петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Колумни

Бесценет маркетиншки потег

Бесценет маркетиншки потег

Целокупната македонска јавност со нетрпение го очекуваше ТВ дуелот помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на опозицијата Проф. д-р Христијан Мицковски во петок на 28.02.2020 година во 18 и 15 часот на Канал 5. Сите мислеа дека тоа ќе биде еден од оние дуели во минатото, во кои секој ќе си го каже своето и ќе продолжат дебатите до одржување на предвремените парламентарни избори.

Но се случи нешто сосема друго, нешто што ќе го промени мислењето на најголемиот број пред се неопределени граѓани, но и целокупната македонска јавност. Ајде што поранешниот премиер дојде целосно неподготвен на дуелот, тоа може да се сфати и како лош потег на ПР тимот на партијата предводен од плагијаторот и дилетант Коста Петров, но од друга страна подготвеноста на лидерот на опозицијата му помогна едноставно да го прегази противникот, да го избрише подот во студиото со него. Она што од тој момент е повеќе од јасно дека ако господ те црпне од нива во Муртино и те фрли во политика, од тебе не само што не бива ништо, туку и државата е во сериозна опасност. Сега знаеме зошто човек се чувствува “фригидно”, зошто рибата смрди од опашката, зошто треба да се пие “дијапазам” наместо дијазепам, зошто на човек можеш да му дадеш со сила, како паднале 93 литри во секунда метри кубни на час, како се загадува “ајро” во населбата “Аеродром”. Понатаму дека “brain drain” служи за да ги растресеме главите, а не одлив на мозоци од Македонија и дека Холокаустот “не е само Еврејска традиција”, дека сидрото или анкерот кој служи да го запре бродот, “ќе не повлече напред”. и како во основно уилиште не е научено што е хоризонтално, а што е вертикално.

Секако “но дискасити” за тоа дека Прличев е од Велес. Знаеме зошто нивото на дискусија во политиката падна на најниско ниво, кога поранешниот премиер, секојдевно употребуваше зборови “еден педер” и тоа “како карактерна особина”, “ не паламудите” и “мало сутра” при што покажуваше движење на рака што симболизира полов орган. Вчера таа “ќе” офанзива од почетокот на емисијата се претвори во целосна дефанзива, целосно непознавање и неразбирање на работите во сите области од општествениот живот, а особено во економијата но и во правото, како “Председател за комисија за реформи во правосудството”, несигурност која води до границите на загубеност во просторот и времето. Сега видовме како е тоа, кога знаењето се стекнува со читање на белетристика на “Калинич” пазар во Белград и Горњи Милановац. Сеуште сум уверен дека овие факти им се јасни на нормалните членови на СДС која им ја напрви мултиетничка, освен на бандата околу него која добро се омрси од корупцијата и криминалот и принудува мал дел од членството, да ги подржува, иако ваквото владеење и уништување на државата тешко се оправдува. Однесувањето на поранешниот премиер на дуелот, не треба да се претпоставува.

Тој експлицитно во дуелот си повторуваше “не знам” или “толку знам” скоро за секое прашање. На пример, не знае како го пријавил случајот “рекет”, не знае дали таткото на неговиот советник дебелкото Маричич е во пензија, не знае зошто тој не си дал оставка во време на “режимот”. Не знае дали треба да се стват таблите на албански во сите места ила само таму каде што албанците се над 25 посто и не знае зошто се ставени таму каде што живее сто посто македонскао население, па сега ќе треба да се вадат, иако така не стои во законот, кој треба да се усогласи со препораките на Венецијанската комисија.

Не треба ни да се коментира дуелот бидејќи во него екс премиерот остана со спуштен долен веш од почеток до крај. Дури и лаиците можеа да заклучат дека се работи за “Tabula rasa” и тоа веќе не поминува кај македонските гласачи, а особено не кај албанците.

Од другата страна видовме модерен политичар, целосно подготвен за сите теми, кој со одлучни ставови, документирани и писмено, го третираше противникот како “учениче” и му објаснуваше како во школо, се што не знае и не му е јасно. На пример, му покажа како се поднесува кривична пријава во Јавно обвинителство, за да не манипулира повеќе со јавноста дека тој го пријавил случајот “рекет”. Извади примерок од записникот на Антонио Милошоски каде што тој ги доставува снимените материјали до Јавното обвинителство. На записникот му покажуваше експлицитно како се прави тој, за да биде сигурен дека не поднел кривична пријава. Му го извади и Законот за Јавно Обвинителство кој реформаторот на правосудството евидентно не го знае и му прочита во Член 110 дека доказите до 27.04.17 година ќе се сметаат како докази, а од тогаш како индиции. Но и стручно му објасни дека тоа се регулира со ЗКП, па кога ќе одлучува судијата во согласност со ставовите на ЕСЧП, ако снимените материјали се од јавен интерес ќе мора да ги смета како докази. Така што џабе беа напорите да се донесе на сила Законот за јавно обвинителство. После втората пауза му докажа и дека таткото на советникот Маричич не е пензионер, бидејќи тоа го провериле додека траела паузата, на што овој и за тоа рече дека толку знаел, па последователно на тоа дојде репликата, дека поради тоа и склучил такви штетни договори, затоа што не знае ништо. Без оглед на многуте упатени навреди кон Мицковски, на кои лидерот на опозицијата суптилно му враќаше, не остави неразјаснето ниедно прашање и целосно го разобличи, не му остави да манипулира со јавноста, неаргументирано, како што е научен во наместени интервјуа. Секако крем на тортата беа подароците на крајот на емисијата.

Не верувам дека подарокот на Заев- значката со знамињата на НАТО и Македонија остави голем впечаток на публиката. Но, новчаникот “Луј Витон” беше, што би рекле “priceless” или “бесценет” маркетиншки потег на ПР тимот на Христијан, тој остави таков впечаток, што ќе се памети засекогаш, а тоа што екс премиерот не го прифати психолошки докажува во каква корупција и организиран криминал е замешан за случајот “рекет”, каде се парите од торбата, зошто истрагата тапка во место и конечно зошто не добивме датум за преговори со ЕУ, прашања на кои Заев во текот на целото интервју избегнуваше да зборува.

Колумна на Проф. д-р Александар Даштевски

Коронавирус