вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 35
home Колумни

Ајде, по коронава, да ја извадиме од карантин и МАКЕДОНШТИНАТА

Ајде, по коронава, да ја извадиме од карантин и МАКЕДОНШТИНАТА

Велат, секое зло за добро.

Епа, ајде ова короноидно зло наметнато илјадници километри одовде, да ни помогне преку пропратната карантинска осаменост и размисла, да сфатиме кои сме, каде сме и што е најважно и најбитно за нас,  зошто сме. За оние што го забаталиле, да го спознаат пак оној македонски и личен микрокосмос.

Ајде, онака „на еден трошок“,  да се свестиме и да го баталиме и разурнеме ова исто така наметнато од илјадници километри друго, антимакеодонско зло што не наваса.

Никогаш повеќе да не ни се случи ова што се случи минативе три години.  Било, па поминало, лоша епизода, хорор прикаска, така да се сеќаваме на овие години на кијамет со Зокија и сдсссовската бизнис кооперација…

Eвтино сценарио со уште поевтина прикаска за продадените, изгубени душички кои тмурно блескаат ли блескаат во сопствениот микрокосмос на екс Бихаќка.

Арно ама, тие истите да ти биле многу проѕирни, транспарентни ко што милуваат да кажат, не оти знаат дека зборот значи провидни, проѕирни де, скроз…

Мина и 27 април 2020, за светот 2020 години од раѓањето на Христа, и за Македонија, но за државата која ја знаеме тоа се и три години по погромот врз македонштината. Која ја знаевме, ама очигледно, ја забаталивме. Скроз, или сосема, ама факт си е факт…

Последните изблици на македонштината, искрени и нефингирани, беа токму на тој датум, 27 април 2017.година, После нив, се беше само фарса, „намештаљки“ и каљање на истата таа македонштина. Факт. Неприкосновен…

Мина и 27 април, па откако се изнапејаа албански химни во Парламентот, им дадоа изим од Меџународна и името да ни го сменат без изим на народот, ни сменија и устав, наметнаа идиотска двојазичност, имаат ниет и историја да ни менуваат, а по најново и јазик и идентитетска припадност, ама скроз…

Ако не верувате, прашајте го Бојко Борисов. Или подобро Заев…

Епа, короната, која за некого од СДСССС беше бомбона бизнис, минува. Така барем велат тие истите биљмези кои ни наместија ултра економска криза која не очекува за некој месец. Е сега, владејачите исплашени од последиците на сопствената неработа толку насушно сакаат да имало експрес избори пред тој ист месец на бездна и пропаст, кој безидејните непособњаковиќи ни го стокмија, да ни се случи.  Или „деси“ де,  по нивно.

Арно, ќе мине и кризата, ќе мине и короната, што не сме минале и „прележале“ ко Македонци, само со помалку жртви да минеме, не благодарение на супермен Венко или чуварот на Зокиевиот трон, Оливер. Ќе мине, и ќе излеземе од карантинот, ко целиот свет.

Ама, ајде да не излеземе национално голи и боси ко што влеговме во карантинов од КОВИД 19 наметнат.

Ајде, за промена, да ја извадиме од карантин и македонштината која чмае ко во онаа прикаската за кубурот, чуван за црни денови.  А тие, поцрни здравје, пропратени со мрачен блесок  на Заев и бизнис кооперацијата му.

 

Оти, лавот во саваната преживува само на еден начин.

Не ако глуми дека е крал.

Туку, ако се однесува како крал…

Така било и со народите. Преживуваат само на еден начин. Не ако глумат дека се народ.

Преживуваат, само и само ако се однесуваат како народ.

 

Затоа, ајде да излеземе од карантинов и повторно да бидеме она што сме. МАКЕДОНЦИ.

Ништо повеќе, ни помалку…

ЕУРО 2020

Македонија