Македонија КОЛУМНА

Белата чума од црните политики

Сублимирано, бројот на вработени се намалил за 114.594 лица и бројот на невработени за 50.980 лица.

Белата чума од црните политики

Колумна на Ибрахим Ибрахими, поранешен министер за труд и социјална политика

Сите сме нестрпливи овие денови за заминување на премиерот Ковачевски и назначувањето на Таљат за технички премиер. Чудни денови и чудни одлуки на македонската политичка сцена.

Народски кажано секој ден од лошо полошо. Но искрени да бидеме овие години со доаѓањето на СДСМ не видовме ништо добро, секој ден по некој скандал и секој ден оправдување како ништо да не се случило, тоа за нив се нормални процедури.

Последиците од ваквото нивно работење и резултатите од нивното НЕ работење ќе се чувствуваат на подолг рок. Сиромаштијата која граби со огромни чекори и која во наредниот период можеме да очекуваме дури 50% од населението да биде сиромашно ( во моментот е повеќе од 30% од полулацијата). Со селективни мерки (3-4 месеци помош на одредени категории на граѓани) не се решава сиромаштијата.

Не постои координација и посветеност кон намалување на сиромаштијата, постои само парцијално социјално и економско влијание, кои не се сублимираат и евалуираат како влијаат врз сиромаштијатата. Резултат на тое е 600.000 сиромашни македонски граѓани. Но постои еден друг проблем кој треба сите да не загрижи. Намалувањето на бројот на вработени. Еден податок кој е добиен од страна на Државниот завод за статитика покажува дека во 2019 година бројот на вработени изнесувал 807.362, во 2020 година 789.552, додека во 2023 година  692.768 вработени.

Истовремено бројот на невработени се намалил од 155.432 лица во 2020 год на 105.452 невработени лица во 2023 година. Сублимирано, бројот на вработени се намалил за 114.594 лица и бројот на невработени за 50.980 лица. Или збирно 165.574 лица  Се поставува прашање каде се овие лица кои сочинуваат 9% од вкупното население во Република Македонија. Истражував колку е зголем бројот на пензионери во дадениот период 2020-2023 и тој број изнесува 11.946 лица.

Исто така бројот на лицата кои се починати во овој период (15-64 години) изнеува 9312 починати лица.  На крај резултатот е дека недостасуваат 144.316 работно способни лица. Логичниот одговор е дека  овие лица ја напуштиле Република Македонија што произлегува дека 36.000 работно способно население секоја година ја напуштаат Република Македонија.

Ако на ова додаде и помалиот број на ученици за периодот 2020-2023 која изнесува некаде околу 5600 ќе дојдеме до една сериозна бројка дека Република Македонија е пократка за 150.000 лица само за период од 4 години Дали Владата знае каде тера со нивната ваква политика? За период од 10 година Македонија со ваквото темпо на напуштање на државата би се соочила со 360.000 помалку работно способно население.

Ова треба да биде еден од битните приоритети на наредната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, со цел задржување на работната сила во Република Македонија, создавање на услови ( поголем личен доход, создавање сигурно место за живеење, правилно функционирање на институциите, намалување на корупцијата, исполнување на условите за влез во ЕУ ( но со почитување на достоинството на македонскиот народ) , поквалитетно образование и многу други работи кои оваа влада ги занемари во изминатите 7 години од нивното „владеење“.

Најнови вести од Македонија

To top