, башка танцуваат. Толку евтина пропаганда, која толку скапо не чини…

Еве, денеска покажаа и на дело. Уште еден невиден економски успех стокмија промуќурните блескачи наши. Затанцуваа со акцизите на горивата и со транзициските профитери, абе Патрик Свејзи вода да им носи. Сериозно, одамна не сум видел „попрљав“ танц.

Да, валкана игра, ама до бескрај. СДССС мисли на вас, без секирација, оти вие сте оние кои треба да ги извадите од економскиот амбис во кој полека но сигурно тоне Македонија.

Пред две недели, пишував дека црпнатиот економски волшебник викнал ЕУРЕКА! Сфатил Барон Муртинхаузен како да ја минеме кризата. Едноставно, ќе ја зголеми акцизата, па граѓаните од и онака празните џебови ќе ја спасуваат државата. На свои плеќи, разбира се. За жал, не се излажав…

Гарант на истото мислел и во карантин кога беше, како да им го протне на граѓаните „решението“. Му чадела главата, велат. Па не бадијала штотуку заврши карантинот му, седна на БМВ макината од 60 илјади евра и се извозе до Берово, глумејќи моторџија. Ко и се’ друго…

Не чудете се, овие неспособни незнајковци и не знаат поинаку. Затоа и не ме изненади моментот кога загарот т.н. Стопанска Гомора го начна ова прашање, во исто време кога нејзините членки плачеа од идејата која ќе ги удри по грбот со сопствениот стап.

Арно ама, таков  си е Зоки. Трас-трас, не важи само за судството, принципот преминал во навика, па се практикува секаде. А сега, е сега се неприкосновени владејачи со алиби ВОНРЕДНА сосотојба, па си праат што си сакаат.

И не простувајте им е поради тоа што не знаат, тоа не ги пере. Убедени дека блесакаат гарант мислат и дека Нобелова за економија ќе добијат за изумов, откако лидерот им непрокопсан не ја доби за мир.

Сега, толку промуќурно трите денари, кои требаше да бидат два, ама Нинанјла групно се предомисли за плус  50 насто, ќе го полнат празниот буџет. Со изговор јак – тоа да ти било за фондот за борба со коронавирусот. Епааа, у реду тогаш, чим е со таа цел…

Генијално, ко и секогаш, комуњарите пак удираат на емпатија – па граѓаните ќе разберат, со само три денари плус ќе се спасиме од КОВИД-19, а? Всушност, евтино ќе минеме, нели. На крај, ќе треба и фала да им кажеме што ни го поскапија горивото, пред две години за 3,5 денари акциза, сега за уште 3. Не заборавјате, секој литар давате 6,5 денари плус поради неспособноста на СДССС…

И генијалци, требаше да најдете начин као да го полните тој буџет, а не да се шлепате на грбот на граѓаните и да им учините на тајкуните во нафтениот бизнис… Фактите се јасни, оваа профитерска и неспособна банда најдобрите бонбона бизниси ги тера кога е најматно.

А поматно од времево на корона, здравје. Ех, ЗДРАВЈЕ, барем тоа да го имаме. Другото ќе помине. Ќе помине и СДСССС, ќе мине и нивниот ненаситен нагон за богатење.

Не заборавајте, дека пелените и политичарите треба често да се менуваат. Од иста причина. А мислам дека и меЏународните дадилки на СДССС истото го сфатија мнооогу одамна. Оти, во Македонија, маските ги носиме од две причини…

Локални избори 2021