среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Колумни

Бајрам и Дудуш да ни го напишат новиот закон за ЈО, постручни се од овие „експерти“ што расправаа денес!

Бајрам и Дудуш да ни го напишат новиот закон за ЈО, постручни се од овие „експерти“ што расправаа денес!

Кога гледам кој се учествувал на денешниот циркус наречен „јавна дебата“ за новиот законот за ЈО во Собранието на Република Македонија, кое за 90 отсто од присутните е Собрание на Република Северна Македонија, мислам дека подобро е да составиме тим од Амди Бајрам, Курто Дудуш, потоа овие „интелектуалциве и експерти“ од ДУИ со дипломите што ги фати инспекторот Илиевски, шеф на тимот да биде Заев, како докажан реформатор во правосудството, советник да му биде оној ретардираниот мачкар од Белгија и да ја завршиме работата.

И со таков состав, веројатно ќе добиеме подобар закон од тој што ке го склепаат шарлатаните кои денеска биле во Собрание, од кои, голем дел, учествувале и во сите досегашни закони поврзани со кривично правната материја вклучувајќи го и постојниот Закон за ЈО. Кој ете, не чини.

Патем, ако најдете во тој состав кој денеска учествуваше во јавната дебата, повеќе од двајца кои биле против неуставниот Закон за СЈО, што би рекол нашиот неприкосновен лидер и гуру на шарените револуционери, на шарените новинари и на шарените „експерти“, „еве ти го на…“!

Всушност, не двајца, обидете се најдете и еден од нив кој реагирал на бришењето на Уставниот суд од лицето на земјата (всушност има една таква личност, ама таа е повеќе исклучок која го потврдува правилото), обидете се најдете еден од нив кој реагирал на мешањето на претходната власт во судството, но потоа продолжил со исто темпо да реагира и на местењето на пресудите за Заев, на ослободувањето на убијците од Монструм, на криминалниот избор на Талат, на објавувањето во Службен весник без потпис од Иванов, на диктатот во Кривичниот суд во Скопје што го спроведуваше оној Стивенсон од американската амбасада за што постои и јавно сведоштво (овде посебено молчат „експертиве“ како рипчиња во аквариум кои отвораат уста само кога ќе им фрлиш од хрната), ако најдете еден кој реагирал на молкот на Јовески за сите правни скандали, вклучувајќи го и последниот со сведоштвото на Лиле Стефанова, ако најдете еден кој реагирал дека делото „тероризам“ за 27 април е измислено и дека поради тоа Рускоска, Кацарска и цела таа тајфа треба да бидат испратени да учат малку „солфеж“ во Прилеп (сите овие наши „експерти“ шведскиот Врховен суд ги полеа со соодветни излачувања од човечкиот организам), ако најдете едне од нив кој реагирал за чичкото што ја „допре“ свилената и на ветре развиорена косичка на Шеќеринска и заработи 4 години затвор…, тогаш е во ред, нека дебатираат и за сегашниот закон.

Ама ако нема повеќе од еден, тогаш, што мајка бараат овие шарлатани таму денеска? Па истите можеш да ги купиш со едно патување во Брисел или било каде на запад, со некоја дневница и со еден-два проекта. Ах, да, кога ги праќаш некаде, мораш да им дадеш и пар нови чевли за да не ги кинат своите додека шетаат по тамошните бутици. И сега, тие ли ќе зборуваат, тие ли ќе делат совети за тоа како треба законот за ЈО да изгледа?

Сите тие многу добро знаат како беше сменет Уставот на РМ во Устав на РСМ и какви злоупотреби на обвинителството и судството беа направени за да се дојде до таа уставна промена. И, нормален човек би очекувал од вакви чесни експерти (какви се декларираат), посветени на струката, да протестираат и да кажат дека не може да се оди кон вакви козметики (па и не баш козметики) кои всушност треба да ја здомат криминалната тајфа од СЈО, додека тие уцени и злоупотреби не се расчистат. Односно не вреди да поставите нов тепих, додека не сте го исчистиле подот од ѓубрето кое било буткано под претходниот. Зашто бадијала нов закон за ЈО, ако јавноста има доверба во обвинителството и судството колку што има во тврдењето на оние од Дива Населба дека се невини.

Настрана тоа што ако беше до законот, или тие се неписмени па не знаеле како треба да изгледаат претходните закони за ЈО на РМ (и со тоа не довеле до оваа катастрофа) или не е до тоа. До нешто друго е. Ама, ќе треба да почекаме и да ги раниме овие т.н. експерти уште едно 30 години додека го сфатат тоа.

Всушност, целата таа тајфа таму не е на повисоко ниво од Катица Јанева, Фатиме Фетаи и сличните од СЈО. Да не заборавиме дека повеќето од нив всушност уште гу чуваат маиците со „Чарлиевите ангели“ дома. Тоа е таа тајфа која сега, и според СДСМ и според ВМРО, демек треба да го исфилтрира новиот закон од кој, види ти чудо, ни зависел влезот во ЕУ.

Се разбира, после некоја година истите тие ќе дрдорат во дебата за некој нов закон за ЈО, две-три години подоцна за уште понов… всушност сите тие се еден голем Вучуровиќ, оној тип од Република Српска кој тврдеше дека откако ЈНА и српските и црногорските паравојски во 1991 г. ќе го урнат Дубровник, ќе биде изграден, нов, поубав и се разбира, истовремено и постар Дубровник. За друго што ти е гајле. Важно тезга да има.

А, ние, обичните смртници, треба да го голтенеме и ова и да веруваме дека од утре, благодарение на нашите политичи лидери и експерти, лебот и солта ќе ги замениме со леб, мед и млеко. И така е, од првата промена на КЗ во 1996 година и првиот Закон за ЈО, па до денес.

Дарко ЈАНЕВСКИ за Денешен