понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 4
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Ало, врзете ги некрофилите…

Ало, врзете ги некрофилите…

„Пискотници се слушаат од екс Бихаќка до ридот над река, што тешка несреќа ги збра и јуришниците, и стратезите, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?“

Го молам понизно Глигор Прличев, нека ми прости за злоупотребата на „Сердарот“, ама со смена на само неколку зборови од неговата безвременска поема, сликата современа толку добро се доловува… „Скроз“. Да, истиот оној Прличев кој сега без проблем го продаваат на Бугарите токму оние што пискааат и зла коб и тажна ека по медиумите истураат.

Ама работава се претера луѓе, отиде во ПМ и назад за само 10 дена техничка направија… Малку ги здрмаа од доходовните им фотелји, а толку зло и повраќаници од себе извадија јуришниците на копче и дел као демек „новинари“ што изиграваат. А ден на терен немале, од „роѓење“ колумнисти станати, грејт сексес што би рекол Борат…

Факт е, купишта жолчна маса деновиве ко лавина се изли по македонскиот интернет и етер. Се изначитавме грдотии до бесвест. А што ќе следи како изборите ќе наближуваат, а со тоа и крајот на нечија кариера? Тик-так! Башка и слобода? На страна и фондови, тендери, пари итн. итн. итн.

Ууууу, страшна пизма ќе се истури од грлата хејтерски, толку оксиморонски полни со демократија и човекови права. Оти, вистината била поинаква. Јап, мада по рецепт ала д-р Џекил и другарчето му Хајд довчерашните „бранители“ на човековите права се демистифицираа. До „коске“ се соголија. Абе, испаднаа човекојадци да ти биле, а? Упс, а толку многу ги сакаа луѓето, ама по вкусот на мевцето изгледа. Фер, не оние од нивното „племе“, затоа што мразачите кои нон-стоп контра поделби верглаат, по навика најголемите поделби меѓу народот ги внесуваат.

Епа, да, тие сегрегатори вични и вечни навистина да ти ги сакале луѓето. Њам, нели. Исто како разликата меѓу педофилот и педагогот, и нашиве „филантропи“ – не мизантропи (тоа е мал збор за „нашиве“ чеда возљубени во фондовите, проектите и парите), туку некрофили да ти биле…

И така наеднаш, технички „изазваним“, питбуловите се одврзаа и го изблујаа она што мислат, она за што се створени, она што им прилега. Ко саливено…
А, им стои, ама фантастично. Им стои оти влада им паѓа, ццццц…

Можете само да замислите колку на некрофиливе им било тешко минативе три години?

Колку мака виделе 36 месеци пусти, додека на власт беа, со устињата со заштита подврзани. Иако, да не се лажеме, и тогаш од време на време гнасотилаци истураа, ама со парите ала дијазепампче смирени, далеку од своето „најдобро“ творештво беа. Ќути, што само три години издржаа Зоки и компанија, да беа повеќе, хејтерчињава од мака ќе пукнеа, ќе експлодираа ко мистер Криосот во Монти Пајтон. Да, и вака едвај додржаа срцките.

За греота, ќе рече некој, абе запчињата им отапеа, па мораа по пет-шопови гумени играчки за гризање да купуваат, лажејќи дека за љубимецот домашен се таксани.

Само, едно ме интересира, ако по утрото денот се познава, кога ќе дојде крешчендото на 12 април, што тогаш ќе прават? А уште подобро, што по 12-ти април? Затнете уши и и врзете очи за нивните дејанија, обавезно.

Оти, ова што го гледаме од човекојадциве разбудени е само увертиричка на грдотијата која следува. Дарбата им непрокопсана „тек“ ќе се изнедрува од нивните жолчни вилици и полни со омраза мозочиња. Да, тие немаат ни сиви ќелии, црни се. Кај нив се’ е во знакот на оваа боја… Ок, и во знак на зелената де, како синоним за парите, фер…

Да, ќе чуете како Дерала се издерава паралелно со оној кој тера се у Тричку лепу материну, па друг „независно“ сипа Богојевци у опозициску осовину, трет најавува враќање на „режими“, четврта јоца-јеца оти сонила кошмар со Грујо, петти од само двајца министри сневидел, шести од заменици технички бессоница фатил. Тууу, маки невидени по саде 240 часа минати…

Јако, а замислете тек со сите министри „неподобни“ во идна, нетехничка влада што ќе биде, а? Бррр, хорор во најава, асли. Ни Стивен Кинг не би се нафатил то да напише, ни Карпентер то да режира, јок, премногу е…

Затоа, сега барем уживајте, драги мои, оти овие изливи некрофилски сега-засега се’ уште се само инцидентни, блиц-пројави на нечии и онака искривени умови, тешете се и замислете што не’ чека по 12-ти април. Блујаници во најава…

Или, најдобро, ставете ги на игнор и оставете ги да си лаат. Башка што така без ефект ќе пукнат од мака, башка од хигиенски причини, нели.

Ќе отрпнете де, пак, па 11 години претходно ги слушавте и гајле немавте, периодот на нивната хејтерска иницијација го засведочивме, ги израснавме во асли хејтери и дочекавме ко стари, добро познати хејтеришта да ги видиме.

Баталете ги, не вредат ни за спомнување професионалните лајачи, водени од максимата „подобро жив кукавица, отколку мртов херој.“ Колку и да ги бива за черечење и кинење кокичиња, пролетта ајваните нема да ја спречат.

Нека си лаат, проблемот е што додека тие лаат, државата наша си врви. Нека не ве дефокусираат од целта, не им го правете ќефот и не занимавајте се со тоа што и каква грдотија и повраќаница некој од нив истресол од себе. Има многу поубави работи во животот. Секако, за оние што го имаат.

Тажната вистина е дека се започнува со едно лаење, а останатите стотина само лаат по првото…

Коронавирус