среда, 2. декември 2020. Вести денес: 172
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Колумни

Антинационални патолошки лажговци во време на корона

Антинационални патолошки лажговци во време на корона

На лагата и се кратки нозете. Ако не верувате, спомнете си само на сликата на Зокија на дуелот во Канал 5, кога со палета му го дигаа столчето за да го изнивелираат со опонентот…

Арно ама, проблемот да ти бил помасовен. „Кратки ноџиња“ да ти имале сите околу него, скроени по црпнатиот лик на лидерот. Уште поинтересен феномен бил фактот што најсличен дизајн имал еден јаничар, потписник на една преспанска капитулација. Ко калапен бил со Зокија. Тотален копи-пејст.

И тој пустиот лесно се препознавал кога лаже. И него, исто ко Барон Муртинхаузен, сте го познавале по тоа што му се мрдале усните. А мрднат, излажал…

И така, двајцата веќе две години си лажеле дека сме добиле датум за преговори со ЕУ. Дека сме блескале. На секое поле. Лажат и сега. Абе корнат, трас-трас… Уште од онаа незаборавна фотка во авионот владин кога насмејани се фаљотеа дека сме добиле нешто што и ден-денеска го нема.

Само една работа нешто и не е баш јасна – како тогаш Бугарија може да условува нешто што демек сме го добиле? Логиката вели дека условуваш нешто што тек треба да го добиеш, нели?

Некој тука опасно муља, а уште поопасно е тоа што Нино од Димитрови и Зоки од Заевци криеја месец дена дека датумот непрокопсан ни е условен со јазикот ни македонски. Ко змија нозе, па макар и кратки од лагата им биле, криеја ли криеја. Ни зуц за уцената безобразна софијска.

Неминовно, ви се наметнува една дилема. Познавајќи го ликот и неделото на спомнатите чеда возљубени во манипулациите и антинационалните им дејанија од блиското минато, да не некој нешто подготвувал, па ќутел и криел затоа што нешто планирал?

Да не не случајно, некој молчел што Бугарија бара јазикот да ни стане северномакедoнски? Ќутел ли некој што историјата станала средство за пазарлук? Случајно, да не сакале ловците во матно во овој најматен период со короната да протнат нешто, да го искористат моментот на страв од вирусот, вонредната состојба, полицискиот час и максималните им овластувања за да ни го скројат и јазикот, башка историјата?

Не би ве зачудиле, нели. За жал. Имајќи предвид со кого си имаме работа, имајќи на ум како го сменија името на државата, ниту ова не би било никаков проблем за следбениците на блескавиот муртинец кој има неоспорна дарба симултано да танцува, тресе зелени и да лаже ко навиен.

Јазик, ту, ту, ту, па ним им битно да добиеме датум, нели. Историја, цццц, „мање важно“, што би рекле извршителите од екс Бихаќка. По секоја цена, нејсе што после може да преговараме со децении, нејсе што по коронава ЕУ може и да ја нема, битно тие да имаат со што да се фаљотат и со што кампања да тераат.

А ако очекувате скрупули и каков да е осет или чувство за националните светии од овие лукративно скроени анационални битија, многу сте се зезнале. Во визијата на врховниот им бог Сорос, нема нации, а историјата е мана, непотребен баласт од минатото.

Да, кривинашите дефинитивно се на прав пат. На прав пат да го уништат она што некој со векови го создавал.

Има ли нешто побезобразно и подегутантно од патолошки лажговци во време на корона?

Има.

Антинационални патолошки лажговци во време на корона…

Коронавирус