четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Колумни

Банда без команда

Банда без команда

Ова е термин од детството кој го користевме за себе или за некои други кои беа хаотични и без компас во дејствувањето, денес ме потсетува на она што е денес нашава бедна и напатена државичка.

Јас навистина не можам да ги сфатам чекорите на Владата и структурите кои ја водат државата. Секој следен чекор е контрадикторен со претходниот. Токму затоа и самиот народ не знае што да прави, токму затоа многумина тераа по свое и не им е гајле ни за правила, ни за мерки. Едноставно, имаат кренато раце од се’, и сфатиле дека се оставени на себе самите.

Како тоа, не носиш вакцини, а сакаш да се справиш со кризата?

Како тоа, велиш дека истите ќе дојдат, а не си ги резервирал на време?

Како тоа, по цел ден цела држава е распашана команда, секој прави кој што сака, но со Короната ќе се справиш со полициски час помеѓу 22 од 05 часот?

Како тоа, не смее народот да се собира и да протестира, но власта може да си организирале локални избори во три општини, и по фиктивната победа да слават со зурли и тапани гушнати?

Како тоа, треба да внимаваме на нашето здравје, а планираме терестријален попис, каде непознати луѓе ќе влегуваат во стотици семејства секојдневно?

Како тоа, имате 17000 луѓе кои работат во здравствениот сектор, едвај се вакцинирале нешто над 5000?

Како тоа почнувате попис, а попишувачи планирате да бидат невработени лица? Кои се нивните квалификации, технички, работни, интелектуални, комуникациски, јазични, за да се справат со овој предизвик?

Како тоа планирате истиот да го почнете, а истите ги немате обучено? Обуката била два дена! Сериозно? Плус без примени вакцини?!  Зарем не мислите дека народот не гледа дека попишувачите ги баравте преку вашите партиски профили, и дека ги немате доволно?

Како тоа купувате вакцини преку посредници?

Како тоа купувате оклопни возила за војската, и тоа за цени далеку од реалните, во време на криза? Место да ги средите касарните, да изградите станови за војните лица и војската, вие ќе плеснете 200 и кусур милиони.

Како тоа планирате да се задолжувате, а веќе не заглавивте до гуша за следните 20тина години, а намената за која барате пари (болницата, тролејбусот и се останато) се уште не ви се сработени, за да се во пред изведбена фаза! Знам, ги барате пред избори за да ги пуштите пренаменети во оптек, нели, така се добиваат избори?!

Како тоа си честитате јавно избор на одредена функција, па се само демантирате?!

Како тоа се јавувате директно од Влада да интервенирате и вршите протекции, па потоа кога истото ќе влезе во документација демантирате, менувате записници и фалсификувате?

Се е ова само гола борба за власт. Нема идеали, нема кауза, нема родољубие, нема ништо. Сирова и сурова борба за власт и фотелја. Стана одвратно да се живее тука. Сфатете дека вака веќе не може. Дека со репресија не може против волјата на народот.

Не, нема да истерате попис. Не, нема да не задолжите до гуша. Не, нема да ја распродадете земјата. Не, нема веќе милионски задолжувања. Не, нема веќе распродавање на идентитет. Не, нема веќе ништо. На народот му збоктиса. Имавме избори среде  лето, со уплашено луѓе од корона, а сега кога има 5 пати повеќе заболени, пак не затворате дома и ќе ни праќате попишувачи? А сето тоа додека вашата квази елита оди по монденски места?! Нема да може повеќе. Толку беше. Ваква „Банда без команда“ ниту била, ниту ќе биде.

 

П.С. Малите партии сакале да одат сами на избори. Може! Ама да се забранат предизборни коалиции, да има праг од 3% и прво да се пререгистрираат и сите самите да си соберат потписи. Убаво би било да се расчисти просторот, затоа што на олку народ 50 партии е смешно. Плус, дел од нив се спремни за трајна пензија.

 

Александар Ристевски

Коронавирус