среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Колумни

Антикризни мерки, ВЕДНАШ !!!

Антикризни мерки, ВЕДНАШ !!!

Почитувани читатели доколку се видат  сите економски показатели како БДП, слабата реализација на капиталните инвестиции, падот на градежиштвото и тн  повеќе од јасно е дека оваа влада воопшто нема концепт за водење на економијата. И како што бројките никогаш не лажат така сметам дека периодот што следува  е пресуден за македонската  економија.   Во некој случај не сакам да бидам лошиот гласник но и  во претходниот  текст што го објавив пред една недела во кој објаснувам зошто ќе се случи колапс во текстилната индустрија  каде и понудив можни решенија во поглед на решавање на таа криза која се случи , и сега исто така  моја желба е да предупредам за тешкит пат пред кој е исправена македонската економија со цел да понудам одредени решенија за истата.

Денеска сме сведоци дека законот и економсмите мерки што ги донесе владата имаат катастрофално негативен ефект врз сите сфери на економијата и секако приливот на инвестициите.  Килавоста на оваа влада да се фати во коштец со проблемите и предизвиците на економски план вешто се задскрива со замајување на  јавноста со даден фокус врз непристојната понуда за промена на уставното  име на државата. Што е уште пострашно и потрагично е големата лага која се пласира врз граѓаните на Република Македонија  дека доколку се смени името на државата работите ќе тргнат на подобро на економски план додека паралелно се случуваат тектонски пореметувања во економијата од невиден размер  што се плашам дека ниту Европа нема да може да ги реши. Имено,Власта упорно сака да креира една лажна перцепција дека доколку станеме  членка на Европската Унија некој со магично стапче ќе ги промени работите на подобро и сите ние ќе станеме богати и нели сите  проблеми ќе исчезнат што е секакомногу далеку од реалноста.

За катастрофалната ситуација во која е доведена македонската економија одговорноста не е само на Владата. Има и други институции кои треба да бидат коректор на неодговорното владеење на било која влада заради интересот на државата и граѓаните кои живеат во неа. Така на пример се прашувам  каде се стопанските комори да информираат што се случува на терен? Понатаму, каде се научните институции и МАНУ, универзитети и разни тик-тенк организации? Што се однесува до мене  согледувајќи ја моменталната состојба времето за реформи и реформски закони одамна помина односно веќе е доцна! Помина една година во која владата имаше време да се занимава со економски мерки и проекти но тоа не се случи. Со последните објавени економски идикатори како растот на БДП за првиот квартал од катастрофално ниски 0,1% најниско во регионот и Европа , пад на градежништвото за скоро 50 %, поразителна реализација на капитални инвестиции во првото четиримесечје од под 11%, може слободно да објавиме тотална економска капитулација.

Во овие тешки моменти никакви реформи, закони или млитави владини предлози нема да можат да и помогнат економијата која за само една година е целосно урнисана и дише на помошни апарати.  Било каков обид од страна на владатаво овој момент во делот на легислативата се плашам дека ќе направи уште поголем негативен ефект врз економијата.

Единствено решение во овој тежок момент е детален и опширен сет на  антикризни мерки во сите сектори на економијата со цел да се раздвижи.  Вице – премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев под итно треба да прогласи капитулација и како морална одговорност да си даде оставка  поради својата неспособност да го води секторот за кој беше назначен како и неговите соработици и колеги Министерот за финансии, економија и транспорт и врски.

Доколку треба да се подржи со факти мојот став дека овој тим воопшто ништо добро не и донесе на економијата тогаш предлагам да почнеме по ред. Прво, градежништвото е во слободен пад, тоа го говорат и сите податоци кои се објавени на Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2018 се издадени 211 одобренија за градење, што е за 45.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Исто така според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775 469 илјади денари, што е за 61.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Затоа  владата треба да формира итно антикризен штаб што на дневна основа ќе ја мониторира работата на министерството за транспорт и врски со цел да се придвижат сите стратешки градежни проекти. Доколку министерот не сака и не може да потпишува предмети истата функција да биде делигирана на друг член од владата. Потребен е исто така дополнителен тим на локално ниво кој ќе биде задолжен за убрзување на процесот за издавање на градежни дозволи во општините. Понатаму, итно рестартирање на капиталните инфраструктурни проекти , патишта, железници, гасификација, водоводи, канализации. Неприфатливо е и налудничавое  градежниот сектор да падне над 45 %. Ваков пад на овој сектор немаше ниту во времето на конфликтот. Главната причина за овој пад и стагнација е неспособноста на владата и секторот задолжен за тоа поточно Министерството за транспорт и врски.

Дополнително, итно да се убрза буџетското трошење однсоно секое министерство да почне со реализација на сите капитални проекти во најкраток можен рок.  Ова го кажувам поради фактот дека буџетското трошење е огромен стимулатор на економијата. Слабата реализација од само 11 % на капиталните инвестиции е само по себе огромен фактор кој негативно влијаеше врз катастрофалниот раст на БДП од жални 0,1 % во првиот квартал во 2018 година.Јас не познавам ниту една модерна економија во светот каде некоја влада потфрлила толку многу во делот на реализацијата на буџетските трошења а притоа да не сноси никаква одговорност.

Под итно Владата треба да направи акциски план за итна реализација на проектите според буџетските ставки. Ако владата се фали дека има зголемена наплата на даноците и притоа руши рекорди тогаш прашањето е каде завршуваат тие пари? Каде се трошат народните пари ако не одат онаму каде што е  предвидено со закон а тоа  е буџетот (Буџетот на Република Македонија е на ниво на закон). Поважното прашање овде е кој ќе ја сноси одговорноста за наплата на средствата од граѓаните додека истите да не се потрошат таму каде што  биле наменети според буџетот. Ако веќе одиме по логиката на СДСМ а тоа е  дека собрале рекордно средства од даноци, тогаш каде се парите на граѓаните?

Оваа влада створи многу горливи проблеми и за текстилната и кожарската индустрија. За таа цел следнот чекор на владата треба да биде испратена покана до  овие луѓе итно во Владата со цел да се изготват пакет на антикризни мерки за да се спречи затворање на производствените погони за да се спречи спиралниот и домино ефектот кои овие индустрии би го предизвикале доколу не им се пружи помош. Во овие сектори потребни се итни сет на субвенции како за работниците така и за работодавците.  Неколку примери како да се помогнат се кредити без камата како и директни субвенции и даночно ослободување. Ова се само сет на мерки и мал индикатор во кој правец треба да се стимулира и движи оваа индустриска гранка.

Исто така итен стимул е неопходен и во рударството. Компаниите кои работат во овој сектор да се ослободат од концесиски надомест оваа година со цел да се стимулира реинвестирање на средствата во проширување на производството што би имало огромен позитивен ефект врз оваа дејност. Итно да се престане со хајката против рударството како дејност и лошата медиумска кампања против отворање на рудници. Со ова не сакам да алудирам на намалување на еколошките стандарди или критериуми напротив процесот треба да биде спороведен според најновите и современи технолоии. Вонсудско решавање на покренатите арбитражи против Македонија во делот на рударството: Фени, ТЕ-ТО како и да се изнајде трајно решение за Југохром. Владата и вице-премиерот да не се мешаат во стечајните постапки како и судиите да не подлегнуваат на предлозите од владата. Да се работи по закон и правила за стечај.

Заради слабите резултати во привлекувањето на инвестиции итно реаkтивирање на стратегијата за странски инвестиции.  Да се ангажираат вистински  професионалци во овој процес.Финансискиот модел и симулација за поддршка на домашните и странски компании и веднаш  да се врати. Концептот за промотери и агенција за странски инвестиции односно спојување со ТИРЗ да се реорганизира во функција на сервис за странски и домашни инвестиции  е исто така мерка која оваа влада треба да ја примени. Додатно,децентрализација на можноста за давање на државна помош на општинско ниво за домашни и странски инвеститори со строго определени  правила.Изјавите и тезата на владата дека во земјава има рекорден број на инвестиции е резултат на незнаењето на владата во разграничувањето на инвестициите од зголемување на основен капитал  кај повеќето постоечки инвеститори кои немаа распределено добивка поради најавата на новите економски мерки кои се лимитирачки. Реалната и тажната вистина е дека нови инвестиции нема додека мој совет е Владата да научи да ги интерпретира финансиските показатели и индикатори. Македонија од лидер во Европа во делот на инвестиции за само 12 месеци е на апсолутно дно.

Владата под итно да ги објави економските предлози од страна на Грција во предлогот на мерки за соработка кои ќе бидат дел од идниот договор а добрососедство.Исто да има итна дебата на национално ниво за сите мерки кои би имале  било каков економски ефект. Потребно е владата сериозно  да је преиспита одлката за конверзија на нафтоводот во продуктовод. Доколку оваа одлука помине 2300 превозници во Македонија ќе останат без егзистенција.

Во делот на металургијата никој несака ни да зборува, потребен е итен состанок со сите металуршки компании со цел анализа на влијанието од санкциите на САД кон Европската Унија. Македонската метална индустрија е дел од европскиот систем и индирекно мерките од страна на САД имаат негативен ефект врз македонските производители. Доколку ситуацијата не се промени во рок од 2 до 3 месеци сите гоелми металуршки компбинати во Македонија ќе бидат присилени да затворат. Овој сектор е еден од најголемите и доколку дојде до затварање на неколку поголеми компании кои се зависни од санкциите само во Скопје ќе останат без работа околу 5000 луѓе ангажирани директно  и индиректно во овој сектор. Владата мора да донесе посебен сет на мерки за овој сектор доколку сака да ја зачува индустријата во Македонија.

Што се однесува до земјоделието без одлагање потребно е донесување на сет на мерки со кои ќе се заштити домашното производство а притоа би се стимулирал извозот. Во овој период посебно осетливо е земјоделието и поради тоа владата мора да се потруди да креира решенија за секоја гранка посебно. Итно треба мерки за житариците, градинарството, овоштарството. Сточниот фонд за една година е во слободен пад и потребно е исто така да се донесат мерки за поттик и на овој сектор.

Сите овие мерки кои се споменати погоре во текстот се само минорен но многу значаен дел од активностите кои треба и мора да бидат превземени во наредниот период без минута чекање. Еве подадена рака и конкретни решенија со цел да се заштити економијата и државата која за нецела година успеавте да ја урнисатеи уназадите.

ПС. Господине Азески која е целта на постоењето на Стопанска комора доколку таа комора не го штити интересот на бизнисот а притоа не зборувам за 5-те компании кои соработуваат со власта и ги користат сите можни бенефиции. Ваша задача е да го штитите бизнисот во глобала.