понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 138
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Ако сакаш подобро здравство, оди на новиот паркинг!

Ако сакаш подобро здравство, оди на новиот паркинг!

Ајде малку за оние со слабо помнење. Со години зборуваме за подобро здравство, подобри услови и за пациентите и за здравствените работници. Врвот на здравството преставува Клиничкиот центар во Скопје. Тука се третираат најтешките и најсложените здравствени проблеми, тука работат најдобрите доктори.

Од независноста освен неколку интервенции на Хирургија, Педијатрија, Стоматологија, Максилофацијална, јас барем не помнам дека имало. Има објекти и 90 години стари. Единствено нова е Гинекологија, а и таа се градеше над 10тина години, со еден куп скандали и утки додека не се стави во функција.

Претходната власт на ВМРО ДПМНЕ реши да направи голем чекор. Реши да го расчисти просторот, да сруши еден куп објекти, да изгради една централна зграда која ќе се поврзи со Хирургија, Гинекологија и неколку други објекти, ќе изгради две катни гаражи и ќе направи една квалитетна интегрирана болница.

Самиот комплекс ќе се растеретеше, ќе се кренеа условите и стандардите, ќе имаше околу повеќе зеленило, простор за автомобили и ќе се купеше простор за размислување за градба на нов следен клинички комплекс некаде на периферијата, а овој ќе беше нова Градска болница или Клинички центар пред се за итни интервенции и со дневни болници, додека потешките случаи еден ден ќе се третираа во тој некој иден нов комплекс.

Пред три години целата постапка се прекина. Парите добиени од кредитот се вратија, тендерот запре, нема градба. Се вети Клинички центар прво во Визбегово, па се бараа еден куп локации, за да на крајот решат дека истиот ќе го граделе на излезот од Скопје на самиот автопат, близу до Кондово, кај Сарај. Истиот ќе бил над ПОЛА МИЛИЈАРДА или 500 и кусур милиони евра. Истиот после три години го нема. Не се гради, нема финален проект, нема пари, нема ништо.

Доколку оној претходниот почнеше да се гради, сега на истиот ќе се вршеа завршните работи. Ќе се средуваат инсталациите, електриката, ладењето, греењето, ќе се носеше опремата и ќе беше во финална фаза. Македонските градежни фирми ќе лапнеа голем дел од колачот од тие 120 милиони евра како под изведувачи.

Прашање на време ќе беше кога десетина стари згради во Клиничкиот ќе беа срамнети со земја и самиот комплекс ќе дишеше. Ќе имаше повеќе дрва, пешачки патеки, се комплет. Колите ќе одае на катните гаражи, ќе имаше ред.

Сега имате паркинг. Навистина, прекрасен паркинг. Секоја чест. Но, таму требаше да се крене зграда од цели 50.000 квадратни метри, а паркинг местата ќе ги имаше истите и повеќе во подземната гаража. Ќе имаше среќни доктори и медицински персонал, среќна администрација, среќни пациенти, ќе имаше ред, систем, контрола, услови, стандарди, како секаде во светот.

Сега имате паркинг! На здравје! Паркирајте се!

 

Александар Ристевски

Коронавирус