четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Колумни

Ако е Северна, нека е Кореја

Ако е Северна, нека е Кореја

Замислете, МВР и ОЈО најавуваат пријави и истраги за навивачите кои ги навредувале државните функционери со компромитирачки слогани за време на пречекот на европскиот ракометен првак Вардар на плоштадот „Македонија“.

Повторувам. Компримитирачки слогани!

„Основните јавни oбвинитeлcтвa ќе ги следат сите информации и ќе преземат aкција се додека случајот од Министерството за внатрешни работи како овластен opган за идeнтификaција на лицата кои го извршиле кpивичното дeлo конкретно ги потврди сторителите на кpивичното дeлo“, соопштија од ОЈО.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на идентификување на учесниците во тoлпaтa која скандирала. Нагласуваат дека станува збор за компликуван и обемен материјал за обработување со оглед на значителен број луѓе кои едногласно пеат.

ЕДНОГЛАСНО!!!

Да бре!!! Пеат!!!

ЕДНОГЛАСНО!!! 100 (и со зборови, сто) илјади грла кои ги извикуваа имињата на своите херои, нешто што никогаш, ама никогаш нема да го доживеете и осетите на своја кожа. Сакате да знаете зошто? Едноставно е. Не сте никакви херои. Ниту пак ќе бидете. И помирете се со тоа.

Сте се запрашале ли зошто е тоа така. Сакате да ви помогнам? Еве ви упатство:

Ајде сега земете си го прстот… полека… ама навистина полека… не сакам да си го повредите вашето нежно функционерско прсте… и ставете си го на чело.

Земете длабок здив…

Размислете…

Издишете…

Помогна?

Ако не, можеби, грешката ви е шо прстот си го ставате на чело. Пробајте на друго место, така барем ќе сте позадоволни.

Не помогна ни тоа? Тогаш слободно може да пробате да си ја удрите главата од ѕид.

Ако не го направивте последниот чекор тогаш ги читате и овие редови па да си продолжиме, како што си е редот.

Знам, ве боли оваа победничка атмосфера. Ќе ви кажам и зошто. Победничката атмосфера е уште една работа што никогаш нема да ја донесете и овозможите на својата држава и својот народ. Искрено, нема да не разочарате. За да се разочараш од нешто треба да имаш некакви очекувања. Ние немаме, апсолутно баш никакви, ама никакви.

Премиерот ни наш пред извесен период даде изјава дека ја примил пораката од народот. Да, сега увидовме дека ја примил. И најважното, видовме и на кој начин. Сега фино лепо во еден демократски дух таа ќе се рефлектира во форма на кривични пријави. Навистина демократски, нема што. Ако е Северна нека е Кореја.

Еве, јас пак имам пар прашања.

Зошто ниту еден висок функционер не беше присутен на прославата, зарем се плашите? Од кого се плашите? Од својот народ? Или од оној за кого дојде „живот“?

Кога сме веќе кај „животот“ еве и јас, по цели ноќи не спијам. Стварно, глупо е сеа коа дојде живот да спиеш. Во потрагата по „живот“ се откажав и од многу работи. Најмногу од утринските дилеми. Од оние дали да биде под туш или во кревет. Или пак и двете…

Фор д рекорд се уште не го најдов…

Но, еве кога сме кај „животот“ малку и да се пошегуваме. Вицот оди вака:
Македонец фатил златна рипка
-Пушти ме ќе ти исполнам…
-Сакам да дојде „живот“ у државава
-Спржи ме те молам

За волја на вистината дојде живот, додуша само за одбрани перјаници од власта, ама за тоа во наредната лика и прилика.

Другари од Илинденска бб, послушајте: Шампион на Европа е за тотален респект без разлика дали Вардар ви е симпатичен или антипатичен. Оваа историја никој не може да ја избрише ниту пак да биде одземена. Доста му е на овој народ секој ден да пие кафе восхитувајќи се на туѓата храброст, а истовремено потиснувајќи ја својата во талогот од истото кафе. Не можете да ја одземете или киднапирате радоста за храброста и успесите на македонските херои, а најмалку имате право да казнувате за тоа.

Се си има свој крај. Освен стапот. Тој си има два.

За крај, еве како ечи комитската химна од сто илјади македонски грла:

“Црвената е за крвта врела,
за македонски градови села
А црната е за тој што жали
За гоцевите идеали”

ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ, ЕДЕН ВАРДАР!!!

Предраг Кукиќ