понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 0
home Колумни

Алармот не само што е вклучен туку и силно одекнува

Алармот не само што е вклучен туку и силно одекнува

Десетици илјади граѓани, стари, млади, машко и женско излезе да каже и да порача на владата доста е, доста е на економскиот и политичкиот пустош во државата.

Алармот не само што вклучен туку и силно одекна. Народот е незадоволен, државата оди во погрешен правец, а Македонија е на нозе.

Народот излезе затоа што го потценија, омаловажија, затоа што си поигруваат со неговите чувства, и затоа што не се плаши, и покрај сите прогони, притисоци, закани. И треба да знаат колку повеќе се закануваат, толку ќе стануваме побројни. Затоа што кога сакаат да го навредат дека излегувал за сендвичи, за некакви пари, народот знае дека излегува затоа што му е тешко и државата се фрла на колена.

Овој огромент протест доаѓа на само една година од катастрофалното владеење на СДСМ, на политички хајки и процеси. Народот испраќа порака која власта може да ја омаловажува, да ја деградира и да се обидува преку разно разни спотери и изјави да ја намалува нејзината важност, но тоа не ја менува суштината дека Македонија е будна, и народот е свесен за тоа што се прави. Народот е пред се незадоволен, затоа што сакаат да го измамат, затоа што не живее подобро, затоа што сакаат да го украдат достоинството, да се испазарат за нешто што нема цена, честа на оваа земја. И затоа секој граѓанин треба да си верува во себе. А во срцата длабоко знаат дека Македонија пополека ни се одзема.
Во моментов нема друга политичка опција која има по јасни ставови од ВМРО-ДПМНЕ за името и што е поважно тие се конзистентни и со нас граѓаните знаат на што се кога станува збор за ова прашање. Не смее да се случи пазар со достоинството и честа на народот. Владата има обврска пред се и над се да се води од интересите на Република Македонија, а не да се пакува договор за капитулација.

Ова беше година на назадување, лаги манипулацции, плати кои не се качуваат, пензии кои не растат, економија која крахира. Од економијата само ги интересира криминал. Градежништвото паѓа, помалку се гради за 45 осто, државниот долг е најголем до сега, платите не рaстат, младите си заминуваат од државата. Прават вештачка слика за странски инвестиции каде бројат ново отворени меркети и бензиски пумпи, а не фабрички погони. Ја залажуваат јавноста затоа што неумеат поинаку.
После реките народ кој дојдоа пред владата Власта е разнишана, и нема ништо да биде како порано. Се враќа вербата во народот, оној за кој мислеа дека ќе седи дома и ќе биде депримиран, за што водеа и посебна кампања. Но тоа не им успева, затоа што македонците си ја сакаат својата држава. Граѓаните на Македонија имаат поголема свест за тоа што се случува, од тие што се во Владата.

Секогаш кога оваа држава била доведена во ќорсокак, одговорот е во народот, во неговиот глас кој е вистинскиот патоказ, и во тоа цврсто верувам.
Затоа ова лето ќе го биде работно за ВМРО-ДПМНЕ меѓу народот, по градовите и селата, малаата и улиците, на терен меѓу народот, да ги слушнеме неговите потреби, и неговите барања. Ќе чукаме по портите на домовите, и ќе разговараме со луѓето. Тоа ќе ни помогне во пишувањето на нашата програма која ќе произлезе од народот, затоа што знаеме дека може и мора подобро, може и мора подобра економија и повисок стандард, надеж за младите, повеќе работа за луѓето и подобар живот и затоа што само така Македонија ќе победи!!!!!!!